И кај мене намалија движењата, а јас пак си мислев дека ми е од инекциите за зреење што ги примив. Инаку да, мн е нежна. Дали уши ви се затнуваат? јесте да лежам нонстоп, но штом станувам за до вц , 2-3 мин и како во буре слушам. Обично е само едното уво, ретко и двете во исто време
Јас сум 26та и последниов ден два одвај ја осеќам, дали еднаш двапати во денот и многу нежно. И многу периодов се жалат дека слабо ги осеќаат, па си викам може и промениве на времево и на бебињава им влијаат Петок сум на контрола, кој ли ќе чека. Кај мене 2-3 дена е поактивно, па 2-3 дена слабо. Се надевам нормално е
Си одмараат,растат. Сигурно си е најнормлно. Мене па ме растури ова бебе. Многу рано почна за разлика од брат му и не застанува. Син ми беше бубаче во стомак. Дури и не ми е пријатно. На моменти го имам она чувство како да полетуваш а на моменти ме боли многу. И ме тегне Јас мака ова трето тромесечие со јаки грчеви во нога имам. Ме фаќа на спиење и цел ден ме боли мускулот на ногата. А магнезиум земам...
Да ти кажам искрено многу сакам да ме мава и да не застанува, да не ја мислам Сите клоцкања и се така нежнички, дури ме загрижува некогаш. Се преопседнав едно време, цел форум го испрочитав, на интернетов свашта нешто пишува и само од памет се вадам, ама на крај си реков ќе чекам на преглед да одам и ќе прашам што и како е нормално. Ниеднаш досега не сум добила така јака клоца да ме извади од такт
И мене да е живо и здраво дури ќе ме заболи и наеднаш ќе срипам кога ќе клоцне на моменти...мада препишувам на тоа дека многу благо јадам исто тегнење а за грчеви знае мускул да ме стегне во сред спиење мислам дека од што лежам цело време
Вака исто како што опиша ми беше првата бременост. Никаде го немаше. Читав бранови имале,испакнување на стомак кај мене ништо. Ако тупнеше само онака на благо јадење и строго да е тишина и да лежам. Некаде поале 31ва недела имам снимки демек еве го фатив бранови ми прави на стомак. И тоа беше се ама затоа сега не застанува. А оваа бременост од 16та недела . Тегни туркај ми прави. Па како да заглавува некаде. Па со рака го смирувам навистина непријатно ми е. Бранови бранови. Може галамата на брат му му смета,дека нема мир дома. А за прва бременост секако си одмарав си лежев и бебе беше такво. Е сега средината налага други правила Нормално е да се плашиме и да ги бараме и да чекаме да ни дадат повратен удар. Значи мене ме нервираше некој ако ми кажеше дее опушти се... немаше шанси,јас се опуштив кога се породив. Кога го видов прв пат.
Девојки здраво сакам да алушнам о ваше мислејне .. Денеска бев на контрола 17 недела и бебечето сето е супер дури ми потврдија дека е маже но и ми го мереја цервиксот и излезе 2,83 см ве молам за ваше мислејне ..докторкава вели само да мирувам и за 1 недела ипол на контрола па ако треба и серклаж ..
Утрогестан вагиналети и магнезиум обавезно. Мене 2.6 ми измерија па после 2 недели други мерки излегоа, на подобро секако. Мирувај па чекај следно мерење.
Добро си мислела. Движењата се намалуваат од флостеронот, сосема нормално е, за некој ден се враќа бебето во нормала.
37 недела сум и последните неколку дена почна да ме фаќа страв од тоа што ме очекува. Не знам како ке ми почне процесот, секој миг сум под штрек иако до сега немам никакви симптоми. Бебето мн ме притиска долу, ми се чини во секој момент ке излезе . Вие како се чувствувате?
Фала ти срцка клавам цело време утрогестан уште од самиот почеток и пијам магнезиум цело време али пак еве се намалил дај Боже на наредна кпнтрола да се зголеми
@Milkiway @Happyinlove не знаете колку ви љубоморам што толку ве маваат Еве ја мојава ми скокна неколку пати по бешика сега ама јас сакам уште појако да скока хаха. За ќотек сум. @Alishan30 пред 2-3 недели имав еден период секое сабајле се будев со затнато уво, посебно на тоа што сум спиела. И долго време ми требаше да ме пушти од кога ќе станев. Не знам што беше, ама еве сега во скоро не ми се случило. @Mince1988 терапијата и мирување, нема друго. Мене во 22 г.н ми измерија 3.0 и ми рече Др важно е да не е под 2.5 ама сепак ми даде утрогестан да ставам превентивно. Не ми рече мирување. Петок сум на контрола после месец дена, па ќе видиме.
Еве и јас сум пример што со лежење и одмарање +магнезиум и утрогестан после 3 недели на контрола имаше значително подобрување. Само тоа и позитивна мисла и ќе биде добро ♥️
Дај Боже мора да бидиме позитивни јас сум мн паночар ради предх миседи ама се трудам да бидам храбра и мора до крај да се издржи и да се прави се сто ќе ни кажат ♥️ мн ми полесно кога ќе споделам мислејне и со други фалаа♥️ дај боже да си биди се во ред и ќе биди верувај јас сум во мн помала недела и затоа ми е страв ама морам да лежам и ќе лежам само да се подобри ситуацијата ♥️
Да, верувам дека има врска неделата со мерката, мене само во 22ра ми е мерен, претходно не. И баш ме интересира и ќе пишам петок како ќе биде на контролата. Ќе биде се во ред, само слушај доктор
Нешто ти се пожали/побара да ти мерат или увидел преку абдоменалното ехо дека нешто не е во ред? Мене исто тој период 18та ми е мерено ама на вонреден преглед