Сигурна сум дека вие што со таков тон потенцирате дека не давате пари и захвалници, сте истите што во кафич не оставаат бакшиш пошто ко ќе платиш кафе ти следи некој да ти го донесе Се надевам дека и покрај тоа што плаќате приватно, кога ќе заврши се добро ќе посакате бар на некој што бил околу вас во тие моменти да му подарите ситница на благодарност Јас на 9год славев роденден у Мек Доналдс, па таа што не играше после и носев благо и цвеќиња за 8ми март а не на некој што бебуле ќе го извади од мене и ќе ми го чува ден два додека да дојдам на себе. Па колку и да му е работа тоа. Ама тоа сум ја и нема да се правдам ради тоа и да убедуем некој што не може да разбере дарежливост. И замолувам админ да ми го избрише профилов или да ми каже како, стварно не се пронаоѓам повеќе тука.
Исто е и таму. Се знае до кој износ смеат да примат подарок, независно пред или после. Ние за 8ми март од градинка имавме преписка колку е макс подарок што смееме да купиме. Има лимит. Се над тоа се пеијавува.
Мешковци се извинувам што ќе Ви се вмешам во муабетот, дали знаете до кога трае ослободувањето за бремените жени и хронично болните од работните места?
Кај се пријавува? Од каде знае учителка дали е парфем 20 евра или 200 евра. Или од каде знае друга мајка јас во кесичето што сум дала. Не знам зошто уште ви е табу давање на поклони. Секогаш го имало и ќе го има. Само да не сме уценувани, тоа е муабетот.
https://akademik.mk/zabranite-za-pr...red-zakonot-za-vrabotenite-vo-javniot-sektor/ @lemon8ejt јас не дадов ништо после првиот пораѓај. Не планирам ни сега. Си плаќам прегледи, ќе си платам пораѓај, докторот ќе си земе плата и тоа е тоа. И покрај тоа што ништо не дадов првиот пат, вториов пат докторот е исто срдечен како и претходно. За итно секогаш ме примал, прегледи во недела ми правел... Како кај се пријавува. Има закон кај се пријавува. Има институцијата свои служби.
Луѓе бре кој ве тера со сила нешто? Ако сакате да промените нешто мислам дека грешите со паметување под ник на фемина мк. Ниеднаш Др не ми рекол за пари ниту ми е врска, него анестезиологот два пати ми беше на киретажа, вториот пат на 5 дена пред свадба и на женава и станав драга и она и Др се тие што мене ме прашуваа откога се преселив како сум па уште и трудна коа останав не знам зошто ама ми се радуваа многу! И после се, мерак ми е да ме породат. Они се причината што останав да се пораѓам во Мкд, еднаш не сум рекла за пари!!! Маж ми гледајки го нашиот однос, мерак му е да ги повика на кафе после тоа и да ги почасти. Ете така ми се стори "врската" за на ГАК.
Па ова е сосем поразлично од муабетот " ми се може", и муабетот дека твоето почастување би те коштало исто како да си на приватно породена. Јас мислам дека само вријат хормониве и за џабе скокнавме сите. Ако имаш плати си, колку што си сакаш. Јас сум против, но можеби зошто веќе 8ипол месеци се плаќам на приватно и таму би се пораѓала, и терапија на приватно примав и се', затоа реков не ви се мешам во вашите одлуки. Јас не би дала, но ете муабетот за кафе и мене ми стана интересен, кој го спомнавте, кафе и мекици и сокови би однесил и маж ми по пораѓај. Сега те разбрав за што си мислела. Мислам дека не сте разбрани тогаш, убаво со членките и затоа сите изреагиравме вака за "мито" Жени, како кокошки сме станале, без да ми се налути некоја со терминов. Хормоните вријаат
Сигурно мислеше ако и дадеш сваровски кристали,чивас и ред други такви работи ди се знае цената на високите работи. Друго е бомбоњера и цвеќе, а друго е како порано што се собираа пари па се купуваше златно ланче и такви работи А што се однесува до докторите имаш доктори што си ја сакаат работата и не прифаќаат подароци најверојатно се осеќаат како поткупени, а има и доктори,лекари што имаат очекувања или си кажуваат одредена сума на пари. Работата на докторите е да спасат живот,а не да очекува прво чергата да се испружи па од тоа да зависи или да молиш да колиш преку луѓе за да ти обрнат повеќе внимание. Без разлика приватно или државно работата им е таа да спасуваат животи, а ако сака пациентот да го почасти со бомбоњера од 100 денари или 1100 тоа си е негово али секако од кога се ќе заврши
И јас добивав мито на работа по едно денарче на каса и исмејувачко "почести се купи си кафе" од муштериите. И тој вишок од 20 ден макс во денот фирмата ми го зема. * 2хНескафе три во едно не е мала работа во денот
Значи има доктори кои те тераат! Плати ако сакаш да те оперирам. Ене заглавен беше еден во затвор. Јас друго кажував ама хаос настана со темава и веќе не коментирам зошто не ме засега. Што да се промени цел живот од кога знам се даваат поклони по добра воља на пациент. Ама нејсе, јас сум конзумент на приватно здраство и за мене, дете и маж, така да немам што понатаму да коментирам.
