Здраво, јас сум 33+4 денес и пред малку имав кафеав исцедок малку како на почеток на менструација. И пишав на матичната не ми одговара уште. Ве молам за искуства, дали да одам одма на преглед?
Во државна. Инаку сум преселена од Скопје т.е Македонија, од лани, ама дента кога требаше да си одиме се предомислив мајка си е мајка нели! ♥️ Во вторник сум кај Др на ГАК да ме види и да се договориме. И тој Др е единствена причина зошто ни на крај памет не ми е приватно, а во секој др случај би отишла Систина без размислување.
Девојки Урина леукоцити имам + што значи ова? Ја прашав докторката на вибер ама немам одговор ништо ни дали треба уринокултура ни ништо...Секако ќе правам неделава уринокултура да бидам мирна. Ова значи бактерија некоја?
Феминки, ме касна пчела за ногата, многу ме боли. Ја извадив боцката со чупалица и ставив лед, еве помина скоро пола саат , нема оток ... Дали да одам на лекар дека бремена сум? @Milkiway ако не ти пишале бактерии на резултатот туку само леукоцоти тогаш немаш инфекција инаку би пишале маса на бактерии или бактерии +.
Пишува само ретко бактерии 8-10 леукоцити во поле... веројатно тоа е фала ти.. Барај ја најдобро матичната мислам не е проблем можеш да намачкаш синопен камагел за да не те чеша. Освен ти ако не си алергична
@Milkiway Јас кога правам испитувања правам се заедно во ист ден (крв,урина и уринокултура) и гледам да ги правам еднаш месечно... минатата недела на резултатот од урината имаше доста бактерии, но уринокултурата ми беше чиста, докторката ми кажа само повеќе течности да пијам.. пробај така па следен месец направи си заедно урина и уринокултура за да си бидеш раат
Не значи ништо. Јас во секоја урина при крајот за бактерии имав +++, секој месец правев уринокултура, џабе, ниеднаш немав бактерија. Трауми имам од тоа држење 4 саати да не мочкам . Не се ослонувај многу на таа анализа на мокрача, матичниот ми викаше може и намерно да ставаат + за да мораш дополнително да испитуваш. Секако дека нема да оставиш така, ама не мора да значи дека имаш бактерија ми е муабетот
Па и мене еднаш така ми рече ставаат + да испиташ. Ми се случило и мене еднаш ++ ама не беа кај Леукоцити туку во друг дел и уринокултура немаше ништо...
Девојки да ве прашам вчера и денес сабајле при одење во веце приметив дека имам пролив а понатака во денот ми се губи од што може да биде иначе сум 15недела
Aко не си алергична и немаш оток, немаш гајле. Нема потреба да одиш на лекар, не влијае на бременоста. Минатата недела ме касна, за истово се секирав. Ќе те боли неколку часа, мене и вечерта ми беше осетливо местото. Ама не е страшно, не се секирај.
Фала ти најмногу ...Ми олесна... На еден српски форум прочитав некои глупости дека отровот од пчелата можел бебето да го убие и толку фали на мене анксиозна личност... Сега за сега имам црвенило само и болка...
И јас се мислев и гуглав, ама сите веродостојни извори викаат дека ако знаеш дека не си алергична, не е проблем. Ако беше алергична ќе знаеше. Сигурно и порано те има каснато. Не се секирај, ќе помине.
Не се плаши, тоа е за рој пчели ако те искасаат мислам. Од една пчела убод не може ништо да ти направи, ако не си алергична, на бебето па ич. Јас имав неколку убоди пред две недели, се пикав под дрво во викендица, ги истискав само, немав ни црвенило.