Ic ne se sekiraj za ehoto jas kaj mojot maticen gin odev samo za papirologija za eho si odev na privatno
Женки, ехото е ултразвук, значи никакво зрачење. Не е штетно да правите преглед еднаш неделно. Но една интересна информација, мојот матичен ми кажа наводно има истражување дека бебињата го осеќале тој ултразвук, им сметало па затоа се криеле И ако немате проблематична бременост прегледи со рака што поретко, ако може и ич, да не се изложувате на непотребни инфекции, освен на крај кога ќе ве примат во болница.
Само кај нас преглед со рака се гледа како зло. Си има зошто се прави и на редовен преглед и во бременост. За време на пораѓај да, ама пред не верувам. Мене од целава мака со тоа едино ме мачи депилацијата. Никако да отидам, а сама сум се направила пуздер. Срам ми е да се соблакам таква
Мене ама ич не ми е гајле за депилацијата, колку можам пред пороѓај ќе се фатам со бричот. Не планирам на крај нешто да зезнам ради влакна. Ич нека не ти е гајле, колку можеш среди се или маж ти нека ти помогне.
Не знам, па болничарката ич не сакам да ме пипа пред пораѓај А и срам ми е на столица да седнам којзнае каква доле. Не сум била ваква никад и се осеќам грдо.
Абе сега во сред корона ма влакна ли ќе мислиме јас и на бокс 2 пати ме легнаа за прегледи не бев депилирана, око не ми трепна. Пробај со огледало ќе се фатиш со бричот колку да не си без ич, или појди на козметичар ако толку ти се на мисла.
Лелее јас саат време на тоа губам кога треба да одам на преглед, немој ни влакно да има После треба да се срамам хахаха Така кога се пораѓав со првото во Чаир секој ден играше бричот , дека недела дена бев таму и ми беше срам ако не бев средена. Си велев којзнае што ќе мислат за мене хахахах
Кукла, така ми е кажано од двајца доктори, не го смислив јас. Да, можеби е само кај нас, а можеби и се во право. Кој ќе знае?
Мене влакна ми се природна и нормална ствар, не е во ред да одиш ептен несреден ама ако има некое влакно голема работа. Ниту нешо ќе си речат ниту ќе те памтат
Преглед со рака во првата бременост немав. Бев во болница 3 недели пред пораѓај и не ми брцнаа ниту еднаш внатре со рака, може дека син ми беше карлично поставен па се знаеше дека ќе ме пораѓаат царски. А на ехо, тие 3 недели ме гледаа секој ден а некогаш и по 2 пати во денот па ништо не спомнаа дека е штетно. Друго дојдов да прашам. Стомакот денес ми е многу тврд, прв пат вака го осеќам, дури кожата ми е затегната, болка немам никаква само затегнатост. Има врска што не сум одена во вц 2 дена? Или нормално е во 3то тромесечие? Од утре сум 33-та недела.
За стомакот камен и кај мене се прави. И тоа затегнува мислам кожата ке ми распука. Пред 2 дена ме фати половината да ме стега повејќе како бубрег да ме болеше и камен тврд ми се направи. Следната недела сум на преглед па ке видиме. Може нормлно е во трето тромесечие вакви нелагодности.
И кај мене е така ако не одам во вц или да јадам одма се дува и камен тврд е мислам дека ќе се расцепи цел али али нормално си е
^и јас мислам дека е нормално такво стврднување, повеќе е како грч, трае неколку секунди. Јас мислам дека се превртува и зазема некоја позиција, па ме пушта.
Ja prasav denes dr za ikanjeto, rece skroz e normalno ic da ne se sekiras Inace kaj Petrovska idam vo Sistina i i veruvam, taka da bidi si i ti spokojna
И јас сум кај неа. Добро е да не го мислам. Како ти закажа следен преглед, да не почнувате со цтг и дали нешто спомна за одмор докторката? Јас кога ја прашав за одмор ми вика не ми даваат.
Ги добивате оние лажни контракции(гуглајте braxton hicks, или прочепкајте на подфорумов, има таква тема). Ништо страшно, телото ви се подготвува за правата ствар.