Да се надоврзам на муабетот за крвна група.. кога полагав за возачка дозвола ми извадија на трансфузиологија картонче со крвна група (кое картонче ден денес си го носам со мене в новчаник) кога ми ја правеше матичниот мајчината книшка ме праша дали имаш испитувано крвна група викам да кога полагав за возачка дозвола и му го покажав картончето, ја запиша во мајчината книшка и ми рече убаво што си го имаш картончево ќе ти треба за пораѓај.. така да верувам дека тоа картонче треба секаде да го признаваат..
Сите сме за тоа дека треба да ги признаваат картончињата сепак не се од ракав тресени дефинитивно се е за пари(зборам за приватните)
На државно признаваат крвна група само од трансфузиологија. Или возачка, картонче ако си крводарител. На приватно ти го наплаќаат и воздухот.
добро жени само јас ли немам мајчина книшка , до сега мојот гениколог не ми е дадел треба ли да му барам ..
Пенис и тестиси му изникнале на моето бебе, дуденце долгата листа со женски имиња ќе почека. Нека ми прости што чат пат го завикував со женско име. Сеа машка листа ќе мора да правам. Сумамед и јас ќе мора ради бактерија. И за притисок ме отпратија...секој пат нешто ново. На три места утре ќе чекам ред за испитувања и терапии. И онда ти викаат одмарај. Е, ај да одмарам коа и телово се бунтува бебе иде нагоре, не е така страшно ко што ме преплашија на прошли преглед. 18та недела и 270 грама. Цела кременадла, дури две
ај до втор скрининг нека почека, следен месец ќе пишам во темата. Мада и јас видов пенисче и тестиси,али...да не се пишмани пак
Глупо е чуството кога ќе му го згрешат полот.Мене за ќерче ми рекоа машко.После на следен термин ми викаат : -Веќе ви кажав дека бебето е женско, нели? Јас останав Одма се чуствував како да ми го земал некој бебето Сега докторката мудро си трае ми вика на втор скрининг ќе ти кажат во октомвриМа какви и да се живи и здрави да бидат.А мене за тебе цело време накај машко ме тера не знам зошто
Јас за жабата нонстоп мислев дека е женсконека е здраво и живо, и машко е убаво. Несакам со сигурност да кажуваат зошто многу пати се греши. Мене на прв скрининг ми кажаа машко но не беа 100% сигурни, маж ми по тој повод купи патики плави. На втор скрининг ми кажаа женско, па ајде и розе патики. Затоа не се смејте ако видете слика на моме со плави патичиња, баш ми се драги, дека се првото нештичко купено за неа И јас имам плави патики, па у тон ќе сме @zhap4e радувај се, жабецот си расте машала, колку голема чоколада е сега
И мене не ми е јасно зошто чекање, зошто одлагање кога бебето е веќе зрело. Тоа исчекување и тие некои болки само изморуваат, ама тоа е ... Не сум од Ск. 39та + 3-4 дена
Полна 35та недела ќе бидам следната недела, а на преглед сум. Да очекувам цтг, или преглед со рака или рано ми е?
Секој гинеколог индивидуално работи, но рачунај ја со болки 2 дена 39та недела сеуште ме немаат проверено со рака.
мислам дека последното тромесечие не треба, а и повеќе авиокомпании одбиваат бидејќи стравуваат од предвремен пороѓај... ако ја фати трудницата пороѓај ќе мора да се пренасочува авионот да слета попатно, а тоа значи вонреден трошок и застој.
Здраво девојки...Јас ви се придружувам вчера само што дознав дека сум бремена.Плус минус 5та недела ... Не сакам да се навраќам на минатото (со еден мисед сум) Сега се надевам дека ќе помини цела бременост како што треба.Имам едно прашање дали е нормална болка во половината уште на почеток и болка во мускулите... само едната страна десната.(пред многу години имав повреда пукнат последен пршлен ) па можеби е последица .... Нормална е оваа болка или не?
Мене ми закажаа цтг во 35та,така да мислам и тебе ќе те стават со оглед на ситуација. За преглед со рака мислам нема за да не провоцира.
Се што е издржливо е нормално. Е сега радј претходен миссед ти даде ли докторот Утрогестан или нешто такво да примаш? Ако не ти препорачувам тоа..можеш да видиш дека повеќето овде биле или уште се на утрогестан или слични таблети. Мене конкретно ми ги дадоа за болка во стомак ги примав вагинално до 12та недела
Другата недела сум на гинеколог бидејќи не сум во Македонија а овде тешко да стасаш до гинеколог. Ќе му ја кажам ситуацијата како е.. Ти благодарам