Ми се верува зашто мене ме проверија во 40 недела и бев веќе 6 см отворена.да ме провереа порано сигурно и ќе се породев порано.само чекаат они а не знам зашто.штом ижаш болки можеби се отвараш полека
Женски ми се јави од пред 1 саат болка само во десниот јајник, значи ме боли само десна страна, дали да одам на дежурен? Издржлива болка е ама си боли. Не ми е познато вакво нешто. Не верувам дека е нерв зошто баш менструална болка ја осеќам.
Јас па се си мислам дека менструални болки доле ниско болат, ако боли странично во јајници тоа не би требало да е страшно. Нека кажат поискусни зошто и јас понекогаш имам тапи болки де лево, де десно во јајниците, ама не им придавам значење. Смени положба, легни, стани раздвижи се, па пак легни. Напиј се магнезиум. Ако не пушта оди на дежурен да не ти е мисла.
Од пред 2 дена имам болка под десната града, како некое ребро да ми е изместено. Денес претерано ме боли од што може да е, дали бебе така е наместено?
Абе јас со сите вас по нешто заедничко Јас под левата града имам таква тапа болка веќе 1 недела ама ја осеќам само во одредена положба и движење на телото, како мускул од дијафрагма да е прелапнат. Која недела си? Мене не ми е сигурно од бебето, 28 сум и не е до толку горе кај што ме боли качено.
Кај тебе може и бебе да си има заземено некоја таква позиција штом си 34. Мене мислам ми е од што не спиев добро една вечер, па се разбудив со голема болка сабајлето. Како се размрдав помина, не ме боли константно, ама уште на моменти при одредени покрети го осеќам така како прелапнат мускул, дури и со прсти можам да го напипам местото кај што ме боли. Веројатно ништо страшно
Женски имам од пред некој ден болка доле кај препоните десна страна или јајник незнам.. од вчера многу ме боли, плус сега десна нога.. неможам да ја дигнам или убаво да одам..кога се вртам на спиење како во окото болка.. незнам од што може да е..
Ќе пројде ти си мислиш дека е јајникот ама може да е сосема трето зависи бебе како е поставено, јас пред некој ден шетам со мм си викам супер лесно се осеќам фала богу бебе нигде не притиска али после тоа кога рече една болка како чекорам така некоја болка во вагината не можев да мрднам и си стоев во место едно 15 минути за да ме пушти малце. Затоа можеби е некој нерв накај препон што е а ти да мислиш дека јајникот е или некој мускул
Јас ги имам примано исто имав исцедок и баш се супер за разлика од утрогестан нема флеки на гаќите лесно се стават немав некој проблем со нив.
Што напрај Ели...те пушти болката? Јас само во движење имам доле ниско болка па морам бавно и со паузи Да не си се истегнала незгодно? ( може си пишала негде а да не сум видела)
https://kiwi.mk/product/bebe-upatstvo/ Некоја прашуваше за книгава скоро, ми излезе линк од неа, па да ви ја споделам
Ме пушти дури сабајлево. Може и сум се преладила, многу седам под клима а само по блуза и гаќи, не знам што да речам.
Супер е таа,јас ја имам. Напишана е на доста едноставен јазик, за бебиња до 1 год. Исто е добра оваа вторава Мајка и дете од Младинска книга, има подетални информации и е наменета и за поголеми дечиња