За една инекција прогестерон депо кај матичната од 4 сестри практикантот младо момче ни 20 год ми го намести да ме боцне. Ја фати ампулата со шприц ќе ја собира а таа улјана неможе му викам земи со игла. Па виде неможе ме послуша. Иглата ја држи во мене две минути се препотив од нервоза. Па уште докторката доаѓа да го провери како ете мора да проба да учи. Па нека се учи на пензионерите и онака сите се препукани за на лекар по сто пати не мене. Ми направи грутка и бог знае дали се води лекот како што треба. Не ми е за болката ќе издржам за ефикасноста на третманот ми е. Не за џабе идам на 4 дена битно е како што треба да примам. Не го обвинувам момчето него докторката што дојде на крај дури да му рече конечно да ја извади иглата. Срамота.
Јас со млади секогаш имам добро искуство. А како знаете дека се специјализанти? Може се само млади/младолики? Две докторки доле во амбулантата личат ко да се по 20год, а всушност имаат 10 год раб искуство.
Мешковци споделувајте искуство со ниско поставена плацента. 13 недела сум и мн се плашам да не не се крени до последно. Докторот кажа дека сега за сега не е страшно но ако остани долу е ризик. Дали некоја се соочила со овај проблем
И мене некаде во 17 недела ми го рекоа истото но веќе на вториот скрининг се си беше ок. Така да не се оптоварувај, на 90% им се средува до 27 недела
Има за врски, значи ако си платиш. Дневно на државно по колку жени се пораѓаат? А колку анестезиолози има? Системот е преоптоварен, во некои градови ни гинеколог ни анестезиолог нема. Да има за секоја жена што ке раѓа епидурал ке треба многу повеќе анестезиолози од што воопшто има во државава.
Доктор со толку годишно искуство сигурно кога ќе те прегледа нема да вика па не знам ова дали е циста или не чекај да се јавам или да не знае дали правилно е имплатирано па да ти ја држи сондата едно 15 минути а ти крвариш тоа е специјализант
Одмарај девојче не се преработувај. Умерено со се. Како расте бебето и се шири матката така ќе си ја повлече постелката. Не читај интернет. Мисли позитивно. Јас имам ниска постелка и не се корегираше. Можам само да речам дека дел од причината е и што се притресував премногу. Се е во ред додека не почнеш со црни сценарија. Битно бебето да си расте правилно. Покрај се протоци има одлични бебе расте, постелката функционира одлично и веќе не му ја мислам. Ќе си го износам вака до крај не сум прва. Можеби ако се е во ред и ќе се породам природно ако не царски. Да сме живи и здрави пред се. @Brpbrp Леле ме потсети на еден од прегледите држење сонда вагинално солидни 15 мин. Почна да ме жеже местото. И ист коментар на секои 5 мин тоа ти е цервиксот. 4 цм.... после 5 мин супер должина 38мм. После 5мин да да убаво долг се гледа. Се занесе жената се фасцинира а мене ми е незгодно да речам ок ВАДИ.
исто и јас бев со многу ниско всадена плацента околу 17 недела ја видовме , ама до втор скрининг веќе се кренала не е на цервикс , цервиксот скоро 38 мм ,а ја се испопаничив сум се отварала а бе будала жена
Чекај бе па зашто така ти напраиле ако Исмаили ти бил врска? Не доаѓаше после тој исто така да те види? Ејјј ме насекира јас во Чаир планирам да се пораѓам ама немам никој за врска. Па јас ко што сум малер којзнае како ќе поминам...
Без грижи, некогаш е подобро така, ако е природен пораѓај не зависи многу од докторот, а за после тоа ден два и дома, само да сте добри ти и бебето.
Имам многу дијагнози, пред 2 години царски сум исто како тебе цел ден се пораѓав на крај царски. Сега е карлично, 36та недела сум, може нема да се сврти така да и ова царски изгледа ќе биде.
Јас отидов без врски. И недела дена си бев без врски, ми ставаа провокации за природно да се породам, во тие недела дена не се погоди Исмаил да ме види или прегледа. И денот кога имав страшно ненормални болки се отварав малку по малку, но морав на царски. Мене касно ми беа врските, кога веќе ме оставија да се отворам во 16ч се јавивме на Исмаил и рекол дека ме чекале до 19ч ако не се породам ќе ме породат царски. Не ми ни беше некоја врска. Имав болки 24часа и се отворов ама не можев природно. И покрај тоа искуство јас сум задоволна. И за второво пак ќе одам во Чаир. Е бидејќи пак морам царски,незнам дали тогаш ќе ми требаат врски. Или одам на преглед и кој доктор и да ме гледа да чекам да ми каже кога да отидам за царски. Бидејќи ми е многу брзо бременоста.
Добро тој царски може ли да побарам со целосна анестезија да ми го направат? Многу ми е језа да сум од пола надолу одземена можда ќе почнам да се задишувам. На чистење кога бев систина сите беа полусвесни јас кога легнав почнав да дишам како локомотива да се борам со анестезијата на крај виде не виде ми ја шибна цела докторот се разбудив назад во кревет не како другите што ги будеа од маса да станат.
Сестра ми беше така т.е. почнаа со таа од пола надолу па почнала паника фа ја фаќа и ја ставиле целосната. Искрено многу тешко се опорави. Не знам дали ова само кај неа беше како искуство ама и требаше 2 недели да почне сама околу бебето да функционира. Ако си знаеш дека не можеш може е паметно пд старт целосна да не ти се случи вака една па уште една. Мислам не практикуваат докторите целосна да стават. А гледам овие што се со обичнава одма за 3 дена стануваат од кревет...
Не можеш. И јас сакав целосна ми објаснија мора да го извадиме прво бебето па после ако сакаш ќе те успиеме. Целосната била штетна за бебето. И мене ми е страв изжасно ама се тешам за брзо време ќе биде готово.
во поглед на темава со болнициве државни и јас почнав да кревам паника сега веќе имам две искиства претходно , со девојчето Исмаили во чаир демек ќе ме пораѓаше (со врски ) ме измалтретираа на патолошка 9 дена од кои 3 дена по ред ме ставаше на индукција да лежам во кребет без болки и без пукнат водењак за на крај да си замине од смена па Кировски да ми пукне водењак на крај Ѓеоргиевски да ме породи ,а вискито си отиде кај Исмаили а вториот пат бев на Гак си поминав супер со врски секако зашто скоро цела бременост идев кај таа докторка и немам ни збор лош да кажам и ни пари сум дала ни ништо ни првиот пат ни вториот ....иронијата е сега размислувам и да треба да дадам нешто од мерак би дала на доктор ама да знам дека ќе те истретира добро , си викам дали очекуваа у чаир на некој дека ќе му понудам па пропадна муабетот и ме оставија така ( првородка до 42 ра недела се влечев 15 саати од моментот кога ми пукнаа водењак со болки бев до бокс ) не би поминала низ истото ако се работи за 200 е , а еве јас искрено немам да дадам 2000е за приватна болница
Дали некој знае пред брис за стрептокока колку дена претХодно не треба да се става вагинално утрогестан? или нема врска?
Првите брисеви кога ги правев матичната ми рече недела дена пред да ми ги земе да прекинам со ставање на утрогестанот.
За тие што имаат раѓано со договорен царски, пред болки , дали нормално доаѓа млекото после тоа, дали успеавте веднаш со доење?