Од 28+ ќе осеќаш баш јаки удари и превртување, и јас со душа чекав јаки удари, ама сега од кога ги имам и не се толку пријатни. И нормално е некогаш да не се многу активни, ми се случува и мене нормално се загрижувам понекогаш ама докторката ми рече не паничи, јади нешто благо, една чаша кока кола и мора да мрдне. Некогаш ми се случило и по 3 дена воопшто да не го сетам, ама после благото си се размрдува, им треба и нив енергија.
Како ќе одиш кон крајот движењата ќе се намалуваат. Речиси си на праг на деветти. Повеќе нема место како порано и последните недели е скроз стуткано. Кај мене бидејќи ми била тесна матката, а она има долги нозе и биле свиткани во О буква и мораше физиотерапетски да и се третираат стапалата до петти месец. Она што знам беше дека на лева страна не можев да легнам бидејќи ме маваше. Оно сум и ги стискала нозете. Секогаш кога ти е мисла легни на грб малку чоколада или кока кола и ќе се рзмрда од шеќерот. Ако не смееш шеќер не прави ништо чекај ја контролата. Наскоро ќе почнеш од цтг веројатно од овој преглед. И ќе бидеш потоа мирна. Цтг ги мери отчукувањата на срцето кај малиот. Исто ако не чувствуваш никакво мрдање во 48 часа ќе отидеш на гинеколог да те види. Види квалитет на магнезиум. Мора да е квалитетен. Се сеќавам дека едно пакетче го купував околу 70 евра кога ми почнаа контракциите во 32 недела за да ги смири. За ногата би било исто.
Не, на скринингот ми мереше, немав никакви болки. Во ред е ми рече треба да биде над 2,5 и можеш а и не мораш да ставаш утрогестан, ама јас ставам превентивно. Читајќи тука малку во мисла се ставив ама и верувам на докторката. Веројатно покрај мерката зависи и како е плодот поставен високо/ниско, претпоставувам. Ќе видиме петок како е ситуација, а за болки освен при подолго движење од страните на стомакот (поминува кога ќе седнам) немам. И магнезиум пијам 2х дневно.
Јасно тоа викам само мене ли не ме мерат. Матичната ниту еднаш а кај другава докторка што ме следи еднаш само ама ајде ќе им веруваме секако
А колку ти беше на мерењето? Абе ние чекавме на скринингот да се сврти бебе во убава позиција за гледање и ај ми вика дури чекаме да пробаме со вагинално ехо таман и цервикс ке ти мерам. И така ми измери не дека имаше нешто индикација. Сега на контрола кога ќе отидам сама ќе си побарам ако не ми мери, ме интересира дали има промена некоја со утрогестанот. Плус тоа баш сум активна периодов си пешачам скоро секоја вечер, по дома си работам, само избегавам тешко да кревам.
Во 20та ајде чекав 25та да дојде. Сега 28ма ја чекам Абе раат да не си. А за благото не делува баш кај мене зошто секој ден јадам, навикната е цуцава Некогаш приметувам кога подолго време сум била гладна и ќе седнам да јадам, ми вибрира стомаков како да се размрдува среќна што ќе јаде, се возбудува изглеа
Да ти кажам не се сеќавам колку беше само рекоа дека е добро и јас кога ќе ми каже "Добро е се " и понатака не слушам што зборат сега на следен преглед ќе прашам зошто не ми мерат и така имам болки некои кои може се нормални ама се ми е тоа во глава
Па и јас тоа си викам ама пак ми е чудно што на некои ете онака ај да измериме...инаку верувам не се до толку докториве
И јас мислам дека мерат и приметуваат се', ама некои не кажуваат пошто не мислат дека е некој озбилен проблем или дека треба терапија. Други доктори па се' кажуваат и терапии одма препишуваат ради претпазливост. Матичната ми е од првата група доктори, втората докторка ми е од втората. Се мислев и трет дали да барам за од втор скрининг, поизбалансиран некој))) И јас ко попче сега си ставам утрогестан вагинално навечер. И кај мене има промени некои во последниве денови, недела. Дали пошто ниско беше плацентата па тешко ми беше да се наместам во седечка положба...ми сметаше нешто. Тешко ми беше седнување, станување,веднење...болеше чак. Ко да ми се цепи делот под папакот. И лежењето на страна ми беше мач о, тек па да соберам нозе (да се стуткам)... Сега го немам тоа. И не знам дали е добро или е лошо. Две недели плус имам до преглед. До тогаш ќе се смирувам дека е ок, ако нешто не беше ќе крварев,ќе...дрн, дрн. И пошто 16та ја завлечкав веќе, фацата не ми е гроб веќе неколку дена цело време викав, каков е тој труднички сјај бре кога јас погрдо во живот немам изгледано огрубев, огрдев во првото тромесечие и кусур. Бубуљички, отечени капаци, подочњаци..кожа катастрофа. И тоа. Чекам какаче да покаже знаци на живот. Осеќам кога јадам некои ствари ко да ми се растега, оптега делчето под папакот, ко да ми пулсира, ама викам гасови ваљда. Кујзнае. Јас филм си правев кога е будно, кога е у кома.
Хахх исто и јас кога ќе речат добро ама од сите мерки само оваа ја запамтив, заради по форумов што читав претходно, па спремна бев и да побарам да ми мери. Ако не ти кажале да ставаш превентивно утрогестан сигурно добра била мерката. Едит: можеш да видиш во извештај ако ти е мерен треба да пишува
Тоа "гасовите" под папокот можно е да е бебле А за такви болки мислам нормално е тој период баш и на апликацијата ми пишуваше. За сјајот може ќе почекаш уште некоја недела, јас тек во 20та почнав да си сум симпатична кога ќе се видев во огледало, пред тоа бев крш
Зошто мене никако не ми одговараат неделите со месеците во броењево, стварно ме буни ова. Според недели од апликацијава за недела ипол влегувам во осми месец, а според месеците ќе сум 7ми. Крај на октомври ми е термин, што значи нема логика сега да влегувам во 8ми, се ми е измешано.
Женски сакам да прашам дали е нормално до сега да ми немаат мерено цервикс, а веќе сум 32 недела? Сум одела на 2 гинеколози, последен вагинален преглед ми бил кога ми земаа брисеви во 12та недела. Кога прашав ми рекоа дека се било во ред и немало потреба дека не мереле на секој, а овде гледам се збори и за многу порано мерење од мојата недела.
Лунарни месеци се бројат, по недели и затоа е така. 3,6,8 и 9ти месец траат по 5 недели, а другите месеци по 4.
Има на некои еднаш ќе го измерат и ако е добра мерката веќе не го мерат. Сигурно зависи и како е поставен плодот, пример ако видат дека го носиш ниско ќе мерат претпоставувам. Можеби ти мереле абдоминално, не ти спомнале пошо било океј. Види во извештаите би требало да пишува ако е мерено некогаш. Ако ти е во мисла, прашај на следен преглед.
Мене дури на втор скрининг само ми измери и абдоминално и вагинално и исти мерки имав и после тоа не ме ни гледаше вагинално само абдомен и полесно за мене барем нема да ми брца до сондата никаква
Не знам можно е и да ми мереле, а да не ми спомнале ама баш се загрижив бидејќи гледам на повеќето 90% им мерат а јас немам никаква информација за тоа.
Па и мене не ми кажува ништо само вика затворено грло бебе добро поставено се е супер и толку сигурно ти мери и она чим ништо не ти кажала значи е добро...ако имаш доверба во докторот јас имам и целосно и сум препуштена на неа искрено