Искрено и јас би паничела и тоа многу. А за тоа дека немало бебето срцева реакција за време на преглед и пак да е се во ред не сум слушнала. Не ссакам да те паничам ама оди и направи повторно преглед.
Мила, зошто се оптеретуваш со туѓи негативни приказни, секоја бременост е различна и неможе да се спореди. А ти како што гледам немаш никаква причина за тоа, влегуваш во 13-та недела, критичниот период полека го оставате зад себе.....мисли само на убави работи, немаш причина за грижи. Поздравче
Со оглед на тоа дека не си имала крварење, мала е веројатноста. Кога е прегледот? Знам како се осеќаш, ама обиди се позитивно да мислиш, и како што кажаа другите - веднаш после него влегуваш во безбедниот период. Со среќа!
Си правам филмови на 30ти ми е прегледот и тоа ми е прв преглед...и се плашам од кој знае што. Ќе пробам да не читам апсолуно ништо до тогаш. Инаку јас немам мачнини веќе 2 недели...Супер сум. Ви благодарам за поддршката...
Ете уште само малку И мене неделава мачнините, кои и онака не беа јаки, ко да ми поминуваат. Викаат дека сега плацентата полека ја превзема својата улога, па хормоните се смируваат. Продолжи да бидеш супер!
Ке биде се во ред, стом се чувствувас добро тогас нема простор за паника! За утеха и јас усте немам слуснато срцева реакција, едноставно не ми пустија, ама се надевам дека следната контрола ќе слуснам, мора да е се во ред!
Секако дека мора! Ќе се радуваме сите заедно во февруари Јас два пати до сега слушнав Прв пат во осмата недела, и втор пат завчера, кога отидов на консултација Прво докторот не мислеше да ме страви на ехо, ама претпоставувам после кога почнав да го прашувам за препораки за патувањето и сл. си рече дека побрзо ќе ме откачи ако видам дека се е во ред
Како прв преглед? До 13-та недела не си имала ни еден преглед? Малку ми е чудно тоа или јас нешто лошо сум те разбрала, затоа што ние во 14-та недела веке и полот го знаевме, премногу е рано но се случува да може јасно да се види.
Rusi кај нив првиот преглед се правел во 13та недела. Јас да си прашам може ли пиењето на ладна вода да наштети нешто? Можеби е глупаво прашањево, но на мисла ми е
Таман работа на +40(иако го погодивме годинава летово) да не пиеш бар малку ладна вода. Пијам и вода(но или превриена или изворска) и сокови, чаеви секакви ладно,топло колку повеќе течности внесуваш толку подобро.
Да Руси...и мене ми беше чудно ама ете таков им е системот овде. Сега преглед прв дали е се во ред па ќе направат испитувања за синдроми итн. па во 14та недела уште еден за органите како се развиени...Тоа е...инаку да имав други прегледи предходно немаше да ми е толку страв.
Сега се вратив од шетање.Две шмизли од 16-17 год поминаа покрај мене и ми дофрлија коментар :Јаоо види ја оваа колкава е мислам колкава сум бе?останав трудна со 46 кг и се поправив 14 имам само стомак.Но и да не е така,зошто лугјето се толку злобни и некултурни?Искрено прво збезнаф и сакав да им се вратам но маж ми ме допре срамота било ова она.После од како се смирив се изнаплакав.Веројатно и хормоните ми заигра ама се осетив мн глупаво
^ Joy, зоштоооооо? Зошто обрнуваш внимание на непотребни и излишни коментари од невоспитани и необразовани луѓе?Тие не знаат како се дојдени на овој свет, затоа мрачарат такви работи. Тие не знаат колкава е големината и благодедта на една бремена жена. Тоа го знаеме само ние. И мене секој ден ме чекаат да излезам на врата, повеќе од мене мислат кога ќе се породам, дури мислам и Фб да деактивирам дури да се породам неподносливи се луѓево.Уживај си во овие последни недели од бременоста, кулирај, нека зборуваат што сакаат, мои се килограмите, мое е телото, и ние си го сакаме, затоа што за скоро од нашето тело ќе излезе нов човек, за кој сите коментари се излишни.
Во право си мила ете се смирив векје.Сигурно ми проработе осетливоста на моментот,па изреагирав побурно од што треба .Чешки нека дочекат и тие ке сватат подоцна дека грешат што вака се подсмеваат на трудници
И јас денес се извадив од такт со колешкиве мои ми водат евиденција што јадам сум била трудница требало да пазам тоа ти е кога работиш со жени само немаат друга работа освен да ги гледаат другите. јас како да незнам да се грижам за мене и моето бебе,као демек ти кажуваме за твое арно викам моето бебе и јас сме совршено здрави не се секирајте гледајте си вие што јадете секакви пици хамбургери од Ројал ЖУЖУ,мене оставете ме од такт ме извадија,сакав да јадам пита со месо демек кај најде сега тоа да јадеш викам неможе само салати да јадам и риби и јас сакам еднаш друго нешто да сменам си внимавам што јадам ама некогаш кога сакам да каснам друго сакам им се чудам на паметот на Лугево Жими Мајка скроз забегани се...
Убаво ги нарече шмизли (ја би додала и празноглави) тие секако дека сеуште мислат дека нив штркот ги донесе. Мене секојдневно ми се случува тоа ама не на тој начин туку од познаници кога ќе ме сретнат а не знаат...и вака оди муабетот: кој месец си? Им викам 7 и нешто! И они ууууууууууууу машала! викам со близнаци! Ааааааа добро! Знаеш као ми дозволија они што сум голема дека две бебиња. (Јес да и ја се прашувам до кај ќе оди големината на стомакот) ама па посентиментални сме кога некој друг ќе ни го каже тоа. Уживај, ако ти е полесно...сврти им се на тие мали и објасни им колкав ти е стомакот. Мене пред некое време една баба у продавница ме мавна по г'з толку јако што и на продавачкава и стана незгодно, и си барав објаснување кај "госпоѓата" и после 5 мин прашување на што се должеше нејзиното понашање и без добиен одговор....и изнакажав се што ми лежеше на душа, без пардон....
Тоа дека луѓето не знаат да си ја гледаат својата работа, веќе си го знаеме така да нема што да се замарате. До мене лично уште не допреле таквите коментари, ама толку ми е небитно кој што ќе ми рече за тежината или за исхраната што дури и не ни дослушувам кога се збори . Јас сум поправена 13 кг во бременоста, ама пред тоа си ставив убава килажа така што понекогаш си се чувствувам како слонче Тоа знам да си го искоментирам пред маж ми и да си се изнасмеам и толку. Ако некој нема попаметна работа нека ми ги мери килограмите. Мене ми е најбитно синко да ми е жив и здрав и да си го гушкам наскоро, за коментари од околина ама уво не ме боли