Јас како излегов од прв триместар и престана гадењето, си почнав еднаш неделно да се частам чаша вино. Мислам добро, два пати се деси али добро ми дојде. Доста беше, сега во трет уште две Ми се разреши дилемата со неделите конечно. Здравје за третото ќе си знам Баш некни коа бев на преглед, бев 14+4 и Др. пиша 15недела. Значи сега сум 15+2 и тоа е веќе 16та... ?? Wtf,ова премногу брзо оди Од 18та почнува 5ти месец, а тоа се само 10тина дена. Дури трепнам и ќе се породам. Не знам баш дали сум спремна, јас уште не се осеќам труднО Околу мене луѓе се чудат кога им кажувам дека сум 4 месеци, нит знаеле нит чуле, а јас се замислив ко движечи балон..
И јас многу се бунев за неделите. И кога ќе ме прашаат кажував 32+5, дека 32ра сум. Си викав зошто луѓето ме ставаат за недела плус, а оно така било Сега си кажувам дека сум 33та недела, но ми требаше време да го сватам ова Брзо летаат неделите, месеците мила. Многу брзо
Тоа е така, затоа што веќе сте ја почнале новата недела. Почна 14та и ја ситните 15тата. Меѓутоа кога сметате месеци, ви треба полната недела. Пример, во 9ти се влага со 36та недела, тоа значи 36+0, а не 35+0.
Малку дозволуваат. Какво јадење во тие моменти нема тоа на располагање. Пример јас пиев по 1 голтка не ми дозволуваа повеќе, ама го повратив тоа во најјаките болки. Не е дека е забрането вода, за да угасиш жед малку. На бокс со мокра газа ми ја поминуваа устата кога ми се сушеше.
Леле и мене колку брзо ми помина времето ко вчера да дознав дека сум бремена вчера збориме со маж ми му викам 15та недела сум тоа е 4.5 месеци,се чуди он ми вика ааај успори тоа малку многу брзо иде време А ја сеуште си имам мачнини и гадење и повраќање,никако да поминат
Додека бев на патолошка дента се беше дозволено. Кога ме качија во предродилна веќе имав јаки болки и брзо почнаа напоните, пред време, од провокацијата претпоставувам, така да не ми текна ни на јадење ни на пиење, а жедна бев ама не ни помислив да им побарам. Во таква психичка состојба бев што само ги слушав и ништо не зборев. Бев фокусирана на цтгто се прашував зашто свири толку...само за тоа ги прашував...
Најади се, евентуално касни благо или сокче напиј се и легни, мирна биди да видиш дали ќе го осетиш. Помалку мрдаат на крај, а и можеби спиело или си се движела повеќе па не си го осетила. Сепак, гинеколозите советуваат при крај да се следат феталните движења, така да види до вечер како ќе биде, па ако не јави се на твојот гинеколог да видиш што ќе те посоветува. На крај краева и на дежурен отиди, 39та недела си, нема да те вратат...
Јас пијам со јогурт ,навечер во чаша јогурт ставам мало лажиче семе од коприва и утрото го пијам. Од 3 за месец дена на 12 ...
Ве болеше ли кога ви земаа брис за стрептокока после 35та недела? Само површински зимаат или со тоа железното отвараат? Јас сум следна недела да знам што да очекувам
Можно ли е олку да ме чешаат колковите од инекции прогестерон депо? Или кожа од таму си влечам за напред? Ако се зачешам неприметно неможам да прекинам после.
31 полни недели + 6 дена од 32 недела, како сакаш кажи ги, пример имаш 31 година и 6 месеци, ќе кажеш дека си 31 или 32 години?
И кожата се затега таму исто како и на стомакот. Плус лежиш на нив нели настрана. За инекциите не знам, не сум ги примала.