Мојот е 16месеци. Ни знае ни разбира дека сум бремена. Не ме ни пази ми скока,ме тргне да го кревам. Исто се бориме со мрули па ме мавнал силно. Скокаше на стомак додека не ми стана лубеница смачкана сум. До сега болки сум немала фала богу. Е какво ке излези бебето ке пишам за некој месец. Ама и бебево му врајќа на ударите. Почнаа тепачките
Девојки, некока што скоро испитувала крвна група на трансфузиологија да ми кажете дали морам лично да одам по потврдата или може друг да го подигне?
Може кој било да го земе извештајот. Инаку @Alishan30 за крвната група, на ГАК не ми ја важеа крводарителската книшка. Глупости, аман. Убаво што им спомнав на трансфузиологија, ама и кај нив ми рекоа не издаваме од книшката, ај ќе ти направиме нов тест за крвна група(секако правев Кумбс, па да ми направеле од истата епруветка). Ко божем ќе ми се смени крвната група што ја пишува во книшката
Работава тешко на тие што си дарувала крв кој ќе преживее ќе зборува ако му е трефната групата добро ако не така му било пишано
Јас како што имам искуство нигде не ја уважаваат од друго место крвна слика. Чаир и Гак пред да те стават на патолошка ти земаат крв за крвна група и оние сида, хепатит комплетот што го проверуваат и за кс со црп, со тоа одма ти отвараат историја. Ремедика и Систина во цената си е вклучено иста постапка. Јас имам од Филип втори нигде не ми го признаа картонче за крвна група.
Aj за хепатит и хив сфатливо ми е, можеш во меѓувреме да ги закачиш, крвната слика исто е менлива работа, ама за крвна група?!
Мислам поради запазување на безбедносен протокол им е, демек ние ќе провериме да сме на сигурно. Што знам...
Каде? По приватниве никој не ми спомнал како дополнителен трошок, си било во пакет пресметано. Државно не сум платила.
Во пакетот е вклучено, не го плаќаш дополнително. Само пцр тестот и доколку сакаш дополнителни испитувања. Баш сега кога бев прашував за цена и што вклучува.
Фино ако смениле. Секад екстра го наплаќаат. Мене пробаа да ми наплатат за прв пораѓај и сега кога правев операција. За пораѓајот им се побунив дека нема 10 пати исто да плаќам, а за операцијата веќе си знаев Еве и тука вика не вклучува.
А кај можат да се видат овие пакети за породување од Ремедика? Илк мејл треба да им пишам па да ми ги пуштат? Знам отприлика цени, но сакам да видам и што вклучуваат.