Мене кога бев 8 недела проба докторот да ме гледа вагинално но бебињата беа поставени едно врз друго и не можеше па ме гледаше преку стомак и од тогаш така ме гледа. Вагинално само ми мери цервикс.
Мене во 15 недела матичната ми кажа женско. Истиот ден бев во Систина за да земам конзилијарно и докторот пак ме гледаше за да ми потврди за пол ама ми рече уште е рано не е сигурно дека е женско. Најубаво мислам дека ќе се види кога ќе отидеш на 2 скрининг.
На мене ми го кажаа полот на втор скрининг. Докторот ми рече ако сакаш дојди околу 16 недела ама може да не е сигурно подобро на втор скрининг.
Која од вас живееше во Германија? сакам да ја прашам нешто во лп, и веќе е породена, за искуство нешто ми треба
Мене докторот ми го препиша MagCitra и во аптека кога го зимав ми кажаа дека бил меѓу најдобри немал шекер
Женски јас сум 6ти месец, низ интернет де вртат многу книги за мајчинство, па ве молам да ми предложите некоја од лично искуство кај што пишува за јадење,доење,бањање .. помош околу бебето нема да имам многу па сакам да бидам колку толку спремна. Се мислев да ја порачам таа од kiwi
Кога почнавте да купувате за бебушките мајки.? Јас сум 5ти месец и сакам да почнам, околу мене ми се лутат дека сум брзала Само количка си купив и 4 бодиња до сега. И каде има убав избор за новороденчиња и бебиња??
Во иста ситуација сум и јас, само коментари дека сум брзала. Инаку сум 6ти и ништо немам купено, ќе почекам до 7ми ама срцево незнам дали ќе ми издржи ништо да не купам
Јас и за првото рано си почнав. Мене ме мачи што најавуваат втор бран, карантини пак и тогаш сигурно ќе си седам дома. Сакаме за Истанбул сега па таму се да си земам, ама и тоа ми е страв. Долг пат,корона А колку им е ефтино сега заради лирата,тон гардероба за ич пари би си земала. Тука еден просечен сет е над 1500 и тоа во маалски дуќани...
Уште сега ако слушате коментари само че си се нервирате ...вие кога си сакате тогаш. Другарка моја во 9та недела негде количка купи така сакала. Лично јас после 2 скрининг почнав со се...за останато знаев што сакам само чекав попуст да направат штом дојде на попуст количката креветчето одма трк во продавница за облека цело време земав од 5ти месец зошто ако чекаш 9ти реално еден куп ситници и трошоци се собираат, вака ми беше полесно "на рати"да земам секој месец по нешто
Во ваикики се многу убави и доста поевтини од други продавници а пак квалитетни...јас од таму тритекс и стружанка многу работи изнакупував
Па и јас така си мислев после втор скриниг малку по малку не наеднаш таман работа, најмногу ради мерак... @mssuniquee и мене ми е страв со тоа што го најавуваат, карантини, полициски...
И не само тоа. Еве ја сум 8ми имам период не можам да стојам ми се врти, уморна сум, мака ми е да пешачам...ај вас поладен период ќе ви биде ама пак не знаеш физички колку ќе можеш да шеташ по продавници
Почекај да извадат есенска роба, сега нема толку избор, се по кратки е. Инаку се сложувам дека ради најавуваниот есенски бран треба порано да почнеш
Денеска бев на контрола на цтг 39та недела има болки но ретки не сум отворена ми кажа дамодам на термин па тогаш да видиме и да се движам. Некој совет дали има често вакви случаи да не се отворат инаку термин ми е на 24ти?
Јас не се отварав, ме расчепкуваа на секој преглед на крај. Болки во 42ра недела добив, цел ден ме чепкаа, болки си имав, провокација ми ставија, напони почнаа, на бокс отидов се, ме отвараа пустеа и на крај царски. Ама тоа сум само јас, не значи дека и тебе така ќе ти биде. Со лесно да поминеш ти посакувам
@mssuniquee мнооогу убаво кажа @Milkiway Уште сега ако слушате коментари само че си се нервирате ...вие кога си сакате тогаш!!! и јас го делам истото мислење кога тебе ти одговара тогаш да си почнеш како што напишаа некои од членките дури и поубаво е со повреме поради долгонајавуваниот втор бран на корона.. сепак одлуката е твоја