@firequeenn мојот се стрви на инекциите од старт а појма си нема. Сестрата досега дома ме боцка во колк а он само и го полни шприцот и гледа. Еднаш ни закасни сестрата и со цел памет мм отвара youtube како он ќе видел и ќе ми ја "фркнел". Тоа попладне цел ден се бркавме и молевме притисок кренав. Не за друго ќе го фрлиме лекот џабе. На крај и се јавив на сестрата и почнав ко детенце да молам за спас од лошиот "лекар" дома.
Во Ремедика бев јас. Инаку, шприцот изгледа како на сликата, не знам дали ваков се купува или се прави некако. И се става на градата и се влече и не ми изгледаше болно.
Кога прв пат жената се соочува со улогата доење нормално е да има болка.Брадавиците добиваат нова функција и треба да се разработат.Мене исто ме болеа брадавиците ми идеше да рикам кога цицаше малата.Боли, а мора да цицаАма нормално стегав уста и траев.Цимерката до мене ист ден породени таа после 2ч од мене исто ја болеа брадавиците.Мачкав ланолин маст.Таа реши да побара силиконски па се согласив и јас.Мене градите исто ме болеа и со силиконските.Не ми беа погодени на големините па да ти кажам малата не можеше од нив да цица.Оваа болка помина за ден и пол.Јас ги баталив уште наредниот подој силиконските.Јас сестрите ги барав на секој подој за да ми кажат како треба да ја местам и тоа многу ми помогна за натаму да немам проблеми и болки со брадавиците.Најбитно е да има кој да ви покаже . Се прави има видеа на Јутуб.Ама се сече делот што е за игла наменет и се врти рачката обратно.Едноставно е.
Јас се боцкав постпородилно сама (мед лице сум) ете до толку нема потреба да се плашиш Точно убаво си објаснила горниот дел се сече и внатрешниот дел се врти наопаку мене патронажната ми покажа и тоа мн ми помогна.... Инаку боли ама се се заборава
Прво да напоменам дека немам намера да почнувам кавга и следното не е наменето само кон тебе. Јас не ни мислев дека сум крива за нешто додека не почнав да читам. Секаде само се пишуваше ЈАС не сум дала ад никогаш, ЈАС не сум дала лажливка, ЈАС не сум дала шише...Ок, браво, супер ама не дојат сите. На мајка со хаотични хормони и се пуштаат само ако праша за препорака за шише, одма се прашува 'А за што ти е шишето?' за случајно ако пише ад да и објаснат како тоа дава ад, а имала млеко. Срамота, ждм се станати некои теми. Многу ми е криво што се посомневав во себе само заради користењето на силиконски. Очигледно не мислиме сите дека на крајот на денот мајчиното млеко е најважно без разлика на кој начин ќе го добие, а не неговото височество Доењето. Благодарност за сите совети и споделени искуства, но кога се работи за доење сите се нападни. Чисто информативно, си пишувавме во пораки за да не бидеме осудени, а сами веројатно може да забележиме колку членки ги снема од темата Бебе, а беа многу активни во Бременост.
Женски чај од камилица смеам да пијам , исто и од мајчина или липа , скрос изумив се како беше , што смеам . Се осеќам зашеметено дали до времево е и притисок малце ми се покачи , не е мн 110 со 70 ама за мене е шашаво ја сум со низок 90/60 секогаш . Дома б6 немам , само б комплекс ама мислам нема да влијае он , со чај да пробам а
Секако јас верувам на тоа што како поискусни го кажувате дека е така. Ама не знам зошто толку сте одма против дека ептен ќе згрешам ако ги купам за "недај боже". Еве сама викаш големина не ти се погодила, ако си купела пред тоа ќе ти биле твоја големина. И уште нешто не сме сите исто толеранти за болка. Некои повеќе може да истрпи, а некои пак едноставно не можат. И тоа не ги прави полоши од другите. Имам 0 искуство околу тоа ама не гледам лошо во тоа да сум снабдена. Да и оваа е доста лесна чадор систем мислам дека не згрешив. Не е до парите. Сестра ми има 35.000 количка на Лорето беше мислам. Едно гломазна не можеш да ја возиш во гепек не ја собира тешка е и за туркање. Треба споредби и шетање по продавници
Најверојатно ти дошло тешко и од хормони, пореметено спиење, капак вакви осуди. Следно е, големо е ајде, уште му/и даваш да цица. Едноставно треба да се исклучиш од тие коментари. Јас и давав ад на мојата пред спиење затоа што мислев така подобро спие. Себична да, ама и мене одмор ми требаше. Се молзев, ама мн ретко. Ако требаше да излезам (најчесто до лекар), мм ад даваше. Го прекинав ад на некои 4 месеци. Чисто ми здосади тоа стерилизирај, миј, топли вода, термоси.. Од цице полесно нема После се покаав што и укинав шише, затоа што кога појдов на работа ќе ми значеше многу, a она веќе ниту сакаше, ниту прифаќаше шише. Здравје и на ова ќе му давам чат пат ад и ќе ја учам на шише. Со лажица и даваше мајка ми ад колку да пие дур сум на работа. Која малтретажа е тоа. Нека растат живи и здрави само.
