Не се потресу [/QUOTE] Јас таа лекција за мам не ја прочитав па имам дома 2 томи типи 3 на нова 2 дм и 1 на чико (таа е 10 еу) кога имаше 2 месеца со тие на дм се лажеше ама тоа траеше 20тина дена и толку.... Знае она што е органска цуцла, бебе цицач
Здраво девојки, Совет Ве молам. Вчера бев на прво ЦТГ и со докторот што треба да ме пораѓа царски, ми препорача да земам некакви суплементи за железо веројатно како припрема за царскиот. Крвната слика цела бременост е во ред. Да не знае некој од кои најдобро е да земам? Благодарам.
Пиев сидерал форте капсули, па флорадикс сируп и на крај тотхема ампули. Последните најмногу ми помогнаа и најбрзо ми го кренаа хемоглобинот и железото. Не знам колку ти се тие параметри, ама до 4 ампули дневно може да се пијат (две на сабајле, две навечер растворени во сок од јаболко). Можеш да почнеш неколку дена со 4, па потоа да намалиш на две.
милички милички , како да се читам јас пред 12 год , прво бебче потрошени преку 3000 е на глупости од кои пола и повеќе не беа искористени , второ бебче пред 9 години го купив основното што ми фалеше и што го немав и не ми сметаше што син ми се покриваше со розево кебенце или имаше една две постелнини со цветчиња и пак ќе кажам и ако планирате да доите една лажливка и две шишенца мора да се има за секој случај, силиконски брадавици имав никогаш не ги употребив и пумпата за измолзување кај мене не функционираше едноставно па така се мотаа со години по плакари дома ама крема за брадавици обавезно секоја да си набави зашто тоа ми било неопходно и потрошен материјал , количка (ама комплетно небитно е каква е и колку чини ) функционална и лесна за склопување тоа е важно , релаксатор обавезно и креветче не е ни дискутабилно , се ќе разберам ама да не ни пробаш да го научиш бебче да спие во креветче , да има свој простор , ти да имаш помирен сон тоа ми е нејасно .... нашата приказна е што не планиравме трето бебче до пред одреден период , се што имав од парталче до креветче до кадичка се ми е дадено и сега немам буквално ништо , пак сме на почеток и буквално треба да почнам со набавка од 0 , ама да не паничиме едно што сум увидела од искуство за опрема во првите два месеци од пелени , пешкирче , две три кебенца памучни , ластиче и капче за ушиња , чорапчиња барем 10 пара и исто толку ракавички , шпикозни, бодиња купувајте помалку зашто верувајте секое бебче е различно и многу многу брзо надраснуваат , некои работи ќе ги носат 2 недели некои работи месец дена , некои работи нема ни да ги облечат ..... и за крај да бидеме реални не дека Вие ќе останете дома заробени со месеци па нема да излезете да си купите што Ви треба , после првиот месец ќе го фатите ритамот и се ќе биде лесно без паники ...
бебче се раѓа со залепени ноктиња за прстињата, тешко се сечат на почеток, сум ги сечела и пак се прават со гребаници по очињата и лицето зашто тоа бебче ќе се фаќа по лицето и ракавичките се да го заштити да не се гребе , ластиче секогаш сум им ставала зашто ушињата им се толку меки кога ќе се родат и како се вртат до спиење им се преклопуваат ушињата и им се лепат како затворена школка , после првите два три месеци школката на увцето ќе зацврсне и ќе добие форма , за почеток обавезно сум користела или капче или ластиче памучно зависно од сезоната ..
Ова апсолутно е непотребно. Со рацете бебето го осознава светот. Со ракавици само го блокираш развојот и рефлексите. Синко се роди со нокти, меки премеки, ги лупев или ги сечев. Се гребеше ама тие гребнатини брзо зараснуваат. Со ластик само го мачиш бебето, го стегаш и му правиш нервози. Плус ако е жешко. Капа исто така, има огромен ризик да прегрее и да качи температура, бебињата преку глава ја регулираат топлината.
