Тоа е затоа што таква е "пропагандата" во болниците, и нова мода меѓу мајкиве. Барај ги мислењата на Каетана во тема доење, но по клучен збор- силиконски брадавици. Ако немаш скроз рамни брадавици и бебето фаќа убаво и влече, не ти требаат. Ако имаш разранети брадавици, треба да се корегира фатот на бебето (поради тоа се разрануваат), зашто со правилен фат и разранетите брадавици нема да болат. Со користење силикон од било кој тип, се забавува процесот на прифаќање на дојка а со тоа се загрозува и самото доење.
Фала ти ќе пребарам пак..не викам не и видеава што ги гледам од тие што ги викаат Дула сите ги пропагираат Медела силиконските . Не викам дека сум во право
@*malenavolena*87 одлични се советите и многу рационални и секој што фрлил пари за некои ситници однапред мислејќи дека ќе му требаат а ич не ги употребил ќе се најде во нив. Се е на место,а кој мисли поинаку советиве не го спречуваат да си тера како што мисли Единствено само турбаните не знам дали се користат,може дека машко имам па никогаш не ме интересирале такви додатоци.
Идеално е да имаш дома се што евентуално би ти затребало. Јас сакав да ти кажам во смисла 700ден се, па да не избрзаш џабе да фрлиш пари зашто има многу непланирани трошоци. А дали силиконска или не, лажливка, шише, пумпа, стерилизатор... Се е твој избор и да си купиш ако имаш желба, само доколку сакаш да доиш овие ствари нека ти бидат последна опција - Ова е совет од повеќето мајки, но ако ме прашаш од мое искуство: И цуцли давам, шишиња, силиконски и пак си цица не се откажува. Дури и без силиконски фаќа кога не е многу гладен. Ама не би можела лабаво да те советувам да даваш лажалки зашто твоето бебе може да биде различно и да се одбие. И да се одбие не е крај на светот, и ад да дадеш не е страшно, се додека бебето си напредува и е среќно не дозволувај да ти влезат во психа најмајките дека си потфрлила во мајчинството
Ништо не даваат. Силиконска ако треба ќе ти дадат додека си таму. За дома не. Мене ми дадоа персил прашок, силан омекнувач и нешто од бекутан. Мислам 2 пелени, влажни марамчиња, и некоја бебешка крема бекутан што нема шанси да ја користам. Во аптеката во Ремедика немаше од цуцлите што им даваат таму. Јас дека не сум од Ск ги прашав дали може да ја земам да не ми притреба по пат. Сестрата ми рече: А како ќе ни ја вратиш.. Е до толку се а цуџлата не е поскапа од 100ден мислам. Среќа па мојов не сака цуцла па добро поминавме по пат. Пс: Јас и роденденот го поминав таму и ништо не добив. Да бев во Систина барем свеќа ќе дував хаха
Ремедика не даваат, а и за Систина не спомнале силиконски. @Kitten Упорна си дека од мода ставаме силиконски или зашто ги форсираат по приватните. За истово ме нападнавте пред 2 месеци кога паднав психички и маки мачев да го одвикнам од силиконски додека не си ја чукнав главата. Зашто побогу ако бебето си цица би ставала силиконски? Ете цимерката моја имаше вовлечени брадавици, па не и дадоа силиконски туку и ги влечеа со шприц и ја натераа да дои. Јас кои болки ги видов со брадавиците, бебето не фаќаше и крај и едноставно морав. Претходната недела пак пробав да го одвикнам и цицаше 3 дена и почна да се одбива, се лутеше не сакаше цицка за жива глава. Почнав да се молзам и да давам со шише Среќа пак на време се освестив и продолжив со силиконска и се вративме на цицање. Не знам зашто забегувам на моменти и се трудам да задоволам општествени норми. Затоа и се дистанцирав еден период од форумот зашто многу лошо ми влијаеше. Од една страна се пишува да имаме самодоверба, а од друга страна се користи секоја прилика за да се сруши.