И Искрено ова што го напиша ја цело време си го мислам како начин за финкционирање. Поготово за да доиш мора поддршка од свекрва мајка 24-7 особено маж ако е на работа. И еве јас немам кој да ми седи да ми зготви да ми исчисти понекогаш испере пружа и ако мора ќе даде мм молзено или ад за да се ослободам и одморам. И не сметам дека е себично. На бебе му треба и позитивна одморена мама а не живчана
@Milkiway Јас не те критикував да не купиш туку ти споделив искуство.Која сум јас да ти кажам дали да купиш или па која си ти мене да ми кажеш што да правам.Немојте одма се да сфаќате како критика.Слобоно правите си како сакате.Јас само кажав дека болката на почетокот е нормална и колку трае ако правилно ти е наместено детето.Нема да ти дојдам дома и да видам како доишБог да чува зар да осудува некоја мајка дали доела или давала ад.Важно е детето да напредува.На часовите предпородилни бабицата рече дека не мора да значи дека ќе биде поздраво бебето од доење.Има и таков и таков случај.Моето е доено 1год.Па е болно нон стоп.На другарка е на ад па се разболува 3 пати годишно.Се уште мислиш дека некој осудувам за силконски? @Jana06 моето за жал не фати ниту цуцла ниту шише до 6 месеца.Па не можев ништо сама да правам.Сега сама си кажувам од одма шише и цуцла ќе давам не сакам да не можам на др да отидам оти не прифаќа цуцла ,плаче нон стоп без цицла.Што викаше свеќи цуцлата е пола мајка.Ама и јас бев упорна не цуцла.Сзо вака вика ама кога си напатев од плачло бебе сега прво цуцла ќе дадам Ама па можам да кажам за одвикнување немав мака
Мислев дека се надоврзуваш на претходниот разговор како што почна членката да не сме купувале и затоа така сфатив ќе ме извиниш. во брзање и валда не те прочитав баш најдобро Мислев само си продолжуваме дека се разви мини дискусија Дали да се купи или да не се купи. Тоа со здраво дете скроз си во право Внук ми не знам да бил болен на Ад е растен. А еве девер ми има проблем со обезност и од тоа триста проблеми а свеки го доела до 2,5г. Нема правило очигледно. Доиш затоа што сакаш... И ова за цуцла лажливка и јас исто размислувам ама времето ќе си каже дали сме згрешиле или не
Јас да ти кажам да не се замараш и ако си цица со силиконски и имаш доволно млеко бидејќи нели со нив има ризик од намалување на лактација, да си продолжиш со нив. Дојам 10 месеци исклучиво со силиконски. Пробав на повеќе наврати да се прешалтаме без нив, али нејќе ни да види цицка така. Се додека е ок количината на млеко нека си цица бебе со нив и нека си ужива.
Пиј вода повеќе, протеини бујон од телешки коски и белки од јајце ама повеќе во ден.Не се нервирај важно на ехо да е се во ред до бебето а ти ќе бидеш добро ете ќе се боцкаш.Јас првата бременост од почеток до крај се боцкав кога 2 пати кога 3 на ден и до 6000 се качуваа.Оваа бременост само 1 месец превентивно е после пораѓај стигнаа 4000 и месец дена се боцкам,штета нема од нив само корист.
