Феминки да се надоврзам на глупавиот момент кога вчера ме касна пчела во двор... После пладне почнаа посилни болки во стапалото за вечерта веќе да не можам да згазнам на ногата и болките станаа ужасни како некој коските во стапалото да ми ги крши и цело стапало како дрво. Почна да ми студи, добив треска и ноктите на рацете ми станаа плави. Не отидов на лекар, во текот на ноќта болката не престана па и повраќав обилно... Сабајлево сум подобра, не можам да одам сеуште ама болките се смирија... Се надевам ова не ми беше алергиска реакција туку само чувствителност на отровот од пчелата... Сега лежам , мрдаше малку бебчето и ми олесна. Се надевам не сум му направила штета некоја... Пишав и со матичниот вчера дента, ми рече ако немам алергија на пчели тпгаш не е опасно ама вечерта ете се влоши... Пазете се од пчели и оси, секој организам различно реагира...Ногата ми е хаос сеуште...
Аман бе до толку..мило ми е денес што си добра. Дури и треска и повраќање...а ти дадка нешто да пиеш или користиш?
Еве и од комарци невидено печење дури болно така реагира ваљда појачана циркулација отоци па и допочнително некој убод па така е фаќа лудило...користам обична течна пудра
За комарци највеќе ми ги суши кога ќе ставам Паста за заби...ни камагел ни синопен ми помага а течна пудра смирува чешање да
Само парацетамол еден вчера и витамин Ц. Нека е само бебчето добро, да не му остави ова лично на него некои последици...Најмногу од треската се исплашив, телото не можеше да ми се смири, ме виткаа во кебе, ноктите плави ми беа... Аман више. На мои 35 години пчела за прв пат ме касна во бременост...
Леле ептен лошо стварно без кислород малтене си останала. Изгледа за се треба одма на лекар одење да не се остава на случајност ...ете не си знаела како ќе ти реагира телото и мене никогаш ме нема мислам каснато
Знам дека не му е место ова моево но да си прашам јас. Дали некоја мајка се породила во Словенија со царски рез да ми пише искуство , сестра ми здравје со Господ напред утре ќе се породи но таму е сама мислам без мене , без мајка, и јас паничам Загрежена сум , мајка ми сеуште не знае за да не паничи и таа , а мене душа ќе ми пукне . Доколу има искуство некоја мајка ве молам да ми пишете , барем психички да знам дали е здравството таму ок .
Дали некој имал како тапа болка ниско кај јајници и како напон за тоалет? 33 недела сум, бебка е нешто помирна ама цела вечер се мачам со ова и еве уште трае؛ А и цела вечер со стврднувања
Скратено грло на матка 1,85-2см, фанелинг 1см, поголем плод. Затоа ги примив. Несакани ефекти немав, освен намалени движења на бебето неколку дена, и малку повисок шеќер првите денови, за него си примам јас инсулин, па и единиците ми се зголемени.
Јас сум иста деновиве.. Скоро цело време тврд стомакот, бебе е преактивно, не застанува, клоца ли клоца, а болка осеќам некогаш во јајници, ама почесто доле ниско, ко на срамна коска.. Јес да е големо бебе, ама високо беше последно кога бев на преглед. Инаку сум 32+2, следно на контрола во понеделник. Баш ако одиш на лекар пиши што ќе ти кажат.. мене стврднувањата најмногу ме секираат
Висок ли е шеќер во бременост 5.4? Или ми е од тоа што јадев сладолед во 12 навечер, а во 10 давав крв.
Фала за одговорот. Во која недела ги прими? И јас ги примив, зашто сум бремена со близнаци, заради опасност од предвремено породување. Но откако ги примив почнав премногу да се потам, особено кога спијам. Едвај чекам да одам на следен преглед да видам што ќе ми кажат.
Тука дека пишува за трудници билo дозволено до 5.1 на гладно. Затоа прашувам. А баш сакам еден сладолед да мавнам.