А за сопруг на преглед и за посети, мм секогаш ме чека пред Ремедика во кола, последниве пати веќе не ни прашуваме дали може да влезе, сама одам. Среќа негова што било така, стресно му било да влегува со мене на преглед. Море, за второ има да му наплатам, не само на прегледи, и на пораѓај има да седи Да бе само он се стресира, мене не ми лупа срце пред секој преглед 100 на саат
Да бее и мојот уште ми вика Де бе што толку се стресуваш пред преглед што е толку страшно и како да не ти дојде да го задавиш...
На ГАК земаа апарат за пцр тест за 40мин дава резултат и ти го праат на прием. Јас ќе земам апартман за 2 е, 50е од ден. Побезбедно се осеќам таму него приватно. Построго е, маж не даваат да влезе у никој случај. Стварно нема потреба во ова време да влагаат на преглед мажи, тапа е ама и ти и таа после тебе ќе е покомотна. Плус бебињата после 5ти 6ти месец ги гледаат по делови цело не се гледа ја не разбирам а не па маж ми
И да не разбира секако докторите искачаат од просторија и си ги извикува кој е следен, така да што и да има може докторот да искочи и да му каже на мажот па он ќе и преведе и ако има нешто ќе праша. Си има милион начини како да се изведе тоа На ГАК за кого како е процедурата некои ги тераат сами да одат да направат плус пред 3 недели имаше случај девојчето негативно ја ставиле со некоја позитивна во соба (дека брзо искача тестот) и се заразила една недела што седела таму и сега 15 души се во изолација
Еј дечки вакво инфо е тапа муабет. Една недела она со заразена седела и тестот не стигнал и оваа се заразила....ај ве молам освен ако на некоја од нас не и се десило да не шлапаме секакви стресови пред пород. И да не се тешиме дека Чаир нема заразени или приватниве. Мое лично искуство на ГАК е дека коа дојдов итно со болки ми напраиа тест а рез за околу 40мин добив. Неверојатно строго беше, чисто и мирно.
Јас кога бев за мислење докторката ме тргна на страна ми рече оваа е сомнителна ако не е хитно оди си дома НИКОЈ не дезинфицираше после нејзе само кажа нема како да излуфтираме. Така да секој ќе отиде таму и ќе си види како е и што е никој не измислува ако тебе ти се погодило дека е чисто,строго средено не би барала апартман туку би седела со уште три жени во соба нели?
На ГАК скоро сите соби се по 2 и не се доплаќа за тоа؛ И јас имам убаво искуство, мерат ТТ, дезинфекција, податоци па потоа влегуваш на преглед؛ Сите се со маски, татко нема шанса да влезе؛ А не е коректно од доктор да казе дека некој е сомнителен ако нема основа за тоа؛ Мн непрофесионално؛ И јас работам во здравство и со сигурност знам дека тие што се сомнителни одма ги изолираат؛
Јас не сум го видела бебето 9 месеци, ваљда кога ќе се роди ќе го видам, едноставно не се врти со лицето. Поентата маж со мене кај лекар е за помош, мене со количка ме внесуваа кога не можев да одам, а маж чекаше пак во ходник. Не е во ред албанците без пардон сегде да си влагаат. Ти даваат и извештај ќе ти прочита маж после ќе ти преведе. Друга работа кога лежев во Систина бев сама во соба, ми кажаа сите се сами иако има 2 кревети поради коронава. Сега не знам дали две се сместени. Тест да има валидност 14 дена е тешка глупост. Иако после се јас на тестовиве не им верувам, не се репер. Затоа носете си маска секако кога ќе одите за породување спакувајте во ранец.