Ептен се стипси. Цуцлата прослиот месец ја купив 300 ден ја имаа. Но зошто не ги дваат не разбрав... Тоа што имаат тоа дават од реклмен материјал. Лани мустела бекутан и некој флаер добив само. Толку И тоа мини паковки од 15мл
Најбитно е ако се може бебето да цица. Дали со силиконски дали без, битно да цица. Задоволување општествени норми, одма откачете такво нешто. И да не купите силиконски ќе купите одпосле, ќе пуштите некого. И да купите, а да не ви требаат, не е страшно ќе прежалите 700 денари. Бебе не се одвикнува од доење од два обиди со силиконски. Ете некои бебиња само со силиконски цицаат.
Не знам зошто се ставате во нечија одбрана никој никого не напаѓа, секој си го кажува своето искуство. Има луѓе што не можат да си дозволат количка од 30.000,ќе купат од 10 и таа ќе заврши работа. Друга ствар е и каков е начинот на живот на семејството, јас сум на есен породена се утепавме по планини шетање по дождови снегови, некој нема да мрдне нигде цела зима, што ќе му е тогаш не знам каква количка кога и ефтината ќе заврши работа. 56 ки купив како што слушав совети, дете се роди 50цм пливаше во нив, и во вратчето беше голо, сама си појдов до сити мол и си купив 50ки,не можев да го гледам детето такво. На некој друг не би му сметало. Не сме тука да се напаѓаме, напротив да си дадеме конструктивни совети. @Milkiway чико трио јас ја мавав со нозете долниот дел, значи се сопнував од неа кога туркав, макси кози е труп тешка, сама не би ја ставила во гепек или ако си царски како мене па ти треба да кренеш на кратко. Затоа ако би можела сега да купам би барала екстра лесна количка зошто 90%од времето бев сама со бебе. За силиконски ако немате брадавици односно ви се вовлечени купете пред време и кај нив има величини во зависност од големината на градата. Шише и цуцла, адаптирано млеко и флаширана вода и јас сум да имаш при рака.
Бидејќи дискутирате за количка؛ Ако барате лесна мозе да ја видите во Бебе Хоум, KIddo Jazz многу лесна а и убава؛ Ние ја земавме 19 000 беше на 10% попуст од 21 000
Јана, не си ти виновна што тоа ти се случувало. Кој те нападнал? Вината јас ја гледам во нестручната помош. И не само приватните, сите болници форсираат силиконски, нешто што не се правело порано, и се почесто е случај, дури и без индикација. Затоа го нареков дека е нова мода, погрешно си ме разбрала, зашто би нападнала некоја мајка дека тоа го прави од помодарство. Едноставно наместо да го најдат коренот на проблемот, што бара многу вложување и време, даваат силиконски како решение за сѐ. И кои се тие општествени норми околу доењето?
Бог да чува се ..за цуцла бе ..овие систина ептен подарежливи . Ај само добро да поминеме нека се живи здрави бебушки
Помина вчера прегледот кај доктотката.Со бебето е се во ред си одговара на неделата со развојот,ама со мене не е. Ми ги виде отоците во нозете и ми даде итен упат за испитување на Д-димери и хемостаза. Испитав денеска и испадна дека се многу високи,2900 се. Рече референтна вредност на трето тромесечие биле 1700 моите биле многу над границата а тек влегов трето.Ми даде терапија од 14 дена Clexane 0.4 и пак да сум испитала откако ќе завршам со оваа доза. Го викнав маж ми во амбуланта да му објасни сестрата како да ми става инекции дома и сега знаеме како него не му е страв. Мене ми е, премногу испаничив денеска и главава почна да ме боли од нервоза. Се со беше во ред досега. Од мака си се изнаплакав..
Не се секирај, ич не се страшни боцките и подобро што сте го нашле проблемот. Решението веќе го имаш. Ако ти е за утеха, секоја втора трудница денес се боцка Пробавте да боцнете? Само првите два-три пати боли, после веќе нема да ги осеќаш.
Izvini procitav kazuvashe na tvoja drugarka i gi vlecele so shpric brada ocite. Moze Li da mi kazes vo koja bolnica. Jas so sin mi pred 9 godini vo drzavna mi rekoa samo silikonski si zemi i nitu ni objasnia nisto. Pa Sega eden strav imam fateno od toa. Neznam kako e Sega.
Мм е мед. лице него не му е страв. И мене не ми е страв од инекциите туку од самиот факт дека ќе се боцкам,досега се како по книга. Денеска првпат боцна сестрата а од утре тој. Фала за утехата