Мене котларова ми кажа за ова со крвнава група, за ковид брисот дека се прави, дека во цената влегува ехото и цтг од 36та.. И јас барав еднаш на тел да ми дадат пакет што има во цената и таа само ми објасни. Немаат изгледа напраено некој фиксен пакет Едит Сеа го глеам пакетов од Систина што убаво пишале..овие немаат вакво
Може имаат си викам ама на мејл да не го праќаат... Докторка ко докторка ќе ги знае основните трошоци во пакетите ама се точно што влегува во пакетот сигурно нема да знае баш се да ми наброи. Ај ќе пишам мејл на официјалниот од Ремедика па ќе пишам тука ако ми вратат. Се во глава ми е дека дека порано, ама баш порано (на почеток на бременост бев тогаш) некој имаше постирано ваков ценовник со пакетите од Ремедика.
Баш види дали ќе ти пратат нешто Јас секако следен пат ќе оставам капар веќе таму и ако не добиеш ништо ќе им побарам да ми дадат. По логика треба да знаеме што има не може вака на памет. Масажи и фризери знаеме дека немаме Ама бар за прегледите да знам кои следуваат зошто на крај ќе ти рече од шашма нешто да доплатиш
за крвна група да Ви кажам имам едно ливче издадено од трансфузиологија пред 13 години и сеуште ми го важат секаде еве киретажата на ГАК пред година и нешто без проблем со тоа ливче помина и претходно и во чаир ме примале со тоа
Женски дали 75 со 94 е споен притисок ? Никогаш не ме болело глава, сега незнам што ме фати особен кај вратот и напред и ми се повраќа. Незнам дали да одам на лекар или не е страшно
И во Плодност се доплаќа, пишува во цените дека се испитува дополнително, но има членки кои правеле таму интервенции и им ги важеле картончињата. Од 2009та сум крводарител, сигурно не ми е сменета крвта до сега, извадив и од трансфузиологија извештај, баш следната недела сум на преглед, ќе прашам дали ми ги важат и ќе пишам овде за инфо.
Во Ремедика ми го важеа извештајот од трансфузиологија пред 1,5 год кога правев киретажа, за книшката крводарителска не знам зошто тогаш не ја носев, т.е. зафрлена ми беше негде по дома, па отидов тогаш да вадам крв ајде наново на трансфузиологија да ми испитаат крвна група. Се надевам нема сега пак да ми бараат нов извештај. Уствари секако @Milkiway кажа дека влегува во цена за породување па ако сакаат и 3 пати нека ја испитаат. Пишав мејл јас, чекам да вратат па ќе споделам тука за пакетите
Ми земаа прееска брис за стрептококока и ми рече матичната дека имам исцедок. Донафил вагиналети ми препиша, читам на природна база се, ги користела некоја? Јас си праам филм да не треба нешто појако да примам. А за стафилокока ауреус што ми најдоа во нос ми рече општата матична да ми пишела терапија Не знам зошто така...
Мене па не ми направија проблем со такво картонче.Лапараскопија правев на Гак лани во март со крвна група од Филип Втори.
Zenicki uste 1 mesec treba da se proodam so carski jas sum od Kicevo i tuka ke se porodam vo Drzavna bolnica dali treba da napravam pred da se porodam korona test ? I dali se plajka blagodaram
Каде ќе се пораѓаш? Нигде не наплаѓаат плус ете освен во Плодност така да и да не важи не се секирај.
За терапија на стафилокок во нос може само општ матичен лекар да ти издаде рецепт. А каков вагинален исцедок имаш?
Јас немам приметено, она додека земаше брис ми искоментира...и јас мислев дека нормално имам, не сум приметила мирис и боја...
Јас ги користев ама пред да останам бремена, убави се ама и скапички малку.Ми ги дадоа за така зголемен исцедок млечно бел кој личеше на кандида
Сигурно е кандида многу ја имаме јас и на брисевите ја немав ама докторката кога ме виде рече имаш кандида земи Микорил внатре три се и одма делуваат и после тоа долго време беше среден исцедокот