Јас давав и шише и цуцла и синко сам почна да ги одбива. Цуцла воопшто не прифати, само кога беше ептен мал му ја стаав ама ја плукаше за кратко. Шише му давав ама сам се одби. Си пиеше измолзувано мајчино од шише и кога почнаа да му излегуваат забите целосно го отфрли. Сега заспива само на цице. Не јаде поради забите и пак цице. Мама е незаменлива и мора да сум му достапна секогаш.
Си ги препрочитав моите мислења и не видов каде сум створила напнатост и апсолутно не ми беше намерата на карање @Jana06 Значи дојдов да споделам искуство за некој што сака да дои (поточно тоа беше наменето за членката која активно се интересира околу темата доење) зашто баш како што рече @Ava.84 јас неможам никому да наметнам што да прави, посебно не на форум. Инаку јас со задоволство одговарам во таа тема кога знам дека некому можам да помогнам. А и советите на Каетана се полни со поддршка и немаат ниту грам осуда.
Јас сум особа што се става на срце и плус хормоните, корона, нема посети, сами со мм дома, прво дете.... И јас бев на почеток на доење+дохрана зашто царски и немав одма млеко, па почна бебуш да намалува тежина. И не го сфатив тоа како нешто страшно туку и на форумот пишав какво олеснување е кога ќе дадам ад, па си спие убаво и можам и јас да одморам или да завршам нешто. И тука ми се нафрли некоја, само не памтам која демек сега јас мајка станав и роб на детето треба да му бидам. Најмногу ми е криво што да дојде некој кај мене и еден ден да помине со мене да види колку напор давам и енергија (верувам како и повеќето мајки што се породија во корона, па немаат никаква помош) нема еднаш да ме осуди за ништо. Мило ми е што сега наидов на разбирање, се извинувам за оф топик ама се разви дискусија и баш овде треба да се збори за доење, а не породени кога може да биде касно. За сите идни мајки кои сакаат да дојат идете одма во темата Доење и читајте. Има мајки кои можат многу да ви помогнат и се тешки поборници за доење. Ако не сакате да доите бегајте од таму Мала шала. Добра ноќ на сите
Најпрво да кажам, не сум контра, не само кон тебе, кон ниту една на форумов, само се надополнувам на твојот пост. Често читам во темава и гледам да не навлегувам во дебати. Зошто, сите сме различни и секоја тргнува од своето искуство. Јас еве сум без искуство и сите ве читам, но не би применила се. Доволно сум видела на работа, ситуации разни, а и во блиска фамилија. Па не излегло секогаш по планот. Сум видела и со колички од 60000, но и од 9000ден, па и без колички дечиња, само во ќебе замотани. Сите се мајки, да се разбереме, секоја на свој начин. Но не ми била некоја поразлична од другите две. Убави се советите секоја која ги дава, но не треба секогаш 100% да се земаат во обѕир. Пак ќе кажам, мене ми е приоритет едно, на друга и е друго, и нема никогаш да се согласиме во целост. По книга секогаш не оди мајчинството. Знам жени кои не купиле стерилизатори и силиконски брадавици и не се помалку мајки од другите кои ги купиле. Израснале деца без никаков проблем, како и за цуцли и шишенца. Нивен избор бил, и тоа е. Исто за облеката, совети добивме, ок е. Научив нешто, но не значи дека точно би постапила како другите. Исто и мој совет и искуство нема потреба 100% да се свати како релевантно за одредена проблематика. Убаво би било да се остави секој да си пише свое конкретно мислење, а немора сите да се согласуваме со истото. Понекогаш се чувствувам лајт и како "падната од Марс"- кога не разбирам ништо, а понекогаш па си велам "и се да купам, незнам дали се ќе биде идеално" Но, тоа сум јас. Немора да се согласите со мојот пост, дадов само мое гледиште за темава која ја начнавте. Мноогу сакам да дојам, но што ако ете не бива од икс причини, или пак кај мене е одлично а кај друга не оди по планот, треба да паднам во несвест (јас или другата) дека не ме бидува, напротив, би пробала се, но не се помалку битни тие што на некој начин не одат баш по "зададените" правила, тоа не зависи секогаш од нив. Незнам ни дали постојат правила за правилно мајчинство Да се здрави и живи бебињата и мајките и татковците кои ги одгледуваат, друго не е битно.
