Не е само 1, за сѐ се прават брисеви, мене уреаплазма ми излезе на последните. Едит: Мислам докторот ме праша дали сакам само еден брис или сите, јас реков сите така да и спекулум си заработив, ама нежен беше
Бев на ЦТГ имам некоја контракција (бебе е поставено централно) ама ништо значително, ми останува да чекам...
39тта.. Бев на ЦТГ нема некои посебни контракции.. инаку дома ко за беља на секои 10тина 15тмина мин имав грчеви/контракции, а кога отидов на преглед едвај една јака Ми рекоа да чекам, може и да ги снемало
Мислам дека не дава програмот 2 упати да се креираат. Мора еден по еден. Првиот да се реализира или поништи, па втор упат
Ми даде мене тогаш 2 упати Еден за Институт микробиологија и еден за тој другиот за јавно здравје исто што е во државна. Тогаш не знаевме кај ќе ми ги примат брисевите. Т.е. и претходно ми давала по 2 упати еден за синлаб па уште еден за авицена па кај има помалце гужва таму одам...
Може за брисеви се сменило нешто, мене не ми давало за брисеви или за уринокултура кога е, освен едниот ако е преглед на приватно. За во државна институција 2 па и 3 упати не ми дава наеднаш да извадам
Којзнае може и тогаш ококу коронава па смениле нешто со упатите..иако да не веруваш да се толку ажурни Ќе видам баш за следниве брисеви пак ми е во план 2 да и побарам
Девојки 10+4 сум, навечер имам болки во кичмата а денеска осеќам болка во препони, исто така имам и миомче. Дали се нормални болките?
Девојчиња, да ве прашам дали и вие што веќе имате дечиња се соочувате со истиот проблем и како го решавате. Некако не можам да се допазам од син ми, непредвидлив е, клоца кога сме легнати неочекувано или наеднаш ќе ми се фрли или ќе ме притисни на стомак. Вчера во текот на ноќта бидејќи е настинат се боревме со дување нос, кашлање, плачење па си добив една клоца во стомак. Искрено се исплашив. Не знам како да се допазам а не знам ни како да се осигурам дали е се во ред. Тешко дека ќе можам на секоја ваква случка да одам на прегледи за потврда. Како се справувате вие со вакви работи?
Мојата пази ама пак дете ќе ме ритне.Штом почне да скока околу мене се тргам во другата соба за да не ме удри.Кога ќе се потсмири се враќам.Не верувам дека на бебечето му е нешто, оно е заштитено.Тргај и бегај колку можеш друго не знам.
Колку што се сеќавам твоето синче е генерација со моето 3 години ,збори му објаснувајте му ние така правевме и добар беше викаше мама има бебе во мешето треба галам и бацам ,само зборење нон стоп треба ,а за кревање во раце не пазев си го кревав до последен ден пред да се породам.
@Ava.84 да и јас така ама има моменти кога е скроз неочекувано и не можам ни да стигнам да се одбранам, како вчера на пример. @elcezelce да толку е 3 години, на моменти ќе ме послуша го гали и бацва, ама на моменти ко ќе е разлошен или вака како сега со настинката се преразгали и само плачење, контрење, не слуша ништо. Не само што не слуша туку и за инает обратно прави. Инаку јас гледам да не го кревам толку, затоа што со него бременоста ми беше со скратен цервикс, па сега искрено се плашам од истото и пазам, ама на моменти мора како некни цела ноќ што се носевме в раце ко беше многу неарен. Искрено се надевам дека е заштитено бебето и Господ да не чува сите.
Ќе збориш ќе објаснуваш ,истовремено ќе се пазиш нема друго решение.Јас кога бев 7 недели трудна син ми фати рота ,значи тоа беше страшно во секоја смисла на зборот ама еве сме здрави прави ,мене дури не ме ни префати од него ,а цело време беше залепен за мене ,чува господ во такви мигови.
Ако сте поголеми многу зборење. Објаснување, учење на емпатичност. Исто така ако имате услови одвојте го детето да спие во детска соба, а не со вас. Јас пред 4 месеци направив детска и првото си спие таму. Не сум ја кревала од кога сум трудна, ама скрос сменивме начин на функционирање со оглед дека не оди и нема да оди до пролет во градинка. Значи седам работам со неа, цртаме боиме претежно наметнувам семејни теми, уште од сега ја терам ми помага да пуштиме машина со облеките за бебето, ги редиме заедно итн.
Дечки не знам дали тука да постирам, ашли пошто сте трудни имам појас од медикус купен 1890 у кутија ми е, јас се породив Ако му треба на некој нек ми пише порака кесе договориме за цена.
Во фаза на подготовка му е собата, планирам да го одвојам да. И јас му зборувам како ќе се грижиме за бебето, капиме, преслекваме итн. Кажувам дека не смее да удира така дека можи да го повреди бебето. Ама на моменти ете се случува .