Да, бев. Денес беше ок, протоците си беа во ред. Можно било претходниот пат да било наместено лошо Во понеделник треба повторно да одам, да видиме дали ќе се потврди тоа од денеска или сепак има нешто.
Изгледа ги имам преладено јајниците стално сум во wc и мала болка имам. Што да ставам за да ми помине?
За ставање само на гинеколог. Можеш топло шише да ставиш на стомакот и да го држиш. Врз маица обавезно. И чајче од брусница. А за увин чај распрашај се. Не знам дали е погоден за трудници.
Кога си во Ремедика? Јас утре на контрола после пораѓај Со лесно на сите идни мамички. Арно пиша некој, имаме попаметна работа, посебно тие со две... Време за форум воопшто да се нема..
Јас пишав Денес бев покасно со термин, никој немаше. Кога си одев еден пар чекаше и ми падна криво дека мм не влезе внатре со мене. А вчера поручек до 9 саат било лудница, значи нема правило. Се загрижив малку ама се надевам случајно мерките така дека ми се погодиле. Бебе обично беше една недела помало дека така и е зачнато, ама денес 2 недели помало искочиии.... А вака протоци, постелка во ред е. Во вторник сум кај матичната за стрептокока и баш ќе видам како ќе го измери. Инаку уште е карлично...
Ма не помислувам на депилација. Строго брич. Други маки имам го мислам царскиот, на влакнава не помислувам Инаку да се надоврзам на муабетов за придружба на сопругот мислам дека не е фер, во Систина албанците влагаат заедно, маж ми го оставија во ходник. Не дека се притресувам следен пат не го ни земам веќе со мене ама бар нека важи за сите.
Sto mislite za cesto odenje na eho? Mnogu retko odam poradi situacijata ama ovoj mesec mi doaga na 2 nedeli zaradi vtoriot skrining. Bev na privatno no moram da pominam i kaj maticna.
Не е штетно ама ако имаш уредна бременост не мораш. Зашто да мораш кај матичната да поминеш? Јас кај матичниот само за упати одам, т.е. кај сестрата, и ги носам извештаите од прегледите што ги правам приватно, она ги копира и ги прибира во картон, а матичниот последно го видов кога бев 9та недела тоа беше на почетокот на април кога имаше карантин, он никаква заштита немаше (ни маска барем) и уште еднаш не влегов кај него за преглед.
Препорачливо е да бидеш јадена оброк,а може и благо и нешто газирано Јас отидов гладна, кај чекаш да влезеш,дремеш на кревет не смееш да мрднеш,пак кај др да го прочита и на крај ти вика нешто успано бебето,касни нешто јади благо и оди пак. Мачно е да повторуваш. И јас до пред некој ден бев со уринарна инефкција. Со општ матичен кога се слушнав ми дозволи чај од брусница,увин и цитерал антибиотик Педијатарот рече само брусница и зинат бидејќи цитералот се излачува во млекото. Најдобро да си направиш уринокултира со антибиограм и ако треба и антибиотик ќе пиеш. Јас не бев во можност да испитам,на одмор бев. Пиев по 1 литар чај од брусница и 1 литар увин и за 3,4 дена помина. Ставај и шише со жешка вода кај јајниците.
Никако топло на јајници!Провери уринокултура да не е бактерија. После ќе видиш што ти е, ќе се консултираш со гинеколог, ама топло никако доле да редиш.
Да. Строго се избегнува топло, никако директ не се реди на јајници, со жешка вода не се бања ниту нозете да се држат во многу топла вода. Членката е бремена, затоа велам да си се провери.
Епа бидна веќе, држев топло шише, и малце ми олесна. Ај не ставам веќе.. Ќе прашам утре што да пијам,или чај сабајле ќе се напијам.
Каквии се први знаци за породување цела ноќ нешто добивам повремени менструални болки во јајници ниско и уште ги имам?
Си требала да изреагираш...јас до сега што имам одено само еднаш не го пуштија мажот ми иначе до сега цело време со мене доаѓаше не знам зашто твојот не го пуштаат ми нема логика
јас па спротивно минатата недела бев во сиситина прв пат оваа бременост , само втор скрининг нели , и заради ситуацијава си седи мм во ходник а ја влагам сама , кога и сестрата и докторот двајцата викаат па сопругот несака да влезе ? и ја таква во прашалници викам незнам каква ви е постапкава тука со оглед на ситуацијава и двајцата се смеат: ако не се плаши нека влезе , демек нема никаков проблем така си го виде прв пат бебче
Албанците влагаат заедно затоа што повеќето жени не знаат македонски,нема ништо да разберат.И јас сум мнг против тоа сега за време на пандемија,но сигурно од мерак никој не оди на доктор,си имаат мака/причина па уште и ништо да не разбереш која е поентата на одењето на доктор.
Ни мм не влага на преглед. Сите се сами, само пациентки. Сега на крај не ми се ни напиња. За цтг никогаш не сум јадела посебно, па немало проблем. Да се наместам убаво и друго нема проблем. Следно во 8 сабајле имам закажано. Дека ќе јадам уште во 7 тешко.
@Dua! Протокол треба да важи за сите. @kukla21 како закажуваш цтг во Систина? Треба за 2 недели да одам, дали да си закажам преглед кај докторката?