За дискусијава која се води има посебна тема. Слободно може таму да се префрлите. Сите мислења кои беа навредливи ги избришав. Доколку некое мислите дека исто е такво, пријавете го, може да е пропуштено. Нема ништо лично во бришењето, ама нема потреба и да има препукувања на темава.
Женски што ви е на вас со тоа мито. Јас сум дете од докторска фамилија, цел живот дома се носело месо, кафиња, бомбоњери, пијалоци... Све е тоа знак благодарност. Зошто да не се изрази благодарност со поклон? Еве сега времињата се сменети, место поклони се даваат пари, ама се додека е гест на твоја добра воља не гледам проблем, проблемот го гледам кога доктор ќе ти бара. Секој знае дали сака и колку сака да даде благодарност. Еве на жената што ми чисти дома, ем и плаќам дневница ем колку пати ќе и дадам храна и облека, грев правам со тоа, не! Благодарна сум и, исто е и со медицинските лица исто е и со било од која друга фела да сакаш на некој да му се заблагодариш. Иако кај лекариве за живот се работи. Има жени со години чекаат за бебе, зар од душа од срце неќеш да почастиш медицински тим?! Ова е мој став.
@Dua! Не сакав да коментирам да не бидам погрешно сфатена. Не делам за мене е трудница а била албанка а македонка. Но искрено во Ремедика обезбедување само со албанци се расправа. Ај што седат во чекална со жените него ги вадат маските! Јас сега кога бев пријавив зошто седна спроти мене и си ја извади господинот маската да збори на тел, после и жена му ја извади маската...дојде сестрата исто така албанка ги виде и ги опомени. Ги опеменија 3 пати. И ова се дешава со албанците секој пат. Ние си ќутиме изгледа многу. Не може мажите-ок. Носете маска-ок... Ама што вика мм: На човек не можеш да му дадеш можеш да му земеш само...
Мислам дека ти имаше храброст да кажеш реално како е , далеку си од единствена тука што платила или ќе плати, или ако не директно бара врски, роднини пријатели, па кафиња , кесиња полни поклони, гледам што се случува, кај матични почнаа со кесињата да одат. Инаку на ГАК се најстручни па ако има критичен случај ниту ремедика ниту систина не го решава, туку ги праќа на ГАК. Ги праќаат со препорака кај кој др со колку пари.
Линеа немам, ама ме потсетивте на мишките. Баш пред некој ден се средував и ми се згади какви ми се црни)) исто и со брадавиците. И не само што се црни него и суви некако. Бљак. Неделава сум на контрола. Се надевам живо и пораснато бебе ќе видам. Неделава и јас ќе одлучам за втор скрининг..дали да закажам во Ремедика или со преглед кај матичната да се задоволам.
Проблем е бидејќи кога доаѓаш со ќесето во рака автоматски добиваш подруг третман, поминуваат преку ред, и слично, и јас сакам да изразам благодарност но може не можам да си дозволам секој преглед со вискито во ќесе, бидејќи едвај сум сум си го платила превозот до Ск.
Ама затоа велам, проблем е доктор да ти бара, али ако сама сакаш да дадеш е друг муабет. Еве за Чаир можам да речам сите ист третман добивме, никоја ништо помалку или повеќе.
За жал така е,но јас сум од тие што страшно ме револтираат искази и тврдења кои ги делат луѓето според националност,затоа секогаш алудирам на човечност пред се,без разлика за што се работи.Во глобала како народ на оваа држава горе-доле сите сме исти,свеста кај нас последна доминира.Се додека не работиме на самосвест и лично исполнување и напредување,се додека не си ги отвориме погледите и реално согледаме на работите,за жал ќе има вакви луѓе и ситуции.Исклучоци секако постојат но се многу ретки и не можат да влијаат на целината
Давање подароци над одреден износ е мито и е кривично дело. Нема нормално било! Како бе норнално го сфаќате, стварно не можам да разберам?! За ремедика не знам, ама Систина не праќа. Само ако немаш пари да те третираат таму, ќе те спроведат на клиника.
Кривично дело е ако си условуван, ако е завршена работата и даваш на твоја добра воља не е кривично дело. Правник сум, ти кажувам.
Имам личен пример од Систина , препратена трудница, така зависи колку ризичен случај, изгледа не сакаат лош публицитет ако нешто појде на лошо.
Одам и му викам докторе еве 500 еур за добро завршен пораѓај и таман е?! Не е. Затоа што се знае колкав подарок може да примат по институцииве.
Единствено од врска што би побарала е контакт со одреден доктор да ме породи. Докторот би добил само искрено благодарам на разбирањето а ќе си го почастам човекот што ќе ми најде контакт не докторот. Така правам Г6 со системот ем волкот сит ем овците на број.
Јас кај што работам имам потпишано изјава дека нема да примам подарок чија вредност надминува 10 евра. Верувам и приватниве си ја имаат таа процедура. Зошто има луѓе сакаат да однесат мекици или бонбоњери нема ништо лошо во тоа. И мене кога ми носеле за одредени празници мора да внимавам да не е над дозволено и да пријавам во Човечки ресурси.. Е сега ова шо не постои во државно не постои тоа е друго и промената на системот нема да почне ако @lemon8ejt не дала пари. Ние тука со пишанки не можеме да го смениме. Еве сите сме трудни да се потрудиме децата да ги научиме да не бидат митаџии @kukla21 на твој пост се надоврзав ама општо ми е мислењево
Јас другарка имам на ГАК што може да ме породи, па не одам таму мн добро знам како стојат работите таму. Доктори има супер, ама друго.. И кај нас на работа е така.
Ако уште не породена ти му нудиш, а он земе тоа е кривично дело. Од кога ќе се породиш и сакаш да го частиш без он да бара не е. Ако беше така до сега цело здраство ќе беше во затвор. И не само здраство, кај се образовен кадар!
Случај Ремедика, најдобар др во своја област, одиме чекаме неколку часа од договорено , влегуваме кај др таму ги гледаме луѓето кои доаѓаат после нас. Муабетов го слуша жената што ни го препорача тој најдобар др, коментарот беше а да има друга врата, и ние од таму влегуваме никогаш не чекаме, ама одиме со пити кашкавали и не знам што, приватно, државно да до нас е и јас бев лута, да не одеше ти со питите кашкавал ,ќе си влезевме сите на термин.