Кано џабе? Ова твоево е нели различно како што те сфаќам..ти си била преку фондот на патолошка а не на терет на фирмата?
Ме испоизвади од памет само кога ми кажа така ама на крај де разбравме што било работата и сега не ни вадам ќе си терам со потврда џабе ми е малтретирањето
Чим е волен газдата да ти дава плата а да не одиш на работа супер. Мерките за плата им беа за април мај јуни . Бар се спасивме од жештиниве ја до лекар не можам да отидам да требаше да одам на работа стварно не знам што ќе правев
И јас тоа викам да би требало по жештиниве да одиме на работа тешко нас им се дивам на тие што одат и што можат да издржат, јас два саати во едно место не можам да издржам,а не па некој 8 саати па плус и со луѓе ужас
Референтинте вредности за хемостаза се разликуваат во бременост или исти се? Проверував, во ред ми испадна ама не ми беше упатот за бремена. Па си викам, да не се други референтни, ко што е кај Д димерите? Ај некоја ако има нека сликне и нека испрати, плис.
Исти се од 0-500 пишува сегде само по приватниве ако правиш пишува колку е за небремени и за бремени по тромесечија
Кај Македонка сум јас , јас а прашав оти секој пат кога одам таму се некој со извештај иде за боцки , и ми кажа тек по 24 или 26 недела ќе провериме првпат
Здраво идни мамички Јас веке 6 месеци сум дел од една друга тема ама се вратив да ви раскажам нешто за почетоците гледано од овој аспект Верувам дека секоја една од вас во рамките на своите можности сака на своето бебе да му пружи максимум од секоја па и од финансиска гледна точка А доколку ова бебе ви е прво верувам хаос ви е од табели на кои се пишува што ви е "неопходно" и колку тоа чини.... Па баш со оваа причина се вратив да ви пишам некој ред гледајки од овој аспект Доколку и на една од вас ова и помогне јас ке сум срекна *Знам дека голем дел од вас не сакат бебето да им носи големи облеки ( како и јас) но верувајте дека 50ка е сосема не потребна па дури и 56ки..... Земете нешто 56ка а поголемиот дел од облеката на вашето новороденче нека почнува од бр 62. Ке се зачудите колку бргу вашето бебе и овие ке ги надрасне *НЕ НА ВАШЕТО НОВОРОДЕНЧЕ НЕ МУ СЕ ПОТРЕБНИ ФАРМЕРКИ во тој контекст ако баш сакате да купите кѕпете ги барем за 3 до 6 месечно бебе тпгаш може и ке имате фора да му/и ги облечете *Не секогаш тоа што се погодило за друго бебе ке се погоди и за вашето Значи ако за некој шишето на "медела" цижуцлата на "авент" е најдобра вашето може да ги плука затоа сметам дека не е паметно да истите од напред ги набавувате. Во нашиит случај тоа излезе скапо губре(читај 50 еу), пошто малата до пред 20 дена беше на ексклузивно ни цуцла ни шипе има фатено *Немојте да ги слушате советите на оние што спијат со своите бебиња дека не ви треба креветче на почеток КРЕВЕТЧЕ Е НЕШТО ШТО Е MUST HAVE не мора да е ново може да е зајмено може да е дрвено или преносно тоа од вас зависи но бебињата сакаат рутина и доколку уште од почеток не почнете да ги осравате да спијат во свое креветче подоцна во тоа многу тешко ке успеете *Уште еден MUST HAVE е количка.... Е од тој аспект можам да ви кажам да ја купите најскапата што можете да ја дозволите но добро проучете не само дизајн туку и амортизери тркала начин на склопување итн..... Тоа е помагало кое треба да ве служи рецимо 2 години и знам парови доста поимотни од мене и мојот сопруг што имаа за цел на ова да заштедат па купуваа втора количка Едноставно тука важи правилото СИРОМАВИОТ СЕКОГАШ ПЛАКА ПОСКАПО *Пак би се навратила на гледна точка облека..... На вашето новороденче не му се потребни алишта за дотерување.... Или барем не повеке од едно две комплетчиња..... Највеке ке се износат памучните работи