Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    7.611
    Пол:
    Женски
    Дај Боже да ме испратиш, едвај чекам :D инаку мене првата контракција ме фати синоќа ова време, не мислиш дека многу време е поминато?
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.413
    Допаѓања:
    103.336
    Пол:
    Женски
    Шо напраи бе КИТ, ќе славиме ли роденден со бебувчево твое и државичката ни мила..... Што убаво вака да си знаеш дека едно мало бебенце се раѓа на твојот роденден, ајде, нека не има, сите денес да си се олесните, па со огнометиве од државава да си прославите :lol:
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^ни senjorita.lombardi ја нема да пише што и рекле :|
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Опааа и трудници ,ама и бебиња ни се множат, машала машала. Така така, се за арно да е само :angel:
    Кај сте бре женски , што правите :wasntme:
    Јас спиев со отворен прозор, па сега грло ме боли, херпес некој осеќам ќе ми излезе .... е така де, мир да се нема, таман работа, кај смее човек раат да е :geek:
    Вчера пиев од тоа шеќер, млеко , маргарин, ама од што е настрвив, но еве го не помогнало :$ Море да ме фати човек со еден стап, па да ми каже арното. :geek:
    Ај имајте си уубав ден, кој раѓа со лесно нека му е, кој се гушка со бебето да му е живо и здраво... а јас ќе бидам домаќинка и одам на пазар малку :lol:
     
  5. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    KiT ако те фаќаат болки не само во предниот дел, туку и во кичмата, е тогаш си почнал процесот. Нас тука ни дадоа со бр од породилниот дел и кога да се јавиме. Еве што пишуваше, па се надевам ќе ти помогне
    Да се јавите-отидете во случај на
    -намалени движења на бебето
    -ненадејна, интензивна болка во стомакот
    -крварење(кое може да значи паѓање на мукозниот чеп што го држи родилниот канал затворен)
    -протекување на плодова вода
    -болки кои се на растојание од 3 до 5 минути

    Не чекај на 2-3 мин да дојдат дека тогаш влагувашво фаза на активен пороѓај. НА 5 мин е сосема во ред да отидеш. Со лес и со убаво и за скоро да си го гушкаш бебушко. И не грижи се , ако е се во ред и со плодовата вода може уште некој ден да те тинтра бебе, убаво и топличко кога му е :lol:
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Намачкај мед на местото каде што чувствуваш дека ќе ти излегува херпес и оставај го така ,не го миј. Продолжи да мачкаш цел ден односно уште 4-5 пати и би требало да ти го смири.Со оглед на тоа дека си бремена ова е најбезболен лек.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    За херпес знам дека помага многу и прополис, да го мачкаш местото неколку пати во денот и ќе видиш многу видливи резултати, сега додека не ти излегол спречи го, не му давај ни да излезе :rock:
    Татко ми имаше на устата, на горната усна му беше излегло нешто како херпес ама не беше баш херпес, го мачкаше со херпесан мислам дека се викаше и не му минеше никако и бидејќи не го болеше, го занемари и тоа лека полека да му прерасне во еден мал израсток, како бубулица му беше и една роднина наша која е медицинско лице му кажа да го мачка со прополис секој ден по неколку пати и за 1 недела го снема, и сега не му се ни појави веќе. Исто и на мене, сега летото кога бев кај мојте на море, ми излезе исто херпес од прљавата вода од морето и мајка ми одма прополис ми даде да ставам, за 2,3 дена како нова бев. Знам дека прополисот е многу убав за такви работи, јас порано дури пиев, т.е. си ставав по 2,3 капки кога пиев кафе, за да не ме фаќаат настинки и така и беше, зимата баш се сеќавам си ставав и не ме фати ниту настинка, ниту грип, ништо. Пробај и ти за ова што ти кажувам па ќе видиш резултати ;)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    знае ли некој од да ми објасни за апартманите во чаир што како :D цена ова она :D
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Апартманите се со цена од 25е на ден(ако не е нешто евентуално сменето). Има два, нема закужување, туку денот кога ќе се пораѓаш ако има слободно, добро ,ако не во соба.
    Кај нив е добро тоа што ти е дозволено од сабајле накај 9-10 до вечер до 20-21 да имаш човек со тебе, инаку не пуштаат посета никаква.
     