ок , реков различни се бебињата , различни се искуствата кој сака нека прифати кој мисли дека е непотребно нека не прифаќа , моите се правеле со крв по обравчиња и по очиња мене тоа ми смета и немам намера безпотребно да ризикувам да си прави рани на лицето , ушите им биле залепени и сум купувала поголемко ластиче колку да ги држи во форма има ластичиња со обем на главче . Ова е мое искуство сакав да го споделам и тука ја завршувам дискусијава ..... релно незнам што правиме со капчињава по бебешкава опрема ако секое капче ставено на глава на бебе ја качува температурата на телото
Не е ова дали се различни бебињата, јас кажувам како е правилно. На бебињата исто им се развива рефлексот. Дали ке ставиш ракавици и ке спречиш да го осознава светот е твоја одлука. На бебе штотуку излезено од матката не му треба ништо на главата. Со тек на време сама ке се обликува, како главата, така и ушите. Не треба да ги малтретирате бебињата со ленти и траки. Ни за мода ни за уши. На бебе му се доволни чисти и памучни шпихозни, боди по потреба. А бебе и те како може да прегрее од капа на глава. Дома кај бебе сите држат топло, на 26 степени капа не треба, ни после бањање, ни за стално. За надвор е друго.
ОК миличка ти реков нели , ја завршуваме дискусијава ..... моиве дома 11 години и 8 години пошто носеа ракавички светов им е непознат неосознаен .... не ја разбирам потребата да се распне секоја членка која не го дели истото мислење како Вашето , како што кажав тоа е мое мислење, а невозможно е да кажеш и ти : во ред и ова е мое мислење па кој како сака така нека прави? Туку отсечно тврдиш дека грешам и дека дури тоа што го кажувам е штетно за нечие бебе и за негов развој ... не дадов совет во поглед на терапија и на здравје и не реков : сите да сте купиле од утре капи и ракавици и без тоа никако неможе да Ви порасне и да Ви се развие бебчето -како што направи ти и кажа дека тоа што го зборам е погрешно, пробав суптилно и добронамерно да споделам сопствени искуство без лоша намера , а распнувањето на форумов и непочитување на право на мислење и изразување е само до личноста и карактерот и желба да се буцкаме и да правиме непотребни дискусии да не се вадиме на моментална состојба и на хормони
Нема да му се наруши развојот на бебето и рефлексите нема да му назадуваат затоа што некоја мајка ставила ракавици за да не се гребе. И јас би ставила. Ради претпазливост. За ушите..нема потреба од ластици. Нема потреба ни од агресивна дискусија и попување.
Јас капче само после бањање ставав. Ракавички никогаш. Ноктињата се сечат мн лесно, ако не па има и турпии кои се баш нежни и со тоа ќе се среди. Ај сега летово на 100° вас некој да ви стави капа и ракавици Во право е @MilaSs12 дека дечињата преку рацете го осознаваат светот на почеток. Не е дека нема да се развијат, ама им создавате нервоза без врска и не ги оставате сами да се развиваат. Крвови да се прават треба нокти да имаат, па ваљда ќе ги сечете.
Јас имав еден пар ракавици кои ги добив на поклон, мене не ми ни текна на тоа. Дома му ставав една недела зашто во болница видов му ставаат, а и многу ми беше страв да сечам нокти на толку мало бебе. Еднаш заспа, седнав до него за 1 минута му ги исеков и од тогаш гајле немам, а и никогаш повеќе не му ставив ракавици. И да ставаш ракавици 2 пара се сосема доволни мислам. Чорапи и јас имам преку 10 пара ама дека топло само на почеток му ставав, сега е нонстоп бос.
Здраво девојки. Денес денот лошо некако ми почна. Многу жешко, притушно, неможев да дишам, ми се слоши дури. Не знам дали ми е од мисла бидејќи мислам дека е премногу рано (не сум уште ни 5 полмни недели), или веќе почнаа мачнините. Се надевав да ме одминат и да не е како во првата бременост ама некако тешко веројатно ми е тоа. Секако овој пат ќе биди многу потешко, затоа што работам од дома, истовремено го чувам и синчето бидејќи нема кој да ми поможи. Во првата бремност барем правев се што можам да си олеснам, лежев, спиев, правев тоа што ми бараше телото. И тогаш работев дома, но сега е поинаку сега имам состаноци по цел ден, и оваа работа многу повеќе напор бара. Се плашам како ќе се поднеси се. За темата погоре, јас со првото ни шише употребив, ни цуцла лажалка, ништо не сакаше. Секако мора да се има по едно барем за секој случај. Силиконски брадавици, пумпи, ништо од тоа немав купено, а не ми ни затребаа. Количка имав земено околу 25000 на Чико и премногу ја искористивме и за шетање и дома само во неа заспиваше. Добивме поклон летна количка, со неа прелесно ама само во лето можи да се користи. Јас фатив зимски период дури да потпркни првото па ми беше потребна зимска количка. И зимата се погоди супер па секој ден скоро шетавме. Во креветче спие од прв ден и тоа треба да се има секако. Овие дена си го цртав ѕидот (како табла е) за да се сликам секоја недела со мешето, како во првата бременост . А замислете уште немам одено ни на преглед, битно спремив се.
