Како се вика таа новата? И јас одев кај Бошковски и супер беше сериозен многу ама си ја тераше работата, сега бев кај Коруновски тпј на одмор фатил ми рекоа ќе ми закажат кај докторката се надевам докторката е Пале а не таа уште со нејзе да се нервирам
Ехее па дали се плашам, секој ден сум напната и нервозна од тоа што ми е страв, цело време сум со тие мисли како ќе ме биде, дали можам да издржам после од кога ќе се породам дали ќе се снајдам. Плус премногу се плашам од царски, тоа ми е најголема ноќна мора, да треба да ме породуваат царски. Од самите мисли толку лошо се осеќам, што веќе мислам дека почнав психички да попуштам, и мм го напињам цело време не го оставам воопшто на раат, кога е до мене ми е полесно некако. Ама па пробувам колку можам да се тешам сама, дека не сум прва што раѓала и што поминала низ тоа, дека е нормално, дека се ќе биде како што треба. Цело време се молам и тоа највеќе ме смирува и ми дава сила. Што да кажам само Бог нека е со нас и сите со лесно да поминеме.
Новата Ива мислам дека се вика, ама има со Пале уште една што дреме цело време и Пале е катастрофа не се стручни толку за нотмална бременост да ти е без проблеми можеш да пројдеш али ако имаш некој проблем или ризична подобро приватно повеќе обрнуваат внимание. Овие што се ординацииве врска си немаат и најдобрата опрема да им ја дадеш пак нема да знаат
Претходната бременост карлично беше цела бременост и така и се породив,природно.Се надевам дека барем ова ќе се заврти како ко што треба
Ама секаде е така, не е дека само во Македонија и тоа е ок. Инаку јас кај тој Др што ќе одам и сите од негов ранг, реално на пораѓај не те пипаат. Целата работа ја врши бабицата. Затоа ако имаш хир као мене, се знае како иде тоа. @ni.na лажат за Васо ви кажав и ради која причина. И мене ми рекоа исто и денес додека лежев на ЦТГ дојде и ме прегледа. А го слушав на тел збореше и рече од сабота ќе одел на одмор. Го накодошив
Добро беше бебето или имаше проблем со нозе, стапалца? Породувањето тешко ти беше? Сестра ми е родена карлично, со модри нозе. После инфузии некои и давале, не ја носеле за цицање и каиши носела препишани од ортопед. Нели карлично е индикација за царски ?
И тоа што викаш најбитни се бабиците тие што ќе ти бидат тмау да ти кажат како да дишеш што да прајш.. а за сегде верувам така е
Јас за следната недела барав термин баш ќе видам дали е таму. Ме нервираат вака што не препраќаат од еден на друг
Јас имам темен тен ама сум тенкокожец со изразени вени. А ги преоптеретам мускулите, одма ми се познаваат вените и долж нозете и долж рацете. Сега градите ми се ко мапа пошо ми се отечени. Во првото тромесечие и поизразени беа пошто поотечени мислам беа и ме болеа. Сега не ме болат. Пред некое време зборевме дали е штетно да се оди на преглед почесто..и еве, зборев со доктор гинеколог на темата и ми држеше предавање дека не требало толку често. Еднаш месечно и толку. Демек, шо друго ќе видел друг доктор пошто тоа е што е, не биле магионичари нешто да сменат. Ој куку нас со вакви.
Е ајде де ама не знам мене шубе ми беше само контрола и скрининг кај 1 доктор ..може за втора бременост нема да сум толку потресена сега со оваа ептен цело време се стресував и одев почесто
мислам дека и втора бременост да ми беше, пак ќе одев кај уште еден доктор шо значи повеќе пати на преглед. Терапиите шо ми ги препиша втората, се плус на тоа што ми препиша првата. И тоа отидов пошто нит ми обрна внимание, нит ми се реши проблемот првиот пат. За нормална школска бременост можда ок е еднаш месечно, ама за нас другите...
Така е ама и нормална школска може да смени не дај боже проблем да ти се појави во средина. А и убаво е да имаш уште некој доктор на лагер...мене едната не ми одговара на вибер а другава ќе одговори во секое време
Немаше никаков проблем со стапала, колкови... Имаше продишано во стомак, па не задржаа подолго во болница. Карлично не е секогаш индикација за царски. И моја пријателка се породи природно, со карлично завртено бебе, се испадна ок. Јас не ни сакав царски, среќа па не мораше. Немав доволно нап, поради тоа што беше карлично, ама не беше страшно.
Во примеров, фирмата ќе ти плати овртајм, нема мито да земеш. Ова не е креветче, ова е игрална. Нема горен дел.