@Brpbrp Глеј...свое мислење можеш што сакаш да пишеш, а кога ме тагираш значи ми се обраќаш. Тоа ти е глупо, особено коа веќе сум решила да се пораѓам таму и коа денови се у прашање. Плус очигледно си фрустрирана од ГАК па затоа мрчиш. Идам у апартман, а зошо да не коа постои како опција? И тоа ќе плаќам за две за да сум сама што има лошо и зошо ме анализираш коа не ме ни знаеш која сум? У мојот случај, пари не се проблем, идам ради Др и анестезиолог. И ако толку е битно, тоа што ќе ги почастам +апартманот ми е поскапо него систина. Нооо тоа е моја одлука како и вашите и со среќа на сите жени ♥️
Да доле сите носат маски али али ете мене така ми беше кажано се изненадив од тоа што ми кажа не можеме да излуфтираме,а пола саат ја држеа доле жената со болки додека да дојде докторка само кружеше една сестра од далеку ја прашуваше од кога кашлаш, од кога си ваква, а мене не ми ни падна во тој момент да седнам негде,али додека чекав таква случка имав и повеќе не се ни вратив. Другарка се породи пред месец дена хитно за во болница да ја пораѓаат ја вратија да направи тест па наредниот ден ја примија два дена беше таму третиот ја пуштија само од врата седтрите ја погледнале ни за доење да и покажат ни бањање ништо упрпани сите. Државно ти е тоа на кого како ќе му се погоди или ќе те гледаат или нема да те гледаат лотарија
Само за инфо, не се рез апартман да знаеш. Јас дека побарав, ама ми рекоа дека на бокс ко ќе сум ќе изразам желба плус нема гужва и сигурно ќе има. А и ќе кажам во породилни како било, јас во вторник сум на преглед и веројатно ќе ме задржат
Ти кажуваш дека измислици се сите што зборуваат...твое право си е дали ти ќе потплаќаш доктор,анестезиолог,сестри ако имаш пари слободно никој ништо не ти вика за тоа, али да убедуваш дека било чисто средено не пуштале мажи која е потребата да доплаќаш плус апартман кога и во обична соба мажот нема да дојде бидејќи не пуштаат. Јас кажав немам убаво искуство на неколку наврати, а немам ни врски за таму али некој да ме убедува во нешто што самата го имам видено и да ми кажува дека не е така
Леле женииии...мама миа! Еднаш тука не сум убедуела ниту зборела за туѓо искуство. Секогаш има две страни нели! Јас само зборам за мое искуство, 2 киретажи на ГАК иам праено пре задоволна и од услуга и од хигиена. Исто и сега, знам што гледам со свои очи и стварно не ме интересира некој да ме цитира и побива со од некоја си што и се десило. Ја еве имам врски и со мерак ќе отидам
Маж ми со мене седеше дури одев на цтг ,а кај докторот ниту еднаш не влезе ,сестрата ни рече дека само по еден е дозволено и маж фино лепо си чекаше пред врата дури траеја прегледите .
Очигледно си решила да си тераш со тоа мислење дека само Албанците се тие кои влагаат со мажи на преглед.Не ми беше поентата тоа,туку дека без разлика дали државно или приватно протоколите важат за кого како!Еве јас сега кога бев во Чаир на цтг имаше две жени Македонки кои секако со врски заедно со сопрузите си влегоа кај докторот ,без да им се измери тт и без да се дезинфизираат,дури и си се гушнаа со докторот за поздравТоа е кај нас за жал,некој ако не е совесен самиот ,да не очекуваме дека баш ради ситуацијата или протоколите ќе стане совесен.
А да си појдеш до лекар најубаво штом ти се на 10 минути и плус деновиве викаш дека имаш болки чисто да си бидеш ти мирна сега немаш ни гужва барем
Тоа го коментирам со право зошто само тие како црева се влечат по 5 души, а 1 се прегледува. Кај матичната кога одам е иста песна, мажите се гураат на шалтер за книшка, па и чопор деца дојдени со нив па снаа па золва па тоа нема крај. Не е во ред примитивно однесување да се толерира поготово во пандемија. Мене не ми е јасна поентата маж да доаѓа со мене на гинеколог, освен во ситации каде е потребна помош. Верувам дека сегде има исклучоци, ама ете кога го спомнуваш Чаир зошто 3 пати лежев таму, ни маж ни никој не смее да влезе внатре со жена. Увек строго функционирале и секогаш кај нив има ред. Тоа што се поздравувал некој со доктор може и надвор на паркинг да го прави битно не влага во ординации никој.