оди си некаде на друго место , не би пропуштила преглед па кога ке ти се врати докторката пак си отиди и кај неа ако сакаш ..
И јас сум желка си подлегнувам и на грб. Имам и јас кратко и плитко дишење, и како задишување Забележав дека градите ми станаа географска карта со вени видливи, исто и стомакот над папок и од страна плави вени изразени гледам. Ова нормално е изгледа и кај вас, нели?
На градите и мене ми се такви се гледам како модри се извадив од памет..после гледам вени дека се испакнале
36 недела се свртело карлично, а цело време беше главично, може пак да се сврти или веќе е големо 3200?
Нормално е и кај мене е така. Мене веќе и стрии ми се појавија на стомакот. Претходната бременост во 41ва недела ми искочија,а сега дека сум подебела и поголема многу рано. Којзнае до крај колку ќе ми се напраат. Ама тоа е...
Женски сеа се враќам од ЦТГ и преглед и како да не мрчам пред 2 дена ме глеаше жената на Др кај што идам и рече сантим и пол отворена и чепот почнал да се дроби и не се знае до пон дали ќе издржам. ?!?! Сега ме гледаше Докторот, ЦТГ мирно, грло 24мм омекнато да ама не сум отворена и рече рано е за пораѓај )))))) значи ни приближно слично... живи смешки ама и не ми е смешно! Како после да не мислиш дека е за пари кога секое ЦТГ го наплаќа 350ден и ехо 300ден. Се е мирно ама за 2 дена вика дојди на ЦТГ Искрено, едвај чекам да одам на ГАК во пон и да ми каже Др што ќе ме пораѓа каква е реалната ситуација.
Јас забременив исто со чоколадна-ендометриозна циста.Претходно правев лапароскопија поради истото бидејќи не можев да забременам од тоа и ме советуваа дека лек за такви цисти е бременост.Во текот на бременоста бидејќи немаме циклус истата се суши.Инаку тие цисти се полнат со крв од менструацијата.Штом докторот ти рекол дека не е страшно ич не му ја мисли.Јас веќе терам 37ма недела и ниеднаш не прашав за цистата што стана а и не ми спомнал ни еден доктор,па претпоставувам и дека веќе ја нема
Дали и Вие имате страв калп се ближи денот ја се стварно плашам како ќе издржам дали имам сила па се тешам ајде не сум единствено женско. Само некои мисли во глава што како ќе биде? Поготово навечер
Цело време си мислам и си сањам како би било се и кога ќе се разбудам сваќам дека поубаво е да си седи внатре што е можно повеќе пусто само кога ќе ми текне сега колку ми се спие и кога сакам си легнувам а тогаш нема одма страв во коски
Иста сум секоја вена на стомак и гради ми се гледа, и јас мислам дека е пошто сум бела. А болки осеќате ли доле ко на срамната коска јас пола ден сум ок после веќе а се раздвижам ме боли?
Ја многу сум плашлива и цел живот си се плашев дека некој ден ќе треба да с епораѓам абе фобија невидена. Сега некако едвај чекам. Толку се осеќам дека ми е тешко, напорно, сакам нормално да одам да возам дури некогаш си викам ми фали да се изнервирам на раат...цела бременост во стравови и паники ми помина. Може ради тоа сум вака едвај чекам и најмалце на пораѓајот мислам. Ќе добијам епидурална знам нема да боли и тоа ме теши друго викам шо сака нека биде
Јас почнав да осеќам, а не е до движењето, затоа што јас нонстоп лежам. Баш синоќа коментирав како ме наболува срамната коска и препоните, како да сум вежбала. Ваљда тежи надолу, оптегнува лигаменти и мускули
Да закажуваме кај него и си искача за на жена му да и гура пациентки и настануе хаос... и уште една Др нова земал ама не знам дали е практикантка...немам ништо против ама кога закажуваш кај некој сакаш тој да те види нели
Си нашла каде да одиш таа не им е практикантка туку нова докторка најверојатно што уште ја немаат сама пуштено да работи предходно имаа еден Божидар имаше задоволни пациентки од кај него ама он сега работи во Санте
Мене па сега ми е страв од пораѓајот затоа што ќе одам во Чаир на слепо, немам луѓе. Да не се купеше спалната може уште ќе се мислев за Ремедика ама не мислам до минус до крај да се остаиме во септември за време на оваа криза. Ми е страв од природен пораѓај, сакам царски. Толку се мачев за претходното 24 часа и царски ме направија, не сакам низ истото да поминувам. Тогаш ми искоментираа тесна карлица, епа ако е така нејќам пак да ме малтретираат за џабе...
Измешале лончињата многу,јас кај Снеже одев ама и она киднала таму. Нели може да му се јавиш на докторот да одиш да те види некој друг на Клиника додека не дојде он? А и досегашната пракса од Гак е дека ни едно бебе него дочекува избраниот доктор. Магично исчезнуваат на денот на пораѓајот.