Женски 21 недела сум од утре и сум на скрининг. Денес бебето ни еднаш не го осетив, јадев благо ама не мртка Вчера не удрија со кола баш бев потресена ама вечерта си беше се со ред. Незнам се нервирам цел ден лежам да го осетам, нејке да мрдне
Како ве удрија? Да не си се повредила а да не памтиш? Баш цел ден го нема? Не мора да значи тоа е уште мало период е и кога почнуваат да спијат повеќе и тешко се осеќаат ... Мене не ми се правк камен ама ми се дешаваат ко вибрации цел стомак се тресе? Се чудам што прави... ви се случува?
Нене, со 20 30 брзина, башка го видов залетана будала, директно на нас возеше, среќа што со мала брзина беше :/ едвај чекам да преспијам да идам утре да го видам
Не се секирај, може ќе имаш периоди кога помалку ќе го осеќаш во следниве неколку недели, и јас се замарам секој ден, цел форум го исчитав и сфатив дека попасивни се како растат. Може спие или е ептен мирно. Штом немаш болки не е за паничење, рано е за убаво да го осетиш. Еве ме, 25 недела па има денови кога ако не легнам на грб и не се сконцентрирам ништо буквално не осеќам.
Вибрациите се од тоа што движи и јас ги имам само сега поретко дека нема место и само се тегне како правоаголен ми станува стомакот или се љуља цел кога мрда мислиш на транс журка е дефинитивно убаво е да е во стомак ама едвај чекам да искочи мислам дека секој ден се потежок ми е
Мене ми се случува сѐ почесто и јас се чудам што прави, добро е и други што имаат овакво искуство, мислев моево лудо е. Би сакала да го гледам на ултра звук во тој момент. Си се потресла, душиче! Ако немаш повреди, би требало сѐ да е океј со бебето. Бебето е заштитено во стомакот. Оди на ултра звук, да се намириш.
Едноставно нема да се гледате, побитно е твоето здравје и на бебето... Јас со моите се гледам на 5 мин во двор при пешачење и тоа е еднаш во две недели.... Моите одат на работа имаат контакти нејќам да ризикувам, исто и сестра ми, не пазат многу излегуваат и не сме се виделе неколку месеци. Во ваква состојба треба да си поставиш приоритет.
Да се пофалам денес си ја видов точката рано е за срце, по 2 недели ќе одам пак. 5 недели и 2 дена сум сега, моето синче ќе си добие братче или сестриче, дај боже ❤️
Tamu sum celo vreme na 19 sum na glavniot skrining pa se zamisliv dali isto ke mi naplatat kako predhodnite pregledi.
За 2 дена сум 37 недела. Се чуствувам мн малаксано, ме тера на спиење, немам воопшто енергија. Дали е нормално тоа во овие недели?
Нормално е, на мене ситее ми викаат движи се треба да се движиш јас неножам да мрдам грчеви коски све ме боли, уморна, нозете ме пецкаат и ми помодруваат ако сум две минути на нога си лежам и одмарам. Одмарај си уживај си телото ти кажува до што ти е ❤❤❤
А како ти наплаќаа претходно? Како обично ехо? Ивановски не е безобразен и не наплаќа екстра. Минатиот пат ништо не ми внесе, а со тоа и не ми наплатија.
Мешиња како ви поминуваат деновите? Што правите? Јас скоро 31 недела, едвај дишам, едвај одам, маж ми вика како полжав лазиш низ куќа. Почнав да средувам облеки за бебе од денот што нема како да пројде. Не излагам надвор све сум дома, се плашам нешто на крај да не зезнам.
Никако не ми е. Барам викенд да отидам негде ама нема толку изолирано место во МК ја како што сум замислила. Еве веќе 3 дена како сум скроз затворена. Мислам дека уште малце и ќе се скренам а баш ми треба движење се ме боли Едит: Само со длабоко извинување до мешковци што мораат да лежат дома. Искрено ви се дивам ја стварно психички не би издржала