Се уште трае прашав пред 1 недела во МТСП и јас не одам сега за сега на работа. Ми кажаа дека кога ќе има измени тоа ќе се случи на седница на влада и ќе бидеме известени преку јавни гласила.
Незнам за до која недела уште не ми кажала. 27гн сум. Пијам по 3 на ден. Ако можеш да не пиеш на гладно или кратко после нив да каснеш нешто за да немаш вртоглавици. Кај секој е различно ако не ги трпиш ни вака ни така прашај за добрастон велат исти апчиња се можеби со полесни нус-ефекти.
Dabroston gi davaat do 5 meseci, ja sabajle pijam navecer stavam. E sabajle stanuvam rano ke ispijam i legnuvam da dospijam za da ne mi se vrti. 34 nedela sum jas ke gi pijam do 36 pa ke vidime.
Само уште ова ќе кажам за докторите и си ќутам на таа тема. Јас државно никогаш не сум одела, сега ситуацијата ме натера да барам мислења. Лежев 3 пати во Чаир, сите беа префини, збор немам лош, од доктор до сестри. Исмаили ниту го знам ниту познавам таму прв пат разбрав за него, човекот 3 пати доаѓаше да направиме муабет да ме праша како сум. Ми рече ќе те породам не се секирај ако треба од Градска болница уште 3 доктори ќе земам со мене, само без грижи. Излезе сега ради коронава критични случаи не пораѓаат инаку таму може ќе одев. На клиника имав средба со Кочоски шеф на операциони сали, ниту упут имав ништо не ни знам како функционира тоа, ме прими човекот му објаснив ситуација одма ме легна да ме прегледа и после цел саат правевме муабет ми објаснуваше. Зборот ми е не ги знам луѓево, ама на човечност невидена сум наишла. На сите нека ни е со лесно, еве ситно броиме и ќе речам горнион нека не чува.
Ако се пораѓаш приватно и ако им го објасниш претходното искуство може ќе се нафатат ама мислам дека е штетно за плодот со целосна анестезија. Распрашај се на нареден преглед да видиш што ќе ти кажат.
Слободно може да си ставаш. Јас си ставав за првите брисеви и пак детектираше стрептокока. Кај мене дојде по 7 дена некаде. @eli.karameli на државно не се проблем докторите. Има одлични. Јас кажав имам другарка што може да ме породи. Ептен ми е блиска. Уште двајца можам да ги врбувам без да платам денар, а да ми дојдат во 3 по полноќ. Не е до докткрите. До после е Сами си кажуваат што имаат и кои се условите.
@Tsukinory Ме изнасмеа со тоа дека се фасцинирала хахахахахаха има има разни случаи на секакви ќе налеташ ја едната што ја начекував на смена беше нормална и беше докторка а другата се гледаше дека е млада сеуште ама мора и они да се научат на некого
Некогаш помладите подобро ќе сработат него "поискусните" Имаше во Синлаб пред 6-7г еден дечко млад очи да исплакнеш..како земаше крв не осеќаш игла дека ти става. Ем ќе си го изнагледаш..а практикант Сега пред 1м одам во Синлаб ме искасапи од што не пази брза како на лента си и цел лакт ми беше помодрен прв пат да боли.
И јас имам едно такво искуство на Бит пазар кога требаше лабалаторија да правам еден дечко само што имаше почнато да учи абе лесна рака една ништо не осетив ни да ми помодре ништо ништо и после тоа цело време него го барав