Јас предходно во текот на бременоста одев нонстоп на 4-5 недели на ехо. Сега бев во 31ва и неможев да издржам зошто ослабнав, страв ми беше за детето како му влијае моето слабеење, и вчера во 33 ипол недели, се јавив и бев на приватно кај гинекологот во мојот град. Кај матичен на ехо ниту еднаш не сум била, само кај инвитро докторот, и скрининг таму. За трет скрининг не ми спомнал никој и нема да го правам. Другите скрининзи не ги повторував, по еднаш ми се правени, но само кај инвитро докторот. Да ве прашам дали некоја има поставеност на бебето со главчето надолу подолго време? Кај мене веќе 3 ипол месеци е со главчето надолу поставено и чека да излезе, глава и е во мала карлица и не променува место, левото раче нонстоп и е во мој лев препон, и тоа ми е најчестото нејзино удирање
Епа од такви што имате врски и сте презадоволни, другите што немаат се крајно маргинализирани и никој не ги гледа. А останатото што викаш дека ќе ги "почастиш" тоа инаку се вика потплаќање на медицонски кадар што зема плата од наш даноци и придонеси. Разликите во третман ги правиме ние сами, не кадарот. И јас имав луѓе таму и едвај глава спасив.
Е вакво искуство имав на трансфузиологија. Јас чекам надвор со мевот толкав идат двајца со една и оп ајде аите јуриш, па и насилни. Мм ептен се изнервира, почна да се расправа со тие на прием.
Сметам дека ова не е тема каде треба да се изнесуваат вакви националистички мислења,бидејќи очигледно ти така си настроена.Вакви примитивни однесувања има и може да има од било кого тоа зависи од човекот,а не од тоа дали е Албанец или Македонец,но како што реков ставам крај на дискусијава зошто не и е местото тука.
Искуство од Санте.... Одам јас и ги прашувам сестрите на рецепција кои се Албанки, дали може да влезе сопругот и нормално рекоа не, имаше и на врата залепено дека не смее придружба. Секако дека не реков ништо. Излегувам од преглед надвор имаше брачен пар, значи влегол и мажот Албанец и никој ништо не му рекол. Јас и реков на сестрата зошто има двојни аршини таа не ми одговори ништо. Значи нашите сопрузи ќе седат надвор, а тие ќе влегуваат и ќе не загрозуваат сите. Не е националистички коментар, туку тоа е безобразно понашање.
Епа нека си грабне албанката новчаникот и сама нека дојде да плаќа, да прашува по шалтери, а не како падната од марс, па мажот и деверот да кажат место неа. Не сум националистички настроена, само се ежам во 21 век од примитивно однесување и покорување на женскиот муслимански род. И кога е приватна болница, и јас плаќам и таа плаќа ама не е третманот ист.
Мешиња, вие што патувате во бременост што носевте кога идевте на пат? Магнезиум б6 и антиметил спремив друго?
леле буквално аптека носев со мене , тоа ми е навика кога знам дека останувам некаде повеќе денови , обавезно парацетамол, линекс или пролајф , нешто против убоди од инсекти - камагел , физиолошки раствор(солени капки за нос) и антихистамини имам секогаш , лоратидин или авил
Кај мене е цело време со главата надоле сместено левиот препон пепел ми го направи а исто и десно од папокот со нозете бута страшно е на моменти и ме боли стомакот затоа и сакам 36та да стигнам и да искача не знам дали тебе ти се случува како боцкање во бешика или често мокрење Од истава причина мм го носев со мене за да се бутне и да го даде упатот на почетокот одев сама ем ќотек ќе изедев затоа што они како во твојава ситуација се бутаа не можев на ред да дојдам па уште ако кажеш добро бе имајте осет малце за трудни жени ќе ти каже ејј извини не те видов а ти со стомакот до заби
Лелеее скроз, скроз исто. Ноџињата се десно малку над папокот мој. И левиот препон и е омилено место, и десно мава на бешика и многу често одам во вц, како да ми ја масира бешиката. Играчка и е Вчера на ехо кај главчето одвај и го видовме, земала папочната врвца и пред фацичка ја игра, неможеа да ја сликаат нормално. Шубе ми стана колку тесен и е просторот, таа со глава се вгнездила внатре па и папочната врвца ја земала, свашта си помислив, бог да чува
Хахахахаха срцка мала си нашла занимација внатре додека да дојде денот да си игра ние цела бременост немаме слика од момакот не сака да се слика за жива глава не благо,солено,кисело што се не џабе кога ќе ја види докторката страв и трепет има
Јас од 5ти месец на секои 10 минути се дружев со вецето. Ова со помалото. Ќе пукнев. А и големо бебе. И високо поставено. Навечер многу ме клоцаше. Истерав до ден пред термин.
И моево до пред месец ипол си играше со папочната. И почна многу да се преместува. Сега е свртен карлично веќе 2 недели и повеќе, може така и ќе остане... Нозете му се во препони, тоа па да видиш кога ќе се расклоца како е
Витамините да не си ги заборавиш, носев парацетамол, за повраќање едни дозволени во бременост и црн јаглен.Исто и за комарци спреј.Имам алергија на сонце ама немав ништо за алергијата се мачкав детски крем кој ми го ублажуваше чешањето. @Alishan30 и мојата беше цело време со главата свртена надолу.Тогаш и докторката рече ова бебе цело време е иста положба фаца не можеме да и видимеТолку и беше удобно што моравме да ја испровоцираме за да излезе Туку вие што сте во второ трудни или имате второ , имате ли разлика во телото ? Во првата бременост имав Линеа Нигра уште 7-8 недела сега немам.Градите и кожата ми беа потемни.На крајот брадавиците ми беа црни исто и мишкитеПа сега си викам да не ми е бебето машко па затоа немам толку пигментација или е рано
Јас се здебелив повеќе. Особено кај бутовите. И градите многу ми се зголемија. Кожата на стапалата почна да ми се суши и да распукува. Стрии ми се појавија во 9ти месец. Имав лесна бременост, ама дека големо бебе и високо поставено не можев некои работи да ги завршувам. Брзо се изморував.
Линеа немам, а имав со првото. Не многу изразена, ама ја имав. Брадавиците не ми се "прљаво" пигментирани како првиот пат. А мишките се како и првиот пат. Мислев само јас го имам тоа
Консултирај се со лекар има компресивни чорапи ама со 0 компресија за трудници и за патување..како подвезици се. Ајо е жешко времето не те прегреваат не се осеќаат нешто многу. Ја си ги имав спремно божем за на одмор ама ништо. Ако одиш со кола сигурно ќе ти завршат голема работа да не отечеш и за полесна циркулација
Не бе одвратни ми беа брадавките црни и ми се лупеа кога се породив.Исто мишките темни па си ги стругав како будала се додека не ми текна дека заради што е лето