Здраво женски Скоро сум 7ма недела, но вечерва ми се појавија вагинални болки како жежење и пецкање..Претходно ги немав.. Примам утрогестан од 200мг. Ме фаќа паника.. Ваше искуство? Дали има простор за паника? Ви благодарам
Сестра ми се пораѓаше кај Исмаили исто преку врски и си имаше тарифа 200-300еу ме памтам ни јас колку даде и по 50е за тие со него што пораѓаат. Може веќе не зима не викам не...ова пред 5г. Ама она сакаше кај него да оди страв и беше кај било кој дека царски. Иначе пред да ги фативме врските нејќеше ни на преглед да ја прими разбегуваше по канцеларии се бркавме низ болница... Тоа е за жал
Ок кукла ама имаш да дадеш 2-3000еу за пораѓај во систина и уште толку за прегледи. Значи вака докторов не доаѓа да ти каже Кукла дај ми 300еу. Туку збориме ако почнеш да бараш ВРСКИ за пораѓај. Врската ќе ти каже докторов си бара тоа и тоа. Значи од старт не треба врски да бараме за по државно. Кој си е на смена тој. Искрено ние што одиме приватно најмалце треба да збориме дали и како ќе пријавуваме. Затоа што е лесно вака објективно... Нека си кажат револт и став тие што одат државно
Тука си во право дека не треба да бараме врски али бидејќи секој доктор е со специјализант на смена сигурно нема докторот да ја изведува операцијата туку специјализантот,а докторот ќе дреме и ќе си зема плата и после истиот специјализант кога ќе стане доктор ќе го прави истото. Митото во државава нема никогаш да се искорени тоа е факт државно ти е бесплатно али ќе се учат на тебе затоа и сите одиме приватно за да не се учат на нас и си го плаќаме тоа
Секако има исклучоци фала богу. Има жени прекрасно поминале...ама се фокусираме на ГАК и Чаир ај да кажат за Штип Кичево Кочани Велес.. којзнае какви се условите таму па да збориме за државно и за мито. Па внук ми на 2 г со тешка дехидрација нејќеа да гл погледнат во државна на итно дури не почнав да ѕвонам по врски... ужасни се. Ако е за соте исто здравството ако сите плаќаме исто зошто не реагираат? 3часа чекаа во чекална дури не дојдовме до директор па се растрчаа...
Е тоа е различна политика на клиниките јас неколку пати имам одено во 8ми септември и немам никаков коментар зборам за ургентен најчесто и таму имаат гужви али од клиника тотално сум разочарана сигурно тука има некои што се имаат породено во другите градови ќе кажат искуства али сигурно не е сјајно сепак збориме за државно
И јас одев во 8ми на ургентен навистина е средено како приватна клиника им се собите..често примав инфузии заради болна менструација пред 5-6год.ама ги знам докторите не сум репер да зборам како примаат без врски. Така е за жал. Ама не е само МК...дури живеев во хрватска ќе речеш ЕУ земја што не се изнаслушав киретажа прават без анестезија никаква во една од клиниките. Нигде не е сјајно.
Ај добро утро жени. Да ни почне со убаво кафе и поубава мисла денов. Додека барав слика да ве поздравам ми се припи и пријаде одам во рација на фрижидерот.
Не е баш така. Не дека имам, па сакам да ги дадам парите. Зошто да дадам 2+ еур за нешто што е нормално. Искрено и мака ми е здраво, јас сум на трајанка, се јави за мене. Па следниот преглед пак. И јас за секој преглед треба да зврцкам по луѓе, па и секој да ми ја знае состојбата.. Да потплаќам доктор на памет не ми паѓа. За пораѓај, секој ќе те породи, побитно е што после тоа. Доење, бањање, пост партум нега за мене е побитно. Знаеш колку значи педијатар достапен во секое време посебно со прво дете? И секако епидуралот. Во 21 век да немаш можност за епидурал е смешно. Не дека толку немаат анестезиолози, колку што немаат однос. Докторкине без епидурал да не раѓаат? Пс. И јас имам мн убаво искуство со ургентно на 8ми. Без врски.
