Внатрешно отварање на грло на матка, наликува на инка. Полна 31ва недела примив 2 ампули, и на 31+1 ден уште 2 ампули. За потење, кај нас многу е жешко и без инекциите се потам, така да може не обрнав толку внимание на тој симптом. Ти во која недела ги прими? Ти рекоа ли за повторно примање, дали треба?
Секоја лабалаторија има свои граници јас во авицена испитувам ми пишува 5.6 е граница штом не е 7,8,9 можеш и два сладоледи да јадеш
Девојки, да ве прашам. Некогаш ми се стврднува стомакот напред под папокот, само го осеќам како затегнат ама без болки. Не осеќам ни кога се размекнува. Нормално ли е во 26 недела? Од позицијата на бебе ли се прави така, или Брекстон се? Значи никаква болка пропратно немам.
Женски, јас бев на преглед имав ноќеска како тапи болки и многу ми се стврднуваше стомакот. ЦТГ-то јавува некои активности на матката ама не многу. И вагинален преглед, сантим и пол сум отворена, грлото почнало да омекнува и коа извади прст како лига некоја рече чепот почнал да се дроби. Сега знам дека сите сме индивидуално, ама што мислите се ближи ли? 37ма сум. Во пон имам договорено со Др што ќе ме пораѓа и не знам зошто овој Др ми рече "се надевам ќе издржиш до пон"
Во безбедна недела си. Колку тежеше бебе? @Lovebug01 може се превртува бебе. Од сега често така ке знае да се мести како топка
@Brpbrp @Happyinlove Знам дека е безбедна, ме замисли затоа што понеделник не е далеку, а така рече....а тогаш доаѓа Др од одмор и сакав кај него за пород затоа и одам во Државна иначе ќе си одев приватно инаку не правев ехо, ама прошли вторник 36та беше околу 2500гр
@lemon8ejt Ете ти кажа Happyinlove бидејќи си имаш доктор кај што сакаш да се пораѓаш затоа иначе може овој и ќе те породеше до сега
Neka ne te cudi mene cepot mi padna na 22 noemvri a se porodiv na 29 noemvri so zakazan carski rez radi mojta prethodna istorija
Девојки и претходно прашував за ова ама ај уште еднаш да прашам можда некој ќе се најде да ми објасни. Бебево ми е расклоцано вчера и денес дали се преместува или му е смачено што лежам нонстоп не знам што е. Ама ме удира странично претпоставувам со рачиња дека понежно и доле ниско највероватно со нозе дека ме изместува/тоест имам чуство дека цервиксот ми го мрда внатре и како да пулсира. Ниско го носам се ми е страв да не ми започне некој процес на кратење или отварање. Ама како да го смирам јас се возбудувам и он уште толку удира таму. Претходниот пат за кратко после два три удари имав свежа крв. Сега од страв не станувам да проверам се напив терапија и лежам чекам да се умори. Ми вика сестрата нормално било и така да клоца? Сте осетиле и вие?
За другово не знам да ти кажам. Ама така кога се расклоцува да пробаш позиции да менуваш ..да ставиш перница под гз да те поткрене да го поместиш. Или ако го осеќаш лево легни лево за да се помести од таа точка.. бар вака отприлика ми објаснуваат кога ќе ме стегне нерв или кога ќе ме заболи некаде ептен
Мешиња што користите како рутина за нега на лице? Имам малку проблематично лице склоно кон бубуљици и се што користев пред бременост сеа не смее да се користи а лицето ми е лом
Нема контракции само малце размекнато грло и 1прст отворена ама според докторот тоа не е ништо؛ Ми рече контрола за 2 дена и мирување