Јас сум 13+ и дури мислам дека оваа недела и почесто ги осеќам,дури и кичмата ме боли исто како пред добивање. Мислам дека се од тоа што овие недели побрзно се развива бебото и доаѓа до истегнување на мускулите. Нека пише некоја поискусна мамичка
@Lady95 и гаќи избегавај да носиш по дома колку можеш. Озбилна сум. Со влагата ја љутиш иритацијата или инфекцијата и ти се влошува состојбата.
Јас сум во помалите недели ама си имам болки во стомакот , вчера дури и јајникот и препонот ме болеа.Пиев магнезиум само 250 мг ама од вчера зголемив на 500мг.Со малата не знаев што е болка оти пиев редовно минимум 400 до 800мг.Сега некогаш стварно се плашам од некои болки
Јас кога с епожалив на такви болки ми дадоа утрогестан не знам дали потсвесно ама ми ги смири болките терав од 9та негде до 12та недела со утрогестанот вагиналети. Реално не се штетни напротив се поддршка видете со лекарите
Заборави да кажам на докторкатаАма другата недела имам кај друг доктор прв скрининг па тие се специјализирани за трудници и ќе прашам ако не ми се запали мозокот од жешкото
Ја си одам на лекар со тефтер и запишани прашања и им читам искрено бар ништо не заборавам така да запиши си само пази тефтерот да не го заборајш последно тоа ми се деси
E браво за идејава, јас секогаш заборавам да прашам што сум мислела и после ја замарам докторката на вибер и ми е глупаво
Се будам со грчеви во стомак, издуен, тврд....паники - нешто не е во ред. Се будам без грчеви, потспласнат стомак, пак паники - нешто не е во ред. Едвај чекам да мине сево и да се роди па да се префрлам на паники и штрецање за други работи. И јас треба тефтер да земам. Само за на лекар ми треба концепт, булит поинтс оти ќе се зазборам, ќе ме зазборат...ќе видам сличето и кога сум далеку од ординација ми текнува...не прашав тоа, она, ова
Хахаха, вервај ко ќе излези уште поголеми се паниките уживај дури е внатре Јас во мобилниот си запишувам
Да бе и мене кога ќе ми кажат на сред ехо добро е напредува супер е одма се сум заборајла што ме болело или што сум се секирала и после мирна 3 4 дена па пак отпочеток затоа тефтер
Хаос сме. Мене кога ќе почнат да ми раскажуваат што прави...мрднало рака, нога...абе, ќе се подмочам на стол. Така прошли пат, таа му збори демек да рашири нозе, јас, торко, цела се искривив, наострив очи да видам дали ќе мрдне...оваа уште почна да ми го стега стомакот демек ќе предизвика реакција...мене ме боли ама ќутам и гледам у екран. Глупчо))))
Вчера бев кај матичниот и само на ехо го виде бебето му кажав за проблемот не ме прегледа за тоа ниту ме виде, само ми стави сонда да види дали ми се крати цервиксот поради лажните болки и скратен ми беше но не ми кажа колку... И сега ме фаќа страв оти доле сум катастрофа боли пече пецка чеша црвено е жар местото сега се плашам да не е некаква бактерија или инфекција што можи да му наштети на плодот...А матичниот не ми даде ништо за тоа му звонам но не се јавува..
А зашто вчера не си му изреагирала дека викаш сега му ѕвониш не ти крева. Што ќе ти направи по телефон? Да он не треба така да се понаша ама малку и ти писни му не му ќути. Како може да ми каже цервикс скратен а да не каже колку или да не те ни погледне. Од тебе зема плата он. Оди барај си второ мислење, немој да ме сфатиш погрешно или прегрубо ама малку си виновна што вчера не си му пререкла дека треба да прегледа да каже и да прати на испитување додатно...
Брисеви направи на крај на прво тромесечие? Оди пак, или оди кај друг. Кажи конкретно зошто си отишла и нека те прегледаат убаво.
Брисеви направи и урунокултура чим имаш црвенило. Си требала да го прашаш чим ти гледал цервикс за црвенилото.
Му спомнав два пати но тој не обрна внимание на тоа што му го кажав човекот или со дијазепами беше или надуван такво хистерично смеење досега не сум слушнала за време на преглед
Одма мењај го има уште добри матични гинеколози. А ако имаш можност оди на второ мислење по приватниве негде на преглед
Да си прашам јас тука прво, зошто и во кој случај ви мерат цервикс, во која недела, и како се мери? Јас сум веќе 29та недела, и до сега не памтам да ми спомнала докторката за мерење цервикс.
Гледаат и со абдоменално ехо ако нешто се сомнева тогаш ќе ти измери и мене не ми мерат 30та сум освен еднаш кога се пожалив на болки на вонреден преглед