Законски си ослободена од 3та смена, јас само што кажав дека сум бремена одма ми ги тргнаа сите ноќни.
Па и не се неопходни цуцли лажливки веднаш кога ќе се роди. Посебно тие што сакаат ексклузивно да дојат. Цуцли, шишиња, силиконски брадавици...сето тоа го загрозува доењето на сам почеток. Поназад жената сметам сакаше само добронамерен совет да даде. Ама жени ко жени, ич не сакаме да примиме непобаран совет Точно дека секој со свое искуство, но не е лошо да се чуе и друг како поминал. Еве велите-до детето е. Јас не мислам така. Моите двете се различни карактери, но како бебиња и двете се научија и да спијат во креветче, и да се возат во количка/транспортер/седиште, да лежат во релаксатор... Ја викам до родителот е. И да, се сложувам дека најбитно е соодветна количка, пред сѐ за потребите на родителите. Имам три колички Изгледа кај третата веќе го фатив штосот во бирање колички. Цената жени, е неважна.
Едно е што ние сакаме друго е ралната ситуација тоа е факт. Може повеќето сакаме да доиме ама од каде да знам колку ќе е успешно и може ќе треба да посегнам по ад би било добро да имам на располагање и цуцла и шише. Јас бар така размислувам. Имајќи ги тие работи дома мене лично ќе ми дадат сигурност. Исто каконшто ќе купам и пумпа за одмолзување и силиконски брадавици. Зошто пак ќе кажам не можам мм да го праќам по силиконски брадавици. Подобро да ги имам и фрлам. Толку пари на глупости сум фрлала до сега па ќе ги дадам и тие. Дај боже да не ми затребаат ама не сакам да се најдам у ситуација да треба, дете да ми вришти а да немам како да смирам. Се се случува...
Истите совети ги добив и со се се согласувам освен за количката. За облеката, па неколку 56ки планирам бодиња и шпикозни, едно комплетче 52ка за излегување од болница и толку. Не планирам дотерувачки работи за првите три месеци пошо термин ми е ноември, па ќе фати зима и најголемиот дел од времето ќе сме дома, а и шпикозни се најпрактични за пресоблекување. Колички има убави до 30.000 денари, на Чико или Кам на пример мислам ем лесни ем мислам дека вредат за цената, бар што сум слушнала најмногу тие ги фалат. Повеќе од таа сума стварно не би дала и да имам. Креветче сум да се купи и тоа убаво квалитетно некое, зашто од кај знам, може до 4-5 години ќе сака да спие во него. Од цуцли планирам да купам 1 шишенце и 2 лажливки од различна фирма колку да не трча мм во 5 до 12, да имам. Е една од поновиве актуелни работи што мислам дека не вредат да се купат се оние гнездата за бебиња, зошто се скапички а многу малку се користат (веќе после 4тиот месец бебе ќе ги надрасне, па ќе почне да се врти, а ако имаш релаксатор или подлога со baby gym секако ќе си го ставаш на тоа).
Ти предлагам во Бебе хоум да разгледаш до 30 000 имаат многу квалитетни колични. Искрено мене на рака и на квалитет многу подобри од на Чико ми се видоа. Моме не за сите модели ама тие ја шти ги видов во Чико ми беа така нијанса полоши од Макси Кози и Сејфти фирст на Бебе хоум.
Разбирливо. Но за тој "за секој случај" купи си шишенце и пумпа. Лажливката ти е непотребна. Силиконски само ако има потреба, а тоа ќе го дознаеш откако ќе почнеш да доиш. Ова онака најискрено, зашто гледам ја следиш темата за доење. @kukla21 сакаш да кажеш маанџика е?
Ги гледам на интернет цело време и нив ама уште не сум отишла во живо да ги видам за да се одлучам. Полесно е кога имаш некој лимит или ориентациона цена да не луташ. На Чико и Кам количките веќе ги имам видено кај блиски и вака океј ми изгледале а и они биле ептен задоволни. Мислам дека за истата сума со количката на Чико добиваш повеќе работи, плус со онаа што е Трио бест френд за 28.000 добиваш и седиште за во кола па затоа ми се допадна. Ама најубаво е на лице место да си ја осетиш и на рака како ти лежи, па колку лесно се склопува/расклопува, колку тежи, дали ја собира во гепек во кола и слично.
Да да тоа и мислев нека стои дома нека не ми затребаат. Ама знам какво трчање беше по аптеки со сестра ми кога дојде патронажна и и кажа немаш капка млеко детево ти е гладно. И фурија аптеки шишенце цуцли а она дома седи плаче детево вришти. Затоа сум да не се даваат такви совети од ете искуство што сум посведочила. Имај си за секој случај бебе е не се знае и лошо е било која да е во таква ситуација.
Јас земав на Сејфти фрст од бебе хоум 20.000 3во1 со гратис седиште за во кола макси кози во вредност од 12.000 мислам уште им трае акцијата. Мислам не згрешивме чисто информативно ти кажувам може ќе те бендиса
А патронажните си се прикаска за себе. Но да не бидам оф-топик, зборувано е веќе за нив во темата доење.
@Kitten не е лоша, не е бељачика, ама захтевна е! Го разбирам она дека има и до родителот нешто, пример со мене нешто не поминува, па мм најчесто го јаде Гледаат со кој како може. Ама она што и е специфично за карактер, со сите е иста. Ко ќе науми нешто, не се откажува, па и не заборава бе. Супер избор!
@Milkiway Ајде пумпа и шишенце ми е ок да ги имаш зашто сигурно некогаш ќе треба да отидеш некаде и да оставиш млеко дома. За силиконски реално нема потреба предвреме зашто во болница ќе знаеш дали ќе ти требаат. Јас не ни знаев како изгледаат и за што служат, во болница бебе не фати никако и последен спас ми беа. Одма му пишав на мм да ми купи и ме чекаа дома стерилизирани. Лажливка имав ама не ми ни текна од старт на неа зашто бебе е тоа, цица, спие, кака. Не плаче нонстоп за да даваш лажливка, а и да плаче цицката е секогаш тука
Нема гајле.... Не се примам јас само по другине теми кога те распнуваа на крст јас бев една од ретките на твоја страна ама уживај не додјов никого да учам само споделив мислење ко воли нек изволи
Епа тоа е еве имам 3 породени колешка, познаничка и братудечка и сите три ми викаат земи си силиконски нека ти седат дома. На еднава маж и три пати мењал во аптека, другава вика разранета цел ден дури и ги донеле, третава исто ко тебе дознала во болница...како год се повеќе слушам дека требаат отколку дека не требаат. Иначе да секако постои опција на одење дома да ги купиш во болничка аптека.
Повеќето колички од Чико и бебе хоум се добри некои што се 60 000 се огромни мислиш на спејс шатл личат а не на количка. Цената не секогаш е таа што кажува која количка е подобра можеш да поминеш и со 10 000 а да е лесна и да ја изнавозиш. Се зависи од луѓето што сакаат од количката некои сакаат да ја товарат како магаре и да им биде лесна и после цацко им е крив што фрлиле толку пари. Реално сите кога сме гледале колички и кога сме ги пробувале биле празни немало тежина. Искрено мене ми се свиѓаше една во бебе хоум беше околу 16 000 на попуст и без транспортер количката беше средно тешка али кога размислив плус бебе и ташната си реков ова не е за мене ќе барам полесна. И да ја купиш најскапата и најудобната може бебе да вришти во неа или ако ти е за низ маало само реално не би фрлила толку пари.