И јас во првата бременост така од 6та до кај 14та недела бев ужас. Не можев д јадам, а гладна уште полошо ми беше. И јас имам фобија од повраќање и гадење ама ќе издржиме тоа е. Се молам да ме одминат мачнините оваа бременост, ама рано е сеуште, 5та недела сум јас.
Еве и јас сум истата, не си единствена, после 6-7 навечер ми е малце подобро, едвај од сабајле ставам некое овошје во уста, пијам по 2 апчиња на ден Б-комплекс, бонбони, кока кола, џабе ништо, 5 мин само ми е ок, после пак, јас уште два дена влегувам во 8ма недела, и веќе 2 недели ми е постојано вака, по цел ден, на почеток кога дознав само од сабајле ми беше така мачно, а сега по цел ден, се ми мириса, се ми се гади, се ми се лоши, само да е се како што треба, другото ќе истрпиме, тоа е што е.
Многу брзо ке поминат неделите ќе поминат и мачнините. Еве ја сум 13+1 едвај издржав,едвај јадев со сила. Се воздржував да не повратам ептен зорт кога ќе ми дојдеше.Сеуште ми сметаат мириси ама се помалку имам мачнини. Мене за мачнините ми помогна кисела вода и обична ладна вода а и јаткасти плодови највише индиски оревчиња. Стиснете заби се ке помине многу брзо,со лесно нека ни е на сите
Имав и јас мачнини до крајот на 14 недела трчев во wc ако јадам повеќе од 5 залчиња обично навечер имав мачнини, ослабнав 3 кг. Сега сум 17+4 немам проблеми со храна веќе можам се да јадам немам ниту мачнини, си ги вратив килограмите и плус едно само што ми сметаат мириси Ќе поминат и мачнините за некое време
Притисокот 110 со 60,пулс 120... од што може да ми е така? а не сум ни вознемирена,нити нешто правев, си седев пред ТВ. Железото ми е топ, крвна слика исто, ама често ми се случува вака со тахикардии, а притисокот низок...особено деновиве со топлото ми беше доста тешко. Главоболка скоро секој ден си имам,ама на неа се навикнав цела бременост хахах. Инаку 35та недела сум. Има некој со слично искуство?
Најверојатно од топлото.Инаку пулс во бременост ок е да е побрз од вообичаено.Јас цела бременост редовно мерам притисок и пулс и досега пулсот ниту еднаш не ми бил под 100 Да напоменам дека кај мене и тироидната си го прави своето имам Хашимото.Може да ја провериш и ти да не имаш високи антитела.
Мене во болница ми кажаа дека за едната ќе ми треба. Имам гради ама на едната неможеше да фати. Земав медела и така теравме мислам најпогодени се.
Јас имам бемка во пупакот и баш беше ко невидлива, сега во 30 недела како да ми се развлече и некако шубе ми е да си ја гледам. Баш се погоди местото кај да ја имам... Иста сум и јас од почеток па еве сега 30 недела уште повраќам. И јас не можев да скријам сите знаеа без да прашаат дали сум бремена. Ќе се издржи, мора
Јас не те распнувам, кажувам што е правилно. Ссекоја мајка што чита сама ке одлучи како ке го одгледува нејзиното бебе.
Аман, само ти знаеш што е правилно во темава. Не, не го малтретира бебето ако му стави ракавички. Не, нема да му остане неосознаен светот или нарушени рефлекси ако му стави ракавички. Ако бебето има нарушени рефлекси нервен систем ќе му проверат, нема да те прашаат ракавички дали му ставаше. Не знам како си дозволуваш да и кажеш на мајка дека си го малтретира бебето. Ако сакаш реди, ако не сакаш не реди, никаква разлика нема да направат во развојот на бебето. Ако некое бебе е нервозно од ракавичките, мајката ќе го примети и ќе му ги извади. Некои бебиња се толку искулирани што не им пречат ракавичките никако. Ама од на форум најубаво се проценува дали ќе му создаде нервоза на туѓо бебе нешто толку ирелевантно како редење ракавички. Најмајки бреее, за секоја мала глупост се дрзнувате да и кажете на друга мајка дека си го малтретира бебето
И мене ми беше висок пулс со тахикардии во 8ми месец,ми рекоа од топлото (лани во август) Дозволено е 2 на ден бедоксин/б6 Ако може слика која пумпа ја зема од алиекспрес и дали си задоволна.[/QUOTE] Побарај на али, real bubee, презадоволна
Ако ти не сакаш да му ставаш не му ставај. Ако некоја сака да му става не значи дека си го малтретира бебето. Твоето бебе нема потреба од нив, некое друго може има
Секое бебе е различно. Никој родител не може да биде 100% спремен. Ништо не е според книга или како сме си замислиле ние. Ако на моето бебе му одговара нешто, не значи на друго ќе му одговара истото. Следете си ги бебињата и верувајте му на вашиот инстикт. Дали има потреба или не за одредени работи, вие како родител ќе увидите со вашето бебе кога ќе се роди. На темата, вторава бременост колку ми е поразлична од првата. Многу поактивно бебе. Треба да одам неделава повторно да ми го проверат цервиксот. Многу ме притиска доле и чуствувам притисок. Не е пријатно. Денес влегов во 6ти месец. Уште 4 останаа. Колку побрзо ми мине бременоста за разлика од првата.
@Mantub многу напна на темава безвезе. Значи тоа што го кажува жената е научно мислење, не е "мајката најдобро знае за детето". Дајте во 21 век малку едуциран пристап имајте и прифатете нешто ново.
во секоја продавница за бебешка облека, минатата недела видов во Картерс во Веро , во бамбисимо во буњаковец , не сум шетала низ многу продавници последниов период малку незгодни ми се смените на работа
Ha ha toa ne e nisto jas se slucuva I po 4-5pati da stanam vo tekot na nokta skoro na sekoe prevrtuvanje nikako polozba ne se naoga ke izdrzime uste dva meseci
Види, ти си личноста која кажа дека бебе ке умре ако се напие вода. Сега тука ми контрираш за нешто кое е научно докажано. Нели ти секогаш се држиш до фактите или само ти е интересно да се караш со мене? Никој нема да ме убеди дека трака на ушите не е малтретирање на бебето. Целта е бебето да нема клемпави уши.