А нели клемпави уши е генетска предиспозиција? На моето му се виткаат ушите нонстоп на спиење ама не сакам да го мрдам и го оставам така.
Да, кој има генетска предиспозиција ке има и клемпави уши. Се случува бебето ако спие се на една страна да го расклемпави ушето ама ретко. Затоа и реков, со ставање траки се малтретира на бебето. Кога ке порасне и ке почне да ја вади траката ке му се расклемпават.
Кога е низок притисокот а сега жешкото придонесува повеќе да паѓа поради вазодилстација ширењето на крвните садови, се зголемува фрекфенцијата на срцето за да надокнади ради приридокот да има доволно проток на крв низ организмпт. А и општо во бременоста знаат да се јават тахикардии, така да не се плаши пиј течности барем 2 л дневно. Јас сум 37+4 и мене исто ми се случува но нормално е
Како се справувате со горештините во 9ти месец? Јас сум 36+2 и овие денови сум за никаде. Ниту можам да седам, ниту да лежам, се ме нервира, нозете ми се мн отечени, грб ме боли
Дома на ладно под клима со нозите подигнати се држам некако. Колку може помалку надвор по жешкото и така со лесно уште малку имаме ајде ќе издржиме некако
Како влијаат хормоните во бременоста на вас? Дали се сте поосетливи или почуствителни и дали имате разбирање од блиските дека сте во друго стање ?
Научно мислење е дека ќе му се нарушат рефлексите од ракавички, сериозна си? И јас реагирам за пристапот нејзин, може да каже мислење еднаш, не може да и кажува дека си го малтретира бебето ако му стави ракавички. Не влагајте у филм многу дека само вие сте едуцирани научно пошо бил 21 век, побогу за ракавички збориме. Реалноста е, и да ставиш и да не ставиш, разликата е безначајна.
ракавици ни беше кажано да ставаме само за да не се гребе, ако воопшто се гребе. За топлење на екстремитети да не ги користиме. А, сега првпат тука читам дека има и врска со рефлекси, или нема
Јас сум на почеток, и сум скроз забегана, така можам да кажам, на моменти се нешто ме нервира, па после се смеам, па се ми смета, па се карам за глупости, јас секако сум емотивна, ама сега уште повеќе, некако не сум ич трпелива, имам разбирање скоро од сите, најмногу од мм! Дури некогаш се смее на тоа како реагирам, за некои работи што порано не сум ги приметувала.
Абе дојдов да ве видам... Кој се породи? Сакам да гледам нови трудници, да чујам за постоечките и да ги гушнам оние на кои им е пеколно топло. Џабе се породив кога имам хаос хормони, така да иста сум ко вас. Си плачам од ништо, се понашам биполарно, претопло ми е... И нормално ми фалите... @stoimanovskamarija до кај е?
Не ли читаш што се пишува побогу! Какви рефлекси?! Едино моро рефлекс имаат бебињата кога ќе се родат. Ние зборуваме за сосема друго. Темава не е за тоа. Слободно во бебешките теми може да се продолжи дискусијава.
Како се справувате вие што сте 8ми и 9ти месец со правење на филмови во глава како ќе биди породувањето? Што ќе биди? Што ќе биди ако фатам корона кога не треба и триста други... Јас последниве два дена значи незнам што ми е ама готово навлегов во тешки филмови
Јас до пород бев таква. Испаднав негативна и без антитела, ама се потев до последен миг... А за пород сосема нормално да имаш филмови. Ќе биде се во ред и ќе мине најубаво, ама не бива без филм "што ќе биде, како, дали ќе е се ок " и сл.
Јас ја фаќам 15та недела па излудев на жешково. Јас и во нетрудни времиња сум с'клетџија и не трпам топло (зимски човек), не па сега) Али ко сега што се осеќам ко да горам, буквално, претходно не сум. Оно топло е, ама мене ко телово да ми се вжештува повеќе. и ептем ми е интересно дека, кога и да го фатам стомаков, ладен е ко цело тело да се фокусирало да обезбеди поволни климатски услови за какаче)) За хормони....го исплакав цел свет, се исплакав себе, луѓето тука, чак и бебе го исплакав пошто утре треба да функционира во светов. Со другите сум се' уште арна. Колку што се они арни со мене)) Бар немам мачнини. Повремено некој нагон за повраќање ќе ме спотера, киселини, мочање сто пати во секунда..али тоа е. Мене нозете ми отекоа пар пати прошли месец. Секој пат после подолго седење. Ќе видиме понатака..во поодминати месеци како ќе е.
Денес посебно сум тажна, кај моите во село е селска слава. И луѓето се без осет, се најавиле дека ќе дојдат на гости. Па, затоа ние денес со страв уште рано рано бевме ги видовме моите и неговите, пред некој да им отиде. Незнам зошто волку се плашам, но освен моите и на мм родителите никој не сум видела. Јас да знам дека бремена жена има, свесно не би отишла. Ги жалам моите и неговите родители, глупо им е да кажат да не им доаѓаат гости, а и нас да не не видат. Тешко ми е, и ме фаќа плачка зошто незнам дали нема да ме заразат во последниве 2 месеци. Емоции ли се, параноја ли е, си умислувам ли, незнам-но многу ми е страв