  10. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Јас да си кажам дека грлото веќе не ме боли, денес поготово сум како нова (смајли штосе крсти) како никогаш да не ме болело, а не као пред 2 дена мислев ќе умирам од болка и тоа чудна болка која досега не ми се има случено :tmi: значи навистина тој што рекол во бременоста се случуват само чудни работи, не згрешил, така и кај мене, во последниов перидо само некои чудни работи се случуваат, некои чудни болки кои исчезнуваат сами по себе :o што да ви кажувам. Ајде само да не е нешто посериозно па што сака нека се случува во текот на бременоста.
    Пријатен ден ви посакувам, искористете го максимално, преубав ден за шетање или пак за нешто друго ;)
     
  11. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    еве сум :) вчера неможев да се уклучам многу изморена бев кога се вратив и одма заспав.
    Го гледаа бебето и во ремедика, докторот Хаџи Лега баш фино се испонаша, не паничеше човекот, како овие кај нас. Рече дека не било страшно не биле и двете бубрежиња, туку само едното и тоа минимално била проширена само чашката на бубрежето и дека немало оштетувања на бубрезите на бебето, е сега само треба да чекаме на време дали понатаму ке прават компликации или не, па за тоа ни закажа за 2 недели пак, тогаш ке била таму и некоја докторка Петрова, таа била специјалист за вакви работи кај неродени бебиња. Малку ме утеши докторот, и ми препорача да се породам во Скопје во присуство на нефролог, за одма тој да го земе бебето да го прегледа вегнаш по раѓањето.
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^Многу ми е мило женска. Сигурно и тебе многу ти значеле овие зборови.
    Ајде,штом е сега во ред, и понатаму ќе биде.....уживај во бременоста[​IMG]верувај во себе,со позитвна мисла само ;)
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Сењорита штом ти зборувале и зас пораѓај, нема да има мака, верувај, не е ништо страшно. Боже мој, да биде се во најдобар ред, ама па и позитивни работи има во сето ова, сепак станува збор само за едното бубреже , не и за двете.
    Мислам дека сега треба малку да се потсмириш и опуштиш. Бакнежи.
     
  14. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Здраво мешиња поздрав и од мене добро ни дојдоа новите труднички, а со лесно нека им е на тие што се пораѓаат. :lol: Јас имам едно прашање за тие брисовите микробиолошки што се во која недела ги правевте и дали ви закажуваше самиот гинеколог кога да одите или сами си избиравте кога ке одите? и тој ви земаше брис и сами ги носевте на микробиологија?
     
  15. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    па да бидам искрена ми требаше некој ваков одговор, у сегмент смири се се е во ред не е ништо страшно, и сега сум посмирена за разлика од пред некоа ден, ви благодарам девојки и вас што се секогаш тука со позитивна мисла и добар совет. :* :*
     
  16. anailisav

    anailisav Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    23
    Пријатен ден на сите трудници и ви благодарам на сите за топлото добредојде!!!!!
    Со лесно нека ви се на сите бременоста и породуванјето... :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
    Нека не има во се поголем број и труднички и мамички со малечки :sun: :* :* :*
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    да да , + си ги платив. Па и мене не ми спомнаа, ми вика треба да се однесе на микробиологија, а јас си прашав дали они носат, ми вика да, но треба да се доплати уште 250ден. А резултатите исто беа брзо готови.
     
  18. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Јас ги правев во 12-та и 35-та недела, ги пратија по курир од кај матичниот (+400 денари ми земаа) и после резултатите ги вратија кај матицниот, а тој ми ги јави.. Поздрав и :hug:
     
  19. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Здраво труднички и од мене, денес супер ден, со мажето се прошетавме посабајле,сега се спремаме за на стадион и супер ден. Имам едно прашање до вас, дали е пожелно и добро да се мачкаме доле со павловичева маст за да добие поеластичност при пораѓањето за недај боже да дојде до испукување? Оваа идеа ми ја даде мм па вика прашај ги колешките твои што мислат. Можеби е добро за да добие на мекост а :D Што мислите вие за ова ?

    Поздрав и убав ден на сите....

    Сењорита не му ја мисли многу накрај се искача супер и позитивно само смирено со позитивни мисли. :*
     
  20. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Јас мислам дека не е пожелно да се мачка доле со ништо заради иритации и инфенции, а и сега во бременоста сме осетливи на такви работи, така да одмивај се само со топла вода секоја вечер и практикувај когелови вежби, некои викаат дека се вредело, јас заборавам редовно да ги правам ама кога ке ми текне колку можам толку стискам, битно доле не мачкај ништоо за да не си направиш некоа беља. :*