Јасно е скроз те разбирам. Ја 2 год на штедна тргам пари скративме од искачања од гледања со луѓе кафани зошто затоа што здравството ни е слепоќа... Секако има и позитивни приказни да ставаа епидурал може и ја ќе одев државно сепак се доста пари во прашање...
Чим со првото си царски и сега ќе бидеш. Сите се плашиме, тука нема некоја утеха, само да си се наддваме дека ќе биде се супер
@K7M10J и јас највеќе за епидурал одам во приватна. Прва бременост, прв пораѓај, ми викаат би требало да е природно пошто сум крупна и имам широка карлица, би требало да е ок. Само добро да пројде се, живи и здрави нека дојдат бебушите
Епа ми рекоа не морало да значи, две години имало поминато. И не знам сега. Здравје ќе видиме, како и да е ќе се породам некако
Јас 31 недела сум, денеска на преглед ми кажаа дека се завртело карлично. И не се изненадив многу, првото карлично го родив. Ама сепак се надевам дека ова ќе се заврти. Докторот ми рече до 36 недела има фора да се заврти пак.
@Brpbrp Па ја сум кај Коруновски матична ама идев кај Бошковски Божидар, малце е флегма ама супер ми беше. Скоро ме гледаше таа новата Попова и мноооогу споро веќе ми здозади и не знаеше да му одреди тежина ме прашуеше последно колку кг бил. Па дое жена му на Васо као поискусна и она ми рече дека сум отворена и не знае до пон дали ќе издржам... @monik55 не е ништо итно, посекако ќе се видам на ГАК во пон. И не веруем дека ќе го снема на пораѓај, затоа што ГАК сеа само со врски примаат и нели болни од ковид. Затоа идам да се дог, ќе си земам апартман а нормално и дека ќе платиме. Не ни очекуем дека на добра воља ќе ме породи баш тој Др сите знаеме дека се плаќа
Епа пред некој ден бев таму за документи некои не можев да се разберам со нејзе едно арогантно понашање демек она се знае боже господе ми идеше да ја претепам и така за две минути работа јас окапав со саати таму и уште ми се испонаша...катастрофа се таму искрено не е тоа што беше порано
Мене пред една недела, 33 точно, исто ми рекоа карлично, ама јас очекувам да се сврти сто пати, само прета, мрда... А инаку претходната бременост не можеа природно да ме породат цел ден и на крај царски завршив. Во отпусното писмо стои dystotio functionalis. Прогуглав значи абнормална фетална големина или позиција што резултира со тежок пораѓај.Така да сирот синко или не го собирало или којзнае како бил свртен. Многу сум им лута за овој пропуст...
Јас да ти кажам влагам сеа за ЦТГ и не ни чекам идам директ и викам ајде кој ќе ме намести. Пошо коа не е Васо таму стварно е се споро и е хаос. Пошто ако чекам ете ко што викаш на крај и ќе се изнервираш. @monik55 јас не гледам на тоа како подмитување и сосема ми е во ред ако тој ден Др не е на смена и дојде за тебе, да си платиш. Кога веќе сакаш баш тој. Или на твоја среќа да се погоди дежурен и да не е на друга операција. Затоа и на приватно одат зошто плаќаш ама и како ќе се дог така ќе биде.
Па не може не е должен да дојде вон работно време или од одмор да те породи. Вака и во 3 сабајле и од одмор ако треба ќе дојде штом си се дог. И ја мојата работа ја работам до 16ч ако сакаш да ти работам после 16ч ќе ми платиш overtime. Е пошто нашата држава не се замара со плати на здравствени работници што па они ќе се замараат...
Мене денед ми кажаа на одмор бил не знаеле до кога до септември сигурно и мора кај жена му на прегледи...
Само јас ли немам проблем со спиењето? Ко топ спијам ништо не осеќам Да не велам два пати, да не ми се наплати во 8 месец За вените, географска карта сум уште од 15 недела, и на гради и на стомак странично. Мм ми вели анатомија за вени можело да се учи на мене
Јас бев во гак и чекав 2 саати за 5 мин работа. во меѓувреме се трудници влегоа со врски и тоа за ехо и мислење и зависи за клексани и такви работи а кој е за цтг на друго место, им викам а ние што чекаме 2 сати без врски, и ние ќе најдеме некој да каже ај види ја братучедка ми или внука и незнам кој гледај да не чека хмм!! и уште кога видов имаше итни случаи за пораѓај и никој ништо се нормално без брзање ме фати страв кога јас ќе се пораѓам како ќе биде само дај Боже да ни е со лесно и да останеме со здрав памет
Абе секаде се чека и на закажано, еден пациент да поремети ред и готово после за сите е поместено. Ама така кога преку ред влегуваат со врски или 'јас само да прашам нешто' стварно не е фер. Сите сме еднакви таму без разлика дали државно или приватно. Во Ремедика кога чекав минатиот пат имаше трудница со крварење што ја примија пред мене и сестрата 10 пати ми се извина што сум почекала што морала жената пред мене да влези, а не чекав многу. Дури незгодно мене ми падна од толку што ми се извинуваше.
@mimi6 И јас ќе пишев за истиот ден во ремедика чекавме скоро 1ч над термин зошто тие пред нас каснеа. А за државни болници каснење од 2ч ми е како Добар ден.. за пораѓај така не верувам да ќе бидеш оставена знаат они да проценат ние сме во паника ама нив кузнај колку им прошле
А у Систина имам 1 и пол час чекано, си влагаа пред мене, јас се нервирав, ама никому ништо. Имам трпение, да беше друг ќе си одеше.
Да да и по приватно се чека. Ја поучена пд прошли пат сега закажав термин за после 18ч кога е втора смена веќе отсабајле јок. Ниту може исто внимание да ти обрне ни ништо во таа гужва и кога се касни со термини гледа побрзо да исчисти
Здравје во чаир мислам за пораѓај, прва бременост ми е и сигурно мислам дека ниту еден свесен човек и да имаш некој и да немаш врска за пораѓај дека ќе не остави вез грижа и помош, така мислам или се тешам,, што знам...а за тие што влегоа можеби 6-7 жени се до 3 месеци бременост а ние што чекавме бевме 8ми и 9ти и за седење те боли се.. тоа е,, не сме единствени што мораме да поминеме низ вакви случувања на неправедна држава..