И јас почнав со купување после вториот скрининг. Се ми е онлајн купено, сестра ми одеше до ваикики, тритекс и тила за лично да ми купи. Пријателка беше до Кали за лично да купе. Инаку од фб има мн страни брендирана облека од Лондон, зазу, бејбишоп.мк, бонбона кидс, зара. Обично тие ги следам. За опрема локо кроко, чарли, либерта сите имаат страни. Јас овие ги следев
И јас од 5ти купувам. После вториот скрининг поактивно. И финансиски е полесно ако трошоците се распределени секој месец по нешто, отколку се на крај да дојде наеднаш. Има убави работи во многу бутици што работаат онлајн и можеш да си нарачаш: muppet kids, tilla, baby shop bomida, брендирана облека лондон (на фб можеш сите овие да ги најдеш и многу други), потоа окаиди, картерс, тритекс, ваикики, wenice kids, секаде има убави работи за облека.
Јас ја имам, поклон од сестра ми. Денес почнав да ја читам. До доење стигнав, утре ќе продолжам. Убава е, само ми смета оти детето е претставено како апарат, па ова е упатство за употреба, плус педијатрите се сервис службаинаку советите ми се ок.
Така е објаснато, не скокам страни се читам по ред. И така почна, нека ви е честита, споредено со компјутер, па требало упатство за употреба. И тоа ми засмета на стартот, но потоа читав совети и го игнорирав тоа
Ја имам и јас, има доста корисни совети ама и мене ми смета што бебето е претставено како предмет како да сум купила судопер па читам упатство за употреба на моменти Баш е супер за неискусни родители и го зезав мм да ја прочита и тој па кога ќе го бањаме и храниме бебево, он со прирачников до мене да ми чита step by step, јас да 'работам'
Честито,со здрвје да се слушете...нешто во тој стил.. А кажи ми од кај можам да ја купам книгата,да се надоградам и јас за апаратот мој кога ќе дојде на свет? ја има во секоја добро снабдена книжара или преку нет нешто?
Искрено и сеа едвај се движам, ме боли и стомак и нозе ми отекуваат, за вртоглавици да незборам. Ама кај мене приоритети се гледаат а на секој му е различен приоритетот хааххаха
Јас пред 2-3 години во Супер Тинекс ја купив за поклон. Тоа како апарат, свртено им е на хумор малку...па мислевме е штосен подарок за на мекици.
Јас ја имам таа, интересна е, го опишува бебето како нов уред во домот Мене искрено повеќе ми помогнаа кратките видеа на YouTube и Instagram за негата околу бебе, како да го држам, како да ја бањам, дојам.. Патронажните сестри воопшто не ми беа од помош, повеќе имав помош од мајка ми и свекрвата кога ќе одлучев да ги послушам Сега ви се придружувам во темава со ептен рана бременост и сум превозбудена за се што ме чека, единствено се плашам како ќе поминам бидејки малата 21м и 12.5 кг ми е цело време в раце..
Ај честито прво И ти како мене. Епа мајка ќе ти биде потешко ќе си се држите. Еве јас 35 та недела, синко 2 години и 3 ипол месеци. Уште бара во раце, што да праиме тоа е, и тие ни се уште бебиња...ај со лесно
Јас многу внимавав во првата бременост и затоа сега се плашам да не му биде нешто на бебе (моментално ембрион) Душа не ми дава да не ја земам во раце, а и оваа недела има стомачен вирус со температура и е целосно омалаксана, сака само во раце..
И јас се плашев, претходно патолошка бременост, избегнувај колку можеш ама не можеш скрос. Повеќе би се плашела од вирусот јас да не го закачам...
Јас мојата не ја дигам 17кг има, а и сама вика не мама ти имаш меше бебе, не смееш да дигаш.Одма следи татеее земи меее Дури добив и прашање :Мама ти кога не беше трудна , мене дигаше ли? Зарем за 3 месеца заборави Толку читав во првата бременост и македонски и германски, ама еднаш не ми текна книга да си купам Кога ми дојде социјален работник по два месеци од пораѓајот ми донесе купишта брошури каде да се обратам за секакви проблеми и плус една подебела брошура за се во врска со бебето.Обожавав да ја читам додека доев.Ем уживав легната доев ем си читав и се дообучува . Претхидно ми беше досадно 20 мин лежев и ништо не правевНе дишев да не го разбудам бебето, кој ќе лежи уште 20 минТелефон избегнував да не го зрачам бебето.Изгледа ја фрлив брошурата и сега ми е криво мислев за второ нема да се решам никогаш
Штом дознавме пол сите се фрливме во акција. Тоа беше по прв скрининг. Први бабите купуваа. Јас чекав да купам тоа што они нема да купат. Скоро секое излегување купував по нешто. Во трето тромесечие влегов спремна целосно, само од аптека докупував. Последните три месеци бев толку голема што не ми беше на крај на памет да купувам. Само позитивна мисла жени. Уживајте во купување, нема ништо послатко од тие залчиња за мали човечиња.
За купување не пишавШто му ја мислите толку со Бога напред и се ќе е во ред.Јас бев 6месец трудна и ја запишав во градинка за да фатиме место на 13 месеци.Исто е нередон Петко на школо го пратив.Сите вака реагираа Ама јас си добив место без да се плашам и тресам.Од тогаш и купував ако не и порано
Ама со некупување ке спречите ли нешто лошо да се деси? Јас не можам да се оставам така. Јас да сум во болница а маж ми да ми праќа слики од продавница. За количка, отидовме да купиме една, гледана на слики, во живо избравме друга што повеќе ни одговара. Да ја порачав првата ке дадев куп пари и пак немаше да ми врши работа како оваа. Алишта исправ и ставив во вакум кеси. Креветчето го намонторавме без душек да не фаќа прашина.
Јас буквално цела бременост ја поминав држејки го син ми во раце имаме скали дома па нон стоп горе доле сум одела со него во раце ,јас го бањав пошто не сакаше со татко му или баба му па фала богу чувал господ.