Искрено, страв ми е со кремава, па затоа викам ај да прашам. А со брич едвај се докачувам Депилација со топол восок само на препони правам, подлабоко ужасно ме боли.
Сега саат време се средував со брич. Во Ремедика имам преглед. Ништо не можев да видам, појма немам каква сум доле
Веет ништо не вади, јас еднаш пробав. Сега пред да одам на преглед легнав на спална и маж ми ме среди со брич, нешто и јас сама се фатив со огледало. Мачно ама не одам на депилација. Некој да ви помогне за 30мин сте готови.
Ве читам од вчера за мрежести гаќи, дишење на рани, влошки.... Како бе не дозволуваат носење гаќи? Па како воопшто ќе се движиш без нив? Па нема ли да се направиш лом и ти и кревет и како воопшто ќе се грижиш за бебето тие денови додека си во болница? За царски не знам зошто би ви биле потребни? Еве јас првиот пат со царски немав потреба од такви гаќи (имав земено ама не ги користев) Раната секако беше преврзена со газа што дише, по првото станување си облеков мои гаќи и ставив обични влошки како за нормален циклус. Додека бев во болница раната ја миев и дизинфецирав со средство што ми го даваа тие, потоа раната ја лепеа со посебни лепенки за таа намена. Пред испуштање од болница ми ги извадија железцата (со такви бев правена) а раната продолжив да ја мијам и дизинфицирам и дома и да си носам обични гаќи врз неа па фала богу проблеми немам, резот не се ни познава. Тоа пред 6 год. овојпат треба повторно царски, ќе ви кажам понатаму како сум поминала. Инаку не планирам да купувам гаќи и влошки.
Јас до денот на излегување од болница неможев да се мрднам од кревет, станав само 3 пати во 5 дена. Цел ден се отварав, кога стигнав до 9цм со болки од кои се онесвестував ме однесоа на царски. Недела дена предходно бев на антибиотици пошо ненормално кашлав. Секогаш кога ќе пробав да станам се закашлував така што мислев ќе се преполовам.. Жената пак што беше со мене во соба дојде 2 недели пред термин со карлично наместено бебе, спремна за операција, а не предходно утепана од болки. Многу полесно стана, свежа беше ептен.. Затоа во цел период во болница не ми текна да се мислам дали да облечам мрежа или обични гаќи.. Само сакав да излезам од таму..
И јас после операција бев како претепана. Болки во рана, кичма, грб, гради. Нема нешто да не ме болеше. Синко крупен, гладен влече, брадавици вовлечени. Еден ден порано излегов, до толку ми беше мачно. Па и косата како ја врзав на прием, дома ја одврзав за бањање. За до веце станував само. Какви гаќи во болница. Немав сила да се избањам, се миев со помош на болничарка. И тоа едвај. Дома се препородив.
Не, јас со молење и врски излегов. Болките ми беа од тврдиот душек. Дома кога се избањав, кога легнав и отспав како човек се беше подобро.
Хахахахахахаха си се изнамачила за сите пари штом маж ти те средил сигурно обрнал внимание на секое влакненце и да имаш едно две не е страшно на следен преглед четка фризурче ќе направиш На толку удирање брич сега со ленти да се поминеш ќе мислиш дека кај и да е и детето ќе ти го извади ќе се породиш таму
Женски јас од понеделник почнувам со цтг, дали треба да земам нешто благо пред тоа за бебето да биде поактивно или нема врска тоа?