Од истава причина што ја наведе собирав пари за да одам на приватно. Имам познати но не салав да молам за епидурал, да се пикам на незакажано...ама да ги немав парите заштедено ќе си барав луѓе на Гак ќе барав врски за анестезиолог ... ќе барав педијатар.. се ќе барав за себе и бебето тоа е
Мене никој не ми побарал пари на државно, не барав доктор специјално да доаѓа за мене, не барав епидурал. Автоматски немам зошто да давам мито, си поминав регуларно. Нормално на државно не можеш да пребираш, овој доктор го сакам, овој не. Не е така конципирано здравството.
Последниот пат беше циркус со тие врски баш како што @kukla21 вика. Одам станувам на договорено само за да ме примат да не чекам ред дека сум на строго лежење а и нема кај да се спружам во ГАК додека чекам. Одам со крвавење кај специјалист за мислење дали да лежам патолошка или дома. Докторката и е кажано која сум и за што сум. Редовно си работи смена не сум ја извикала од дома. Арно ама две да ти биле со исто име на смена. А мене не ми кажаа презиме само име и соба. Прашувам обезбедување ме упатува. И седам на столче чекам 45 мин. Си ронам солзи од нервоза и ги колнам овие што ме убедија да одам на прво место. На крај станав и почнав да молам да објаснувам да повтарам. Сестрата еден однос ми вика ако си со крв ене ти амбуланта отспротива. Ајде ја убедив да тропнам кај докторката објаснувам ме гледа бледо. Вика ај да завршам следна си ти. Ме прими ме прегледа ме смири и објасни и пиша извештај. Си одам дома за да ми се јават да ми кажат не таа друга била. Отерав се у курац што ми се меша и си лежам еве дома. Многу бабици килаво дете. Ќе се бламирам за џабе ете ми помогна туѓинец и без врски и рекла казала.
Тоа е тоа. Кој доктор и да е на смена ке те породи. Ама нема сакам не сакам. На државно треба и акушерка да потплатиш затоа што за доктор ти требаат многу јаки врски, да седне он да го вади бебето. За епидуралот, навистина ли мислите дека има услови на државно ама они за инает не даваат? Секако дека доктор ке раѓа со врски, и вие во вашата бранша кај колеги имате предност.
Памтиш ли јас како го поминав пороѓајот во Чаир? Цела недела седев таму, триста чуда ми бараа за да донесам, демек требале, ме моткаа ме врткаа за да дадам нешто, јас тежок инат не дадов се помачив отворена 8 прсти со болки, да да на крај видат дека бебето е високо и мора царски, за да се сетам да дадам нешто бев оставена на крај да ме породат. Тие што даваа пари докторите секој ден во соба ги прашуваа како си, ти треба нешто. Јас дека не дадов ни добар ден не ми вратија. А врски имав маж ми работи со на Исмаил другар, и не ни зема ништо, не сакаше ни пари ни ништо. Тој ме породи.
Секогаш фобрите доктори се далеку од очите на јавноста истото е и кај нив тие со подебели врски и знае дека е добар ќе го молат за да пораѓа некоја а тие што сакаат да се пробијат и после како нив да бидат цело време ќе ги гледаш по ординации,ходници и сегде кај што треба да бидат али пак ќе кажам додека не стане прочуен од кога ќе се прочуе докторот ќе биде плати па ќе средиме работа или ако му е ќејф да работи денес ќе работи ако не нема никого да погледне
Жално со какви муабети се оптеретуваме, ама тоа е реалноста кај нас. Наместо да ужива трудница во последните недели и да мисли на позитивни работи, ние мислиме каде да бараме доктор и како ќе поминеме. Не секој може да си дозволи приватно па останува на милост и немилост во државно здравство, за кое не го обвинувам само медицинскиот кадар туку и целиот систем. Искрено и јас барам доктор за ГАК, пари не сакам да дадам, но кога ќе ми текне дека ќе ме пораѓа специјализант (без предрасуди) косата ми побелува, особено затоа што знам како е да си специјализант и колку на ГАК добиваат внимание истите. А за муабетот за 8-ми Септември, баш ме расположивте и ме направивте горди на моите колеги со кои сме дежуреле на ургентен.
Па не знам баш дали е така. Мене ме породи Адела Стефанија и сите што беа со мене. Не остана ниедна непородена. Позната докторка е, дежурна беше. За обичен преглед кај нејзе малку потешко, никогаш не сум сретнала да прегледува она доле во амбуланта, ниту она ниту некој од позвучните доктори на гак.
Нормално е. Цело прво тромесечие имав болки во јајници со двете бремености, дека се шири матката. Уживај во бременоста