Кога бев на преглед неделава ми кажа за 10тина дена цтг. И кажав на сестрата и ми кажа кога да дојдам. Мора да е таму докторката, за да види и потпише цтг. Да се јавиш на одделот и да прашаш како да направиш?
Мојот сопруг цело време го пуштаат со мене,и сега на цтг седеше во соба со мене и кај докторот после,не знам зошто така кај тебе
Не знам. Еве веќе 9ти месец само 2 пати влегол. Мене ништо не ми значи, само во многу ситуации кога ми требаше за преглед да ми помогне да се соблечам/облечам додека крварев не го пуштаа, седи во ходник викаа. Нема везе зборот ми беше ако веќе им е протокол за сите треба да важи.
Така е. И мене не ми е лесно без него кога треба да влезам. Некако и он ми вика ова бебе ич го немам видено. Ремедика па ептен е затегнато и кога ке се породам прашав ке го видел мм само еднаш низ стакло бебето и следно на излегување од болница. Ке издржам 5 дена ли? Сама без син ми,маж ми...? море прашав и апартман да земам џабе не оставаат. И ако некој го интересира како мене што ме интересираше што ако корона тестот е позитивен,ремедика не пораѓаат на државна ги препрајќале. Освен ако стигне тестот позитивен а процесот започнал во болницата,после породувањето одма транспорт клиника.
Озбилно? Па нели 2 нед пред термин правиш тест..која им е гаранцијата може во меѓувреме ќе заболи некоја
Па не би ме чудело ако се развијат пример симптоми при прием за пораѓај и уште еден тест да ни направат. Зборам за ако имаш негативен тест од пред 2 недели а има покачена температура или кашлица родилката.
А таа со мене во соба ако ја стават асимптоматска па ме разболи? Или јас неа да ја разболам... Не знам ич не ми штима логиката со тестот кај нив
Веројатно дека се врзани со Жан Митрев не можат тест да прават кога сакаат. Ж.Митрев има максимален бр.тестови што може да ги направи, па ако во мин до 12 им идат од ремедика, може нема да може да ги опслужат. Инаку стварно нема логика 14 дена убапред тест. Тоа и 72ч е многу, не па 14 дена.
Може и кај нив е 72 саати важност на тест. Или при прием во болница. Јас царски дека ке си ја знам датата сигурно 2 недели унапред нема да се тестирам. Кој ги знае што прават. И мене не ми е баш јасна нивнава политика
Нели претходно пролетта 2 теста правеа еден за време Цтг и еден при прием па откога ќе стигнеа резултатите ти го носеа бебето. Знам членки што се пораѓаа така пишуваа овде сеа што праат кој ги знае. Едит сега важноста е 2 недели на тестот
Се поднапнав со ремедиканциве Ја по ова се водам се сеќавам кога го објавија и викам топ и сега кога ќе одам ќе прашам и ќе им го покажам ова пошто е глупаво цела бременост водам кај нив за да се пораѓам таму
Да бе па и мене ми нема логика да те тестираат 1 или 2 недели пред пораѓај, во меѓувреме сешто може да се случи. Во Плодност им прават на прием, од крв и тоа е тоа за 10мин имаат резултат. Јас па се надевам дека до ноември ќе ги укинат овие тестирања ама мало сутра, тогаш уште може понапнато ќе биде
Па и на ГАК нели им ги обезбедија брзите тестови ама ремедика изгледа нема...и ја исто си се надевав окт сум ама тешко
Ај да се надеваме дека ќе добијат до тогаш и нема да мора да се прави ПЦР Плус и многу пари е бе, за разлика од овој преку крв...