Не знам во која тема беше, ама се жалеа дека чекале по 1-2ч, а тие со врски одма ги пуштале. Е па ги пуштале.
во контекс на муабетов, не чекав на ГАК влегов регулар и ми се погоди специјализантка؛ Докторката беше мн коректна но несигурна؛ Нз колку пати се премисли за терапија за на крај да ми рече сепак консултирај се со твојт гинеколог؛ Епа се супер ама ќе чекам и 2 саати само да биде како што треба؛ Така да апсолутно 100 или 200 евра ќе ги дадам ако треба
Трудници, се надевам следен пост ќе се фалам и јас Имам 1 негативен тест направено на денот после тој што требаше да добијам, не можам дур да речам и дека е втор доцнење, денес е 4 ден како не добивам, не го рачунам тој ден кога требаше да добијам (требаше да добијам на 10ти а еве го 14ти е). Од симптоми имам повремено после долго носење градник како да ме наболуваат градите и надуен стомак од желудник дури. Е сеа јас имам прилично редовен циклус, досега 3 пати ми доцнело и еднаш трудна сум била, најчесто доаѓа на 28ми ден дури и најчесто наутро. Уморна сум, ми се спие цело време, апетит имам машала и не знам што да мислам веќе. Нормално дека правам второ и затоа сум волку во дилеми, дали е од што мислам па не можам да добијам, се стегам, психа работи или пак едноставно се случува поради тоа што примав венски линдацин минатата недела Докторот ми е на 3 чекора, ако не е на одмор се мислам дали да одам денес или пак е едноставно прерано и да почекам до понеделник? Не сум паметна, едно мислам друго мислам, паника левел 300...
Прерано е за преглед, после 1 недела доцнење барем можи да се види нешто. Да си направиш преку крв за да не се мислиш е најдобро според мене. Ти посакувам среќа и да не израдуваш со убави вести
Зошто не направиш уште еден тест сега веќе би ти покажал.што џабе по ординации преку крв ќе правиш. Тестот дома и завршена работа.
Решив ќе чекам до понеделник. Почна некако кичма да ме фаќа и стомак да ме наболува, па си викам може ќе добијам да не се бафтам по доктори, аптеки, лаборатории... Се надевам најискрено дека ќе се фалам за кратко!
Добро е штом можеш да издржиш јас во 5 сабајле станував тест да правам ајде се надевам на добри вести
Трк до лабораторија и бета хцг направи. Јас до осма недела само бета хцг проверував како расте затоа што кај мене е покасно овулација и да не ми прават стресови на ехо. Кога стигна бројката доволно за срце да слушнам тогаш отидов
Девојки , едно прашање 27 недела сум ,и имам исцедок цело време по малку.Имам чисти брисеви нема инфекција.Од денеска гледам како поизразен исцедок млечно бел.Нормално ли е ?
Да, немај гајле како ќе напредува бременоста се повеќе ќе имаш, тоа е нормално се чисти цервикс؛ Освен ако не те чеша па да дојде во предвид кандида
Нормално е зголемен исцедок во бременост, тоа е еден вид заштита од инфекции, се додека е провиден или млечно бел и нема лош мирис, нема простор за загриженост. Ако забележиш промена во боја/мирис/конзистенција тогаш консултирај се со гинеколог.
Јас приватно правев во авицена, и синлаб можеш. Со упат не сум правела пошто на упат пишува позитивно, негативно, а јас испитував дали и како расте. Авицена се изгор, 800 денари мислам беше.
Да доаѓаат. Јас ако се пораѓав во Хрватска и ако не идев во единствената приватна (3000е) како што планирав, а да идев државно кај еден познат Др исто така требаше да се видиме и да се договориме, во превод за цена. Ете ви инфо од прва рака. 100% си во право, нема епидурал т.е бараат од матичен препорака. И затоа мн се одлучуваат за приватно. Јас имам и анестезиолог што се нафати да ми стави епидурал на ГАК и не размислуем за друга опција
Сега прашав Синлаб е 700ден. Матичниот ми е на работа од понеделник и таман, до понеделник ако не добијам ќе терам понатака. Инаку мене докторката ми дојде за пораѓај во Санте Плус во 4 сабајле, ме породи во 1 и седеше цел ден да ме пази.
Zenicki aj ve molam pisite vo sk prodavnici za kolicki krevetcinja , osven loko kroko , enci menci ...nekoj drugi
Бебе хоум, Андреј компанија, Во Беверли имаш 2 3, Лептокарија Нук, Бејби блу кај Поинт ретаил парк, КРШ мислам се вика доле во гтц кај верото или Џамбо мислам дека имаа и они...
Јас тестот го направив поручек на 5 ден доцнење. Е сега тогаш се појави и втортата линија ама толку беше бледа што 1 саат со маж ми го студиравме и проучувавме. Какви се не теории извадивме. Де бил невалиден не е можно толку бледа линија да има и тоа се гледаше ако го доближиш тестот до око, де многу мокрача сум му ставила па се натопил поише од што треба и што уште не . Сабајлето со прва утринска мокрача го повторив на 6 ден доцнење и убаво си се покажа две црвени линии.