Да ве прашам, дали сите кој примаат клексани заради покачените д-димери се пораѓаат царски или нема врска ?
И јас имав уреаплазма и пиев еритромицин ,за кој рекоа се безбедни за време на бременост,но штом ти ги препишал доктор сиг може...
Јас примам клексани моментално и ја прашав докторката дали менува нешто терапијава во врска со пораѓајот дали царски или приросно,ми рече за царски треба да имаш такви индикации, ниеден доктор нема самоиницијативно да ти предложи царски.Треба да се види како е наместено бебето долу, дали има доволно проодност кај родилниот канал, до која недела се примале клексаните и сл. Јас сум 27ма недела а посакувам да можам да ги прекинам до кај 30-32ера недела за поголеми да бидат шансите природно да се породам бидејќи овие инекции ја зголемуваат циркулацијата а со тоа и крварењето. Еве деновиве дали дека облачно времето не е запурно, одма ми се смали отокот на ногата и ми влева некоја надеж дека наредна недела на трансфузија резултатите од Д-димери ќе бидат подобри.
Немој да прекинуваш терапија, не се секирај. Со претходното се породив во 42ра недела. Ме фатија вечерта болки и таа вечер не ја примив инекцијата. Чекав до сабајлето па отидов до Чаир. Цел ден се малтретирав после 6-7 саат вечер на бокс ме качија и на крај пак со царски завршив во 23 часот. Од клексан до пораѓај мислам минимум 12 саати треба да има поминато. Таман работа ако ги прекинеш 30-32ра недела, а тераш уште 10 недели без терапија, можеш беља да направиш. И не се гледа само д димери, туку и хемостаза, постелка, протоци, раст на бебе. Јас веќе 34та недела сум. На две недели ме тераат да проверувам. Сфати си го како нешто нормално што мора да биде за да биде се во ред. И баш напротив, ако примаш клексан инсистираат за природен пораѓај, се разбира доколку нема некои други компликации и индикации за да те направат царски.
Утрогестан 2х200 Магнезиум 2х 375 Прогестерон депо 5 инекции Носев труднички појас Заради сомневање за контракции примив 3 индометацин чепчиња
Фала мила на одговорот. Јас сеуште како збунета сум со инекцииве како шок ми дојде кога ги зедов резултатите од трансфузија и одма знаев дека ќе ме стават на терапија. Имаш право,треба да се сфати како нормално нешто. Секако не би ги прекинувала на своја рака како што ќе ми речат така ќе правам. И јас посигурно се осеќам откако ги примам.
Јас од денес 38ма полна.. Кај и да е ќе се олесниме.. Ама ме фаќа трема, природно ќе одиш мила? Јас сум царски најверојатно пред 39 та ќе раѓам, да стигне резултатот од Ковид. Со лесно да ни е на сите
Докторот рече да чекаме до крај ако има услови за природно да тераме .... пред две недели кога бев рече ок е оди дома ако те фатат болки или прсне водењак ќе дојдеш ако нема ништо на терминот а некако абер нема бебево ќе си чекам. Инаку Плодност одам и си викам и да е природно со епидурал нрма да е толку страшно како шо читам,ќе видиме
И јас ви се приклучувам на двете @Chikitaa 38+1 @Anetaoh каде ќе се пораѓаш? Пошто пиша дека од ковид чекаш резултати
Јас од утре нели 39та докторот ми закажа контрола во 38+4 рано во 7 и пол ми рече можно е да останеш...Дали се можни вакви претпоставки за спонтано?