Девојки вчера и денес осеќам од левата страна на грбот блиску до крстот како да ме боли како модрица дали на некоја и се има случено?Иначе сум 16+4.
Да се надоврзам за Кали и да ги пофалам. Јас имам труднички хеланки од таму и сум презадоволна. Не се како обични хеланки па да те стега некаде или да ти прави линии супер еластични се и убав е памукот што ми е мн битно бидејќи периодов не носам долна маица прежешко ми е ..на гол стомак ги ставам хеланкиве. Прееска му велам на татко ми ее сега те разбирам со големиот стомак стварно не ти било лесно. Убав денов, вчера врнеше малце па можеше да се спие навечер. Од комарциве мир немам, касната сум на 10 места дури и на стомак еднаш, не знам кај ме најде таму.Ама не чешам, за инат Инекциите клексан продолжувам да ги примам 2ра доза. Уште оваа доза и толку не ги примам веќе. 2ца трансфузиолози потврдија дека не е морално за мојава ситуација и ќе ги послушам а оваа доза ќе ја примам превентивно. Иначе бебка од пред некој ден почна да ми ика. Првиот пат се исплашив кога осетив одма се напив вода мислејќи дека ќе престане ама мислам дека не е ништо лошо тоа, така се развивала дијафрагмата кај бебето. Се поткрева и се спушта. Денеска еве баш сега пак ика и го оставам не пијам вода ништо не правам нека си ика.
И јас се надевам со сестрами баш зборев сега вика од тежината е не е ништо страшно.Почна да го осеќаш?
Дечки да ве прашам вие што ги осекате бебињата.. ја утре сум 16та недела и денес на два пати осетив прво од лева стана па после над папокот нешто како да ми "игра" како да ми пулсира. Дали е тоа некој нерв рецимо или е бабка?
Јас тоа Кали мислев дека е само за чевли, ме просветли тука една членка и фала и, ефтини се бодињата а преубави, со копчиња напред како бенкици. Тритекс мислсм поскапи беа. И едни шпихозни земав за 350 денари, чорапчиња дебелки 2 за 150 и хеланки за 120 денари за бебе. За икањето, мислам имам почувствувано еднаш пред 2-3 недели како ритмично пулсирање во едно место може 5 мин траеше. Ваљда тоа беше икање, не знам...во лежење го осетив и само си се смири.
Во Кисела вода земав јас во Flatiron зградата има продавница, на други места незнам точно ама има повеќе продавници низ Скопје. Види на страната на фб дали пишува, Kali shoes &textiles
Дека немам фб и затоа не го знам. Ама секако поише ми одговара да одам во продавница не сакам онлајн ич...Фала ќе одам обавезно да видам што имаат а баш бев во к вода денес кој да знаел
Не се препорачува. За болка можеш парацетамол колку толку ќе ублажи или во краен случај аналгин. Вака ми е мене кажано од доктор. Магнезиум кесички примаш? Тие ја олабавуваат мускулатурата па може ќе ти помогне. Јас пијам магнетранс кесички навечер и убаво ми доаѓа после напорен ден.
Да срце пијам и на сабајле и на вечер ама јас маки мачам со бубрези и жолчка до сега се поминуваше без ништо ама вечерва мн ме боли
Леле офф ке бидам ама убаво што ги немаш на фб. Такви глупости трескаат срам да ти е што ги читаш. Кога немаме лидл убаво е што ги носат овие аутлет работи.
Сега ми текна кои се ги зборевте тука дека тресат глупости. Ќе ги пребарам од кај некоја другарка мора да видам што толку тресат