Јас од пред неколку месеци сум така наутро течна столица а потоа си е ок незнам од што е но добро ми е барем што одам во вц пошто доста бремени жени се мачат со тоа. Искрено мислам не е ништо страшно може е од магнезиум пошто го пијам пред спиење ама се си е ок до сега а веќе 8мо влегувам
Јас сум алергична и тоа не многу и при секое каснување отекувам дури и ми помодрува местото и стои така неколку дена сигурно така да штом да си алергична ќе знаеше не се секирај
Може е само поретка столица. Јас исто така секое сабаје од кога имав проблем со не идење во вц, па почнав јогурт со лен да јадам. После во текот на денот се регулира. Ако немаш грчеви уживај
И мене ми е од магнезиумот пошто апчиња за железо не пијам добро ми е железото. Па и јас приметувам дека навечер ид кога ќе го испијам магнезиумот насабајле имам течна столица.Во право си да некој бремени се мачат. Немам грчеви само течна столица од сабајле после се смирува
Затоа јас пијам шумливи на Биолектра, и немам проблем. 243мг е една, може и до две во ден. Ги има со вкус на лимон и портокал, ко сокче на жешково таман Леле грчевите во стомак никако да ги снема... Баш она менструални болки се. Утрогестанот само навечер го пијам, и што фајде.. На десната страна т.е кај десниот јајник, почесто имам болка. При нагло станување знае салам да ме укочи и да не можам да мрднам. Ако седам свиткана повеќе време, после со саати ме боли. Немам многу време да мислам на болкиве ама ме ставаат во мисла бе веќе. Ај до среда ќе издржам до контрола..
Женски, дали има некоја деновиве што земала упат за трансфузиологија за д димери и хемостаза? Матичната ми е на одмор, а замената ми вика дека имало проблем со термините, не може да закаже, а не може ни приоритетен да даде. Малку ме зачуди пошто немам тука прочитано тука дека некоја имала проблем, последниов месец си функционира добро се
Луѓе, малиов во стомаков два дена по ред едвај се движи. Иначе го осеќав многу, клоцаше јако, цел стомак ми рипаше и ми вибрираше, сега два дена потклоцнува,а ам едвај. 32 недела сум, ултразвук во среда. Ви се случило?
И јас сега веќе помалку го осеќам најверојатно му се стесни просторот само некако нагло преку ноќ многу мрзлив стана ама се осеќам дека нема место веќе
Гледам на мој термин има за неделава само, за понатаму не се отворени уште. Може ти вика дека кај доктор не може да закаже. За земање крв директ во лабораторија мора да може.