Ама истото го зборам. Едно е да ми бара доктор пари за да ме породи друго е од кога се добро ќе заврши да сакам да го почастам. Мене ми е нормално дете ми донел на свет, ако имам зошто да не дадам... Маж ми кога се породив со првото ни срам ни перде донесе виски и бомбоњера на доктор, на сестрите торта огромна им однесе и сокови, на персоналот на приемно кај што ме следеа на цтг бомбоњери, се радуваше човекот му се родило чедо. А ете на приватно се пораѓав ќе речеш се платено.
Ако и јас здравје боже кога ќе се породам и он би частел чисто од радост али друго е своеволно друго е еј еве ти 500че за да завршиш добра работа
Со самото тоа што викаш ми се може, се гледа дека имаш малку искривена перцепција. Никој со никој не се знае овде за да се фали и докажува со финансии. Не мешај фрустација со неправилен третман кој треба да биде ист за сите. Тоа е јавно здравство, земам плата и плаќам здравствено и данок за да имам ист третман како и сите други што плаќаат.
Ели замисли гордана да ти беше државно и ти со ваква високо ризична бременост не сакаш да оставаш на случајност. Седнуваш со неа и викаш сакам кај вас царски и фаќаш преку луѓе врски и луѓето ти викаат толку и толку. Што ќе кажеш кој ја мати не одам кај неа? Да тоа е најправилно. И да ја пријавам е најправилно. Ама во случајот се гледаш себе и бебе... Знам дека е крајно нефер...ама да не се прајме паднати од марс овој систем трае ли трае. За нешто да се смени се излегува на улица и се протестира дека меѓу себе ќе се окривиме тоа нема да помогне... И јас да немав финансии за ремедика да требаше државно ќе платев ако ми побараа.
Да ама јас имам пари, а оние што немаат, што едвај и за кафе и бомбоњера ќе соберат? Затоа велам различни ситуации се, едно е некој да ми бара друго е јас да му дадам зошто сакам. Некам да зборам ама еве во Чаир Исмаили е виртуоза од доктор, се тепаат за кај него. Преку 30 жени прашав ми кажаа сакаме да го почастиме, он не бара неќе ни да чуе, ама мажите му пикале по џебови. И јас тоа не го осудувам се додека доктор не е со тарифа. Тоа е кривично дело, ова другово секигаш било и ќе биде, кој има ќе даде.
Поубаво да се стекне човечноста и добриот однос отколку да се купи. Им поминуваат илјада пациентки на месец. За тие што немаме не ни останува ништо друго освен да тропнам на врата и да замолам. Од 10 луѓе што ќе ме одбијат 11тиот ќе ме прими и нема такви пари на светот или бомбоњери/алкохоли кои ќе сумираат колку сум благодарна. Сум стекнала пријатели кои можат да ми помогнат без да им платам само заради таа човечноста и надминување на фактот кој колку има или може. Бидете хумани сочуствувајте пренесете ја таа доблест на вашите деца и еден ден ќе живееме во општетсво каде самите доктори ќе излегуваат во пресрет на пациентите и надвор од својот личен интерес.
Јас платив затоа што сакав подобар третман а не сакав да платам 2000 на приватно. Тие пари во чување на матични клетки ги вложивме. Никој не ми побара пари, се е на база на честење, ама ако сакаш доктор од дома да дојде не е џабе.