Женски кога прв пат ви правеа вагинален преглед и зошто? мене денес прв пат и...мајко мила не знам дали ќе дадам пак. 35+3 сум, многу повраќав вчера и сабајле и веројатно од напињање цело време стомакот ми беше стврднат дури почна да ме боли па бев на едно ЦТГ и тоа прв пат. И се ок...
Под ок мислам мирно ЦТГ мали контракции далеку од оние за пораѓај, а грлото цврсто затворено само постелката трет степен. Не знам дали ќе дадам пак така фа ме прегледуваат, уште ме наболуе фуј... Хаха мора ама ми вика Др "ај молим те не ме фаќај за рака" ај важи си викам ))
После пораѓај, дека требаше природно да биде, уште два дена имав чувство дека ми брка некој во мене, спреми се, ако раѓаш природно дека ќе има повеќе вакви прегледи, па и водењакот мене со раце ми го пукаа.
А епидурална ако ти шлакнат се осеќаат пак тие прегледи со раце доле? @kukla21 може ти знаеш за епидуралнава ...да си се утешам
Мене и првата и втората бременост од прв преглед ми пикаат рацеНа крајот проверуваат колку е спуштено бебето веќе. Не боли ако се опуштиш и не се стегаш.А на пораѓај ако си природно тоа е нормална постапка на секој саат да не кажам ама тогаш не го ни осеќаш прегледот чекаш да ти кажат отворена си 10 прста Па и на обичен гиниколошки преглед ти пикаат раце. @Monella кажи како сте?Како е дечкото и прцле слуша ли?
Ќе се уфрлам во сред разговор... Ама на обичен гинеколошки никогаш не ми брцале раце, освен ехо вагинално за друг преглед не знам
Добро нели одма го ставаат епидуралот па само го поседуваат ај да се надеваме дека ќе иам среќа ја од врата ќе им барам
Стварно Тука обавезно те прегледуваат откако ќе ти земат пап, па после градите целите ти ги допираат ако најдат неко жлезда со ехо ги гледат Епидурал се дава од 5 прста отворена
Леле, немојте со хорорите)))))) ќе ме истрауматизирате, а ни до пола пат не сум вака, се изначитав хорори за царски, хорор за природно...да го телепортираат бебево нели може?! У бестрага
Не овде пап, брисеви па со сонда на ехо те гледа. Друго ништо. За гради одам приватно 1 год си плаќам преглед за ехо и толку.
Вкупни протеини треба да провериш во урина и преку крв ама најдобро со гинеколог и пиј вода повеќе од тоа што пиеш и повеќе протеини или цела исхрана да е протеинска.
Мене ми дадоа епидурал со еден прст отворена. Цела ноќ се мачев со болки. Сум пишала и претходно, кога ќе имате преглед со рака, скроз опуштете се, дишете длабоко и малку напнете како да какате.
Не е толку страшно Поише непријатно и језиво. Инаку во странство стандардни се преглед со прст и гради.
Подобри сме, фала. Само што ни кажаа дека утре ќе не пуштат дома. Синко како и сите деца, одкако почна да станува нема сопирачка, полн е енергија Јас како да се преладив овде, уште првиот ден осетив дека доле во салите за операции климите им се на најјако а јас на тенко и кратко фустанче смрзнам, а и овде на репартот температурата не е баш како за мене, почна стомак да ме заболува и исцедок да имам. И така сега си седам како дедо Мраз навооружена со чорапи и џемпер, ми фалат капа и ракавици Знам, не ми замеруваат, сепак хормони се во прашање
Да, можно е ако се има комплициран и долг пораѓај каде жената тешко се отвара,ама не повеќе од 8прста. @zhap4e што читаш па тиЌе ти кажам има жени многу што преувиличуваат така да немој да слушаш ништо.Секој различно го доживува.Најважно е да мислиш дека тоа е природен процес и дека нашите тела се создадени да ја издржат таа болка.Со секоја болка си поблизу до бебетоИмаш време за болки уживај си и не мисли, ќе мислеш кога ќе те фатат @Monella баш се радувам што сте добриТи чувај се немој да настинеш
Женски здраво јас сум нова во оваа тема Многу сум загрижена и секое искуство или совет би ми било добредојдено...Во 9 та недела при вагинален преглед докторот ми најде полип на цервиксот кој беше многу мал. Рече дека од хормоните најверојатно настанал (на претходните прегледи кои секојпат вклучуваа и вагинален преглед немав ништо). Сега сум 16 недела и на овој преглед докторот ми рече дека полипот е пораснат 2x3 cm што воопшто не е малку и дека незз што да прави со него...сепак ќе го пратиме и чекаме да видиме како ќе се одвива. Ми рече да си се однесувам најнормално како и фо сега и ништо друго. Следен преглед ми е за некои 3,5 недели кога ќе сум 20 та недела. По интернет изначитав 300 работи се испаничив 200...Инаку живеам во Германија и тука пристапот е мн поинаков барем што сум читала од кај нас. Нит апчиња нит хормони препишуваат па макар и да прокрвариш...незз што да речам.