Форумов не е за поделба на националности никој тука не се приклучил за да се вреѓаме. Не е битно дали си Македонка,Албанка,Ромка,Турчинка,Србинка и ред други да не ги набројувам. Од сите вери и националности има вакви луѓе што "не разбираат". Ели не и беше намерата да навреди некого стрикно збореше за Систина како влегуваат повеќето се Косовари што доаѓаат таму,а помалку Македонци ако ме прочита малце поназад имав пишано ако нешто има проблем ќе искочи докторката и ќе каже на тој што разбира. Секоја жена што оди таму не оди и се соблака од ќејф, кога одиш на доктор религијата не можеш да ја мешаш со медицината (се надевам ме свати што сакам да кажам) Али ако има донесено одлука жената да влезе сама и мажот да чека надвор тоа треба да важи за сите без разлика на националност
@Brpbrp Незнам искрено. Јас сум крводарител од 2009година. Од тогаш имам картонче. За возачка пак ми испитуваа, имам картонче повторно. Денес маж го пратив да ми изготват извештај од нив со кр.група. И му дале. На приватно се плаќа и за испитување, доколку немаме таква листа. Па затоа со време сакав да го средам тоа. Но не е електронски извештајот, а имам видено такви . Ваљда и моево ќе го прифатат вакво како што е.
Не морам да се бранам воопшто затоа што знам дека сум способна сама да завршам се, жално за тебе што заради некои ги омаловажуваш сите жени муслиманки
Зибери не се нервирај, штом не си ти таква нека не те допираат овие зборови воопшто. Тие се однесуваат на тие жени кои што го прават ова. Мојата најдобра другарка е Албанка, и секогаш сама оди, и си завршува работа, маж и ја чека надвор. Ниту еднаш не помислив на неа, бидејќи знам дека таа не е во оваа категорија, и @eli.karameli сигурна сум дека не мислеше на таквите кои се еманципирани. Со неа го имам правено муабетов, и стварно не изгледа во ред, вакви застарани чопоративни одења на лекар, посебно кога е време на пандемија. И немој да мислиш дека овие работи ги нема кај Христијаните, ги има и на нив се однесува истово. Затоа нека не те допира ова, не се сите Албанки исти (ете мојата другарка и нејзините не се, а многу голема фамилија се), ниту сите Христијани не се исти. Секаде има исклучоци
Ако има потпис печат би требало да го прифатат ете и со картонче од крв давање сигурно не ти се сменила крвната група во текот на бременоста за некои што немаат дарувано ајде во ред ама со книшкиве мислам дека треба да е дозволено ај на преглед кога ќе одиме ќе прашаме за сигурно
Јас исто сум крводарител, за возачка ми ја важеа крводарителската книшка и не ми проверија крвна група. Утре треба да правам Кумбс и да примам Рогам зошто сум 0 негатив и баш ќе прашам дали ќе ми ја важат книшката или дали можат да ми изготват извештај за крвна група за да го носам него на пораѓај кога ќе ми треба, или ќе може да поминам со крводарителската книшка, пошо нели и на неа има потпис и печат од трансфузиологија.
Да да, мојата е од 2009г. сигурно не ми се сменила крвната група досегапрашај баш и ти и @Brpbrp па пишете ни овде, да знаеме
Да,да башка и за некој денар плус Мене не ми признаваа од возачка као од ракав биле пишувани таму кога ги менувале возачките бла бла. Па за операции што правев си извадив во ремедика. И сега ми ја признаваат
Прашав, ми кажаа ако имам од трансфузиологија извештај ќе ми го важат, затоа ме бунеше електронски или рачен треба. Ама мислам дека ќе ми го важат овој
Zdravo na site sakam da prasam pravevte li nadgradba na nokti vo tekot na bremenosta i dali smetate deka e stetno ili pak ne
Правено ми е еднаш и ме имаат во систем. Ги мрзи да проверуваат, па на секое им потенцирам. Они би пред секоја интервенција да ми наплатат.
Од возачка ни на државно не признаваат реално и јас кога ја вадев не ми испитаа многу гужва имаше и само те прашуваат за крвна група и ти ја пишуваат е сега која слушнала која не дослушнала може и ќе ти ја утнат ова зборам за после железничка медика плус мислам дека беше
Јас ја имав таа бактерија но примавме антибиотик и јас и мажот ми. И не да те плашам ама не е баш бактерија за која не треба лекување
За лапароскопија ми побараа во Плодност, однесов обично ливче од трансфузиологија со печат, не ми направија проблем.
Можеш со тоа картонче Алишан,не ти треба ново,јас имам едно такво многу одамна со печат и потпис е од трансфузиологија,и тоа го носев на породување ,а и сега со истото ќе одам.