Девојкиии денес 38+0 бевме на контрола,бебче 3300 тежи плодова вода доволно ме ставија на цтг мирно. Докторот рече одговара плод за 38+5 ... да си чекаме до термин 15 Август ,а ако ме фатат болки или прсне водењак во меѓу време да одам
Само што помислив дека ќе ме прескокнат мачнини. Луѓе ова не се трпи, помагајте, кажувајте што да се прави... Му викам на мм до толку сум очајна што и на бајачка да ми речат ќе одам. Секако дека не, не знам дали има човек што е попротив бајачки и бабини деветини од мене. Не можам да функционирам, како отварам очи од сабајле почнуваат. Одвај заби се мијам, до 3 саат попладне влагање во кујна никако. Јадење ни на интернет не можам да гледам. Страв ми е да не направам проблем на плодот. Си мислам како ќе се развива ова бебе ако мајка му ништо не јаде. Многу малку ми помагаат бананите, ама во фрижидер да се стоени и грч ладни ги јадам. И кока кола по малку пијам, дали ми помага поим немам. Кока кола во животов мој се имам напиено 2 чаши, сега баш кога не треба јас пијам. Легни-ми се повраќа, стани-ми се повраќа, седни-ми се повраќа, оди-ми се повраќа, само стој на раце не сум пробала. Сите мириси дома ми сметаат, му викам на мм вака ли секогаш ни мириса дома? Дење, ноќе врати, прозори отворени. Мене општо и порано најтешко ми било кога ми се повраќало и кога сум имала мачнини од било која причина. Се' ќе издржам, што сака нека ме боли, ама ова.. Единствена добра работа е што ме попуштаат кај 6 попладне, така да навечер можам малку од малку да функционирам. Инаку од утре сум 7 недела, во четврток сум на гинеколог, прв пат ќе одам. Знаеме дека сум трудна веќе три недели ама гинекологов мој не прегледува пред 7 недела. Немаме кажано на никој, по иницијатива на мм демек прво на лекар да ми потврдат. Епа не можам веќе да се кријам од луѓево. Секој ден повраќам, лошо ми е, бледа како болна, и ги одбегнувам сите да не ме препрашуваат што ми е. И така, којзнае уште што ме чека Ќе се издржи, нема назад.
Пробај со зелени јаболки мене мн ми помагаа и леб тостиран или двопек؛ Мозеш и антиметил да земеш кај секој различно, на некој помага на некој не؛ И повеќе гинеколози не примаат до 7недела, не се нервирај
Иста бев од 6 та недела до 12 недела. Не се секирај бебето си расне нормално. Јас две ги носам. Зелени јаболка, двопек јадев ама многу повраќав и по препорака на доктор пиев реглан и антиметил. Ќе помине
Со лесно Нема ништо да му биде на бебето ако не јадеш.Гледај течности да пиеш(колку можеш повеќе).Јас во првата бременост ослабнав 4 кг се си беше во ред со бебето.Оно си растеше.Пиј витамини.Сега пак само јадам оти мислам ми помага ама пак повраќам и пак ми е лошо и вагата ми оди нагоре Доброто е што знаеш од што ти е лошо и повраќаш Не верувам дека некој со задоволство повраќа и сака да му е лошо.На почетокот и јас бев како тебе готово умирам не можам веќе ама полека секој ден се навикнав.Мене ми помагаа Б1,Б12 и Б6 во комбинација ми поминуваше гадењето. До 14 недела може и порано, стисни заби ќе помине