комплетчиња и шпикозни..... Немојте да купувате плишани алишта, кожата на вашето бебе и вез други е ѓногу кревка па не поднесува разно разни материјали.... Слатки се плишаните но има време и кога тие се носат *И да би го сумирала ова сега со еден предлог за продавници (брендови) кои нам ни се од супер полза..... А ова без никаква цел некого да рекламирам Во тој контекст ТРИТЕКС драги мои има се што ви треба од облека, сите алиштенца им се перат на 60ка (беби програм) не се скусуваат и не пуштаат боја.... Постојано имаат попусти моментално начекав 50 % попуст на летна беби гардероба, па за смешни пари си ја подновив малечката Кога ке ви треба капчиња турбанчиња и сл. На инста има една мн фина девојка која и самата е мчада мама ktnmini и е профилот. Супер услужлива и брза а за ефтини пари..... Има и други домашни произвпди што многу би ги фалела но не добивам ништо од реклами па ако некој го интересира нешто слободно нека ми се обрати Кога ке имам повеке време ке се навратам пак со уште некој за вас се надевам корисен совет а до тогаш дојолку на една од вас сум и помогнала јас сум срекна
Јас не се согласувам со наведеново: -62 на бебе родено 50-52 см ќе виси. Зарем очекувате бебињата да ја "износат" гардеробата?! Побогу, растат ко квасец, такво нешто е невозможно кај новороденче. - џиџе алишта има многу памучни. Не мора да е бебе цело време во шпилхозни, бодиња. - една количка до 2 год малку потешко. Посебно ако е "класична". Уште првото лето секој зема "летна". Тритекс има ок ствари ама еден од послабите квалитети. Кој сака нека иде во бебешките теми. Не сум само јас со оваа констатација. И најбитното, туебанчиња гатант ќњ ни требаат за почеток. Не рекламирам, ама...
Од искуство со пола и повеќе од ова не се согласувам, затоа мислам вакви мулти совети не се потребни зошто сите сме до различни искуства.
Погоре убаво напишав доколку на една сум и од корист срекна сум а ова со летните колички да купуваат затоа што си заштедиле на првата па сега као летна им треба за се останато добро намерен совет не е принуда и да турбанчињата и те како се носат Поздрав и секое добро
Јас купив количка од 1200 евра, што еве ако мене некој ме прашува е жива глупост, ам мерак. И труп тешка, не можев сама во гепек да ја ставам и за 6месеци си купив летна 10.000 ден. Тежеше само 3кг, и ја влечкавме сегде по плажи. Зар јас треба да сум репер кој колку да дава ете пример за количка. Секој си знае колку му е буџетот и можностите исто така и желбите. Пола од работите за прво дете се купуваат од мерак, а не од потреба.
Јас несакам да му носам подвиткани и долги работи на бебето можеби зашто близнаците се родиа во 35 н и се им беше голема и 50 и затоа ова бебе се роди големко ама почна со 50 некои си 10 дена па 56 и еве после месец и нешто носи 62 а за шишиња и цуцли секогаш сум за поквалитетни а за гардероба секој со свои можности само колку што може да се воздржиме од премногу купување.
Секое бебе си е различно. Ние 50ка носевме до 4 месец, и се што и купив на почетокот се носеше до 4месрц. Нормално докупував. Блузичките ретко која ја подвиткував, и тоа само еднаш, а панталонките немав потреба. И ние слабееме, се дебелееме,и без разлика на тоа си купуваме нова гардероба што подоцна ни седи у шлав, воопшто необлечена, ова за мене си важи, има време ќе се облече така си велам. Децата растат,и нон стоп им се купува по нешто. Колку може едно бебе да износи или не износи гардероба?! Купувајте што ви е ќеиф, колку носат нека носат.
Тоа ми е зборот, дека сите сме со различно искуство. И не е во ред да кажуваме кој што треба да купи и дали тоа да биде "поасално". Секој си знае колку може и дали сака.