Дали премногу отечени нозе во 36 недела се индикација да проверам д-димери? 3 дена отоците не се намалуваат. На последниот преглед во 35 недела немав отоци и на ехо се беше во ред и матичниот не ми рече да проверувам д-димери. Сега не знам што да правам
А да провериш притисок? Мислам дека отоците со тоа ги порвзуваат иако мене од топлото ми беа. И јас лани ова време бев бремена глуждовите не ми се гледаа од што имав отоци. Инаку моево икаше од кај 25та недела некаде. Тој период до 30та лежев морав да мирувам и го чуствував. Не ми беше пријатно чуството,поинтересно ми беше мавањето со колено или лакт Сметав ,читајќи овде дека е нормална појава,па никогаш не прашав гинеколог,а бебе се роди здраво,право.
Многу честа појава е низок притисок во бременост. И мене многу често ми паѓаше, затоа и трудниците имаат главоболки, вртоглавици, поспаност итн.
Znam I jas imam nizok pritisok ama vo bremenost za cudo mi bese sekogas normalen gin sto odev na privatno mi go merese redovno
Поздрав м Како знаете дека ика? Јас само клоцки осеќам, не знам ни да познам дали се од раче или ноџе, движења поместувања не знам како треба да изгледаат, од утре сум 25та
Пулсирање на одредено место, на ист интервал. Знам читав тогаш кога јадеш нешто почнуваат да голтаат од водата и после икаат.
Женски моментално сум 35 + 5, според ехо сум скоро 37. Синоќа цело време на секое местење на бебо осеќав како змиички да ми минат со притисок кој оди до вагина. Дали тоа нешто значи?
Вчера бев 90 со 50. Дали ми се причини ама и бебуш беше тој период штама. Подоцна во денот кога го вратив 120 со 80 се размрда.
Од која недела почнавте да ги осеќате движењата? Јас некако нестрплива сум. Брзо ми минуваат неделите, али не толку брзо)) Сабајле налетав на ова и се згазив од смеење.
хихихи интересни прашања и одговори. За движењата обично викаат после 19-22ра недела кај прворотки. Првите движења се баш како пеперутки треперења. Многу зависело и од постелката, кога е на пред ѕид послабо се чувствува, а кај заден ѕид појако се чувствувале. Исто прворотките покасно осеќале, а второ и треторотките порано, веќе имаат искуства и знаат. Индивидуално е. Јас лично околу 19та почувствував нешто, но не бев сигурна точно, и си мислев цревата ми клокотат. По 24та недела баш се удари, сега во 31ва недела внатре салта се случуваат, превртувања, па веќе незнам со што ме шутира
Јас во првата бременост во 14та недела така ко гасови скоро и да не можиш да ги распознаеш. Во минус бев со килажата и преслаба после првото тромесечие па можеби и тоа беше причина. Бев дома цело време во мирување, не се движев многу па претпоставувам затоа и осетив толку рано.
Сега го правевме муабетот со @LadyC. Нашите се скоро две недели и нон стоп икаат. Исти беа и во стомакот. Така да, не се секирај @monka_bonbonka во ист ден се породивме со Lady Идни мамички, навистина е стресно да се биде бремена за време на пандемија. До последен момент бев под стрес што и како ќе покаже тестот иако максимално се чувавме. Ви посакувам на сите со лесно да си ги износите бременостите до крај. Не се секирајте, ќе летне времето. Колку пати им се восхитував на членките што се породија а јас бев околу 30та недела. И си викав кога ќе се породам јас.. А ете времето летна бебе расте. Се распишав. Имајте убав ден.
Мене ми е цело време 90 со 50 а прееска уште поише ми падна и пиев 2ро кафе иако не сакам да се трујам ама бар ме крена. За осеќање исто го осеќам и со нискиот притисок. Може после кога си јадела пиела вода и тоа се размрдало.