Епа супер и да не ти даде ти побарај си ..ништо не е штетно Можеш магнезиум да земеш за да те пушти болката и одмарај ако можеш
За преглед со рака не верувам , твојата бременост е ризична. @KittyCat:) со лесно Нормална е болката во половината и стомакот , можеш да пиеш магнезиум.
Цтг мене од 37+ недела ми правеа, а преглед со рака кога ми помина терминот, ама јас абер немав буквално за пораѓај. Ама гледав правеа и Цтг и преглед со рака на некои порано, сѐ зависи од конкретен случај.
Јас одев на гак, кога отидов на прв преглед во 36та недела очекував цтг и преглед со рака. Добив само ехо и препорака ако добијам болки или крварење да се појавам на преглед. Ми рече за 3 недели контрола. Следната недела 37ма на моја иницијатива се појавив пак. Беше млада специјализантка,прашав за преглед со рака,ме провери, вика 1ипол прст отворена и ме прати на цтг. Следната 38ма пак одам кај првиов доктор ми прави само ехо му кажувам за тоа дека ме проверија со рака 1ипол прст отворена ми вика ти ако се отвараш ќе имаш болки. Му го покажувам цтг од 37ма недела, се развика на сестрата зошто ме пратиле да одам,после 39та се правело. Ама еве ако сакаш оди сега направи (во 38ма). Си добив болки и се породив 39+1а требаше на контрола да одам 39+2, го зезнав докторот Така да,на гак за цтг и преглед со рака треба малку да се помолите. Според мое искуство.
Бев и во Ремедика во петокот и вчера кај матичната во 36та, освен брисеви и ехо немав вагинален преглед ниту цтг
Во ремедика ќе се пораѓаш? Па од кога ти закажаа цтг? Мене ми е закажано Цтг во 36та недела ... А брисеви треба пред тоа во 35та кај матичнава да правам
Не, во Чаир, оскудација, шо да праиме. Мечка страв мене не страв На 4ти уште еднаш ќе се видам со докторот во Ремедика, дека во петокот го гледаше 2 недели помало па виде дека се загрижив и ми рече да дојдам уште еднаш да го провериме. Може и цтг ќе искористам тогаш...
јас ич не верував во муабетот на докторката пошто, уште во 10та недела кога бев кај неа ми рече женско било според чукањето на срцето. Втор пат бев во 14та недела, исто рано за да се знае. На зезанција си правев хорарна карта (астрологија) шо ќе е полот...и испадна машко. Така и муабетот на докторката за женско ми беше...сите околу нас викаа машко е сигурно пошто ид мене и невесте не можело да се створи женско демек таква енергија сме биле. Што и да им значи. Јас си посакував женско, али и машко мамино мезимче ќе е арно јас имам купени машки и женски стварчиња што уште во декември требаше да ги дадам ко поклон за три бебиња на братучеди. Ама те патував, па се разболев и ме држеше долго...па фати корона и деца пораснаа,не ќе им се точни сега бебе ќе носи))
Ме збуни дека рече во Ремедика си била а мене веќе закажано и затоа викам зошто различно... Цтг ремедика не ти направиле дека не си кај нив. А за матичнава па побарај си упат и почни си лека полека.. Нема страв и ја се тешам така
Се редактирав погоре, може во Ремедика ќе искористам, ако им речам ќе ми направат... сепак две бремености истерав кај нив, па и ќе си платам ако ме копка како е... За Чаир прво да видам со бактеријава и исцедокот, а и резултатот од брис за стрептокока да го добијам, најверојатно од 38ма недела ќе им се појавам...
Ви благодарам на сите за одговорите, вагинално сигурно ќе ми се мери цервикс, како и секогаш зошто ми е скратен. За преглед со рака, може и нема да има потреба, у право сте, да не се испровоцира нешто, за цтг изгледа врз основа на ехото па ќе ми кажат дали треба. Ај ќе видиме следната недела @Mantub дааа, брзо лета времето. Како што ми е збоктисано лежењево, со душа чекам, веќе да дојде денот. само нека е се како што треба.
Еве ме паак ))) Желето на тоалетната почна да го има. Дури сега веќе не знам што да очекувам Кај мене се падна негде 4та недела кога бев и тогаш ја имаше само постелката и веќе кога требаше да отидам како за 10ттина дена, го видовме плодот и срцевата реакција.
Одлично. По моите пресметки треба да сум некаде 5 недела (според менструација). Утре одам на преглед и верувам дека нема да спиам вечер
Мислам дека е рано, немој да се разочаруваш ако не слушнеш срце се уште. Јас кога се јавив само што открив дека сум бремена, ми закажаа преглед после 2 недели некаде. Тогаш слушнав срце, во 7 недела. Се чудам сега како сум си седела лабаво..
Хахах јас осекам дека сум бремена. Правев 3 тестови на првиот линијата беше ептен бледа и постепено се повеќе се познаваше. Денес од нетрпение пак направив линијата ептен видлива, па затоа се плашам