Од љубопиност ми е секое читање, уште малку ајде па идеме на други предизвици (доење, банкање, успивање ...)[/QUOTE] Оф ајде едвај чекам да се зафатам и да немам многу време да се бавтам со глупости
@Poppins мене сто пати кандидата ми се појави и ми се одјави и ниеднаш ништо не ставив. Не е опасна, само што е досадна и колку повеќе ја лечиш, толку почесто се појавува. Тотално ја изигнорирав и сега веќе месец дена ја немам ич (сум набила имунитет). @Chanell* зошто не го ставаш прогестеронот вагинално? Ем поголемо е дејството, ем нема да имаш вртоглавици. Јас еднаш го испив, ми се вртеше и го повратив. Едино што може да ти направи е појачана кандида на почетокот, дур не се навикнеш на него. @Milkiway многу е битно да потпрошетуваш бар по малце, мене ми беше шубе сама на улица, сега и дома сама почна паника да ме фаќа. Не можам да чекам на маж ми да ме шета, си има работа, лево десно или со мајка ми излегувам или со другар/ка на кафе. Така барем ќе ти пројде денот побрзо, а и времето до породување. Многу ми беше тешко кога беа најјаките полициски и искрено уште сум во трауми од тогаш. Имав и дозвола ради фирмата, ама џабе, излагаш, надвор ghost citty, све затворено и мрачно. Најлошиот период за бременост го фативме. Сега бар имаш кај да прошеташ и да седнеш сладолед-кафе и да се ѕирнеш со некој, тогаш беше многу језиво.
Така си е. Ама јас имам јаки вртоглавици еднаш отидов до продавница едвај се вратив. Некогаш дома од дневна до вц не стигам. И ептен страв ми е не за друго да не паднам да се повредам кој ќе трча по лекари. За мене ми р гајле него за бебево да не се случи нешто. А во полициски шетавме со куче и тие денови не ги осетив многу трагични. И така ќе ти се стеснат деновите и кругот. Дури си возев сегде можев да одам сега ептен зависна сум некој да дојде да ме земе итн..
И мене ми е од истото страв, затоа увек врбувам некој. Абе тоа ти е мал стомак - мал проблем, голем стомак - голем проблем.
Да знам исто и мене досадна скрос е , брисеви се е чисто само она трепка на резултати само сега ми е што и малку печење имам доле и ќе пробам со премивки ако не и чај од брусница да пијам , а да имунитетот гарант ми е настината бев малку и еве а пристигна пак
Ми даде Канестен 3вагиналети. Премногу е,и со месеци е веќе. Ме чистеше со нешто љиљаково таму.. ваљда ќе се смири со Канестенов. Ставам Бетадине а од вечер треба и Канестен. Бетадине ќе паузирам на три дена, сма морам да го ставам него до крај, затоа ќе ги пијам Утрогестанот.
Најсигурна варијанта е во првите 3 месеци кога е органогенезата да не лакираш ниту да правиш нокти , а после не е толку ризично. Јас почнав после 5ти месец и тоа отстранувач на лак за нокти без ацетон и лакови за нокти кои не содржат толуен или формаледихид. Исто не се фарбав првите 3 месеци, после со фарба без амонијак. Дезодоранс исто без алуминиум, алкохол, парабени.. Макар што зависи секој различно, некои и пушат и не се замараат со вакви работи па здрави прави деца раѓаат.
аа го знам тоа лилјаковото и мене имаше со него чистено , порано одeв кај неа и јас , ме чудиш дури за некои раб од неа сеа ја бев мн задоволна и од пристап од се .. Јас ќе почекам ден два и ако не бива и јас ќе го пијам утрогестанот и ноќе тие денови дур ги доставам Полигинаксот , и мене утрогестанот ми го дадоа заради грчеви
Некогаш мора второ мислење да се бара. Јас веќе закажав за следна недела во Систина кај Гордана. Здравје до крај на бременост ќе одам кај неа на контроли освен за брисеви-тогаш кај матичната. Супер си е докторката ама некогаш. нешто ќе се утне Ако мислиме на истата де. Не спомнувам имиња јас
Да тмн е исти се сите знаат да зезнат некогаш , убаво штом си се решила за кај друг да одиш , добра док е таа бар поубав пристап ќе имаш и се , јас тука сите ги свртив ако и ваа ме фате на нерва и јас ќе фатам пат ск .. на иста док мислиме се разбраме
Ова ми е втора бременост и сум 27 недели со првата бременост немав вакви проблеми. Веке цела недела таму доле се чуствувам како кога ке изгориш на сонце црвено и болно и кафени дамки на едната страна е поголемо, хигиена се трудам да држам максимално и при секое одење во вц користам влажни марамици што ги користам за малата бекутан е сега зошто е ова вака незнам досега сум немала ваков проблем а матичниот е маж и многу ми е срам за ова да го прашувам дали некоја имала нешто вакво и дали треба да сс грижам?
Не смее срам од доктор да ти биде. За се ќе го прашуваш, тоа му е работа. Влажни марамици на црвенило никако. Ќе се изиритираш уште повеќе. Црвенило во бременост е честа појава затоа што кожата е понежна од вообичаено, но можно е да укажува и на некоја посериозна инфекција, поради која се препорачува царски. Мораш за се да прашуваш доктор.
Не знам дали мислиш на истото ,црвено и како потечено малку е мене ми е така на страните по нозете подолу од препоните ,од самата дебелина и жешко се тријат нозете затоа се прави ,ми помага многу стик ,патем не треба да ти биде срам што било да прашаш чак подобро да види па да ти даде нешто отколку да направиш беља...
Така може да направи и габична инфекција така да нека те види матичниот и ќе ти препише нешто или може и дерматолог .
Можеш да се плакнеш со хиперманган тоа не е штетно да видиш дали ќе ти помогне и чај од камилица ќе ти го смири местото, со влажни марамици никако да се бришеш, види да не ти е од долниот веш да не ти ствара како алергија некоја па да не ти одговара или прашакот можеби све бива
@Lady95 кафеавите дамки ти се габична инфекција, обично се ствараат од пот/влажно. Немој да користиш влажни марами, дополнително ја влошуваш состојбата. После миење гледај да го исушиш добро делот каде што се дамките ама мора да користиш и некоја крема за побрзо да помине.
До кога е нормално да имам грчеви во стомак,како слаби менструални болки? Се мислам со првото до крај на 13та недела си ги имав. Како е кај вас,присутни се?