Која најскапа? Јас од форумов дознав дека најприфатена цуцла лажливка е од Мам. А чини 130 денари. Кога го купивме креветчето гратис ми дадоа од Томи типи лажливки. Ги стерилзирав, една носев и со мене во болница но не му дадов. Дома му дадов,ја плукаше и плачеше, па мм купи од Мам, ја прифати без проблем. Да кај мене во текот на бременоста ми се раширија по цело тело мали ситни црнки,по стомакот,грбот,раце,нозе..секаде Еве и јас од мое искуство да пишам: Додека лежев дома 2,3 месеци патолошка ги прочешлав сите теми на форум бебе. Земав тефтерот и запишав што се користи од козметика,кои пелени се добри, какви и колку алишта се потребни, со каков детергент се пере, кои шишиња и цуцли се најприфатени па дури и предлози за педијатар и ортопед. Од списокот го купов неопходното што мислев дека мм нема да може да купи без мене. Бидејќи пијам терапија за тиродина,мислев дека нема да смеам наутро да го дојам,па со време си порачав електрична пумпа за измолзување од алиекспрес(за која дознав од форумов). Испадна дека терапијата не смета,но пумпата ми заврши огромна работа за поттикнување на лактација. Уште во болница ја ставав на гради за да ми надојде млеко (наместо сестрите да ми кажат дека треба бебето да го ставам на града) а после дома се измолзував деноноќно,имав мрзливо новороденче кое после дремење на града требаше да го нахранам со измолзено млеко,зошто паѓаше во тежина. Кога имаш измолзено млеко ти треба шприц или шише за да му го дадеш на бебето. Пробавме со шприц да му даваме не го голташе,па продолживме со шише. Исто информација од форум,авент натурал со цуцла како мајчина брадавица (бебето не се одби од цицање, има 10м уште си цица, а од шишето сега пие вода) користам. Едно нешто сум пропуштила да запишам во тефтерот а тоа беа силиконски брадавици. Прв ден после породување ми го носат бебето после 14 саати (се убив од плачење да го видам и зошто не ми го носат,ама тоа за во друга тема е) Ми го "тупнува"сестра еве ти го мајка. Ни дали е гладно или нахрането, ни јас дали имам млеко, никакво упатство. Доаѓа следниот пат ме прашува дали имам млеко. Викам не знам(признавам тема доење не ми беше читана) Ме стиска,као демек проверува, аха немаш. Јас како немам, и сега? Сега ништо ад! Нема совет како да ти најдојде млеко. Ок. Друга сестра доаѓа, ставај го на града пред да ги храниме ние, ау чекај имаш вовлечени брадавици,маж ти да ти купи силиконски. Брзо вртам го праќам во аптека. Ни се јавува ми вика има од медела с и м, која величина? Од кај да знам, не е прслук па да погодиме бројче...види други. Има од томи типи универзални и дупло поефтини. Ми ги носи тие, не знам да ги ставам. Ги попарив со топла вода,не знамд да ги залепам. Со една рака држам бебе со друга силиконска бебе цица на празно. Дојдовме дома уште ден два се мачев со нив,стиснав заби и си потрпев болки додека е почна бебе убаво да фаќа. Во тие болки само мислев колку е важно да научи да цица и да е најадено. Исто првиот ден кога дојдовме од болница , бидејќи не знаев на што сум со млекото, му реков на мм купи ад млеко. Немаше потреба од ад ,но за не дај боже јас морав да имам дома. Го отворив на 7 месеци за беби сутлијаш Така да по мене,некои работи се неопходни и мора да ги имаш дома, а за други потребно е само да знаеш бренд или каде ги има и праќаш маж набавува. И за количките ,ја купивме мони гала 10 000. До 4м и покрај тоа што е тешка , ја користевме доста, со транспортерот прикачен на неа,а кога дојде време за подседнување во корпата бебе се лизгаше надолу. Па поради тоа и поради тежината на самата количка ја купивме Кика бу Либро, за 5400, летна лесна количка што се пакува многу лесно,со рачка за влечење како куфер. Сега кога ќе размислам можеби имало и тогаш кога купувавме некоја количка за 16 000 (колку што се двеве заедно) ама еден памет ти е пред бебе, друг после[/QUOTE]