Исто и ја Чекај што си се забрзала имаме време ..ќе се породиш ќе почне паника да ме фаќа.. Рано ни е уште
Ма не знам што се случува ноќно време, одеднаш болки некои. Плус јас знам дека порано ќе ме пораѓаат, не брзам нека седи колку што треба, ама се гледа крајот веќе
@eli.karameli ете ги чувам јас за пред пораѓај да ги депилирам, а ме јадат срамови таква несредена па и на ехо кога одам. Мислам одма растат вака бричени. Друго е кога си депилиран. Ко ќе помислам болничар да ме средува одма ми се лоши. Па и на суво.
Назад ни е орото, затоа А се водиме по тебе, кога ќе кажиш дека си породена ќе не фатат и нас бубачките, дека ни се ближе терминот Едит: пардон, сега проверив, после мене си била ти на листата. Но немора да значи, секој може да подрани. По кукла ќе се водам тогаш
Како мене што ме фати неспремна 10 доктори може и толку сестри ме видоа таква После ко ми дојде со бикчето но само горе ме помина и на суво секако
Jaс чекам вие октомвриските да почните да се пораѓате за да почне да ме фаќа паниката вака уште не сум свесна дури на моменти и заборавам дека сум трудна
Ајде тука секој да си го запази редот каде се залетавте да рајѓате. Шала на страна седете мирни бебиња. Рано ви е Што знам јас сум за што повејќе да си седи кај мама. Дали со првово дека 37ма недела,па некако не ми беше зрел сакам подолго да седи ова бебе. Ама па ова бебе како тргнало и батко ке го претица. Јас цтг ке почам на 34та недела да правам може дека е 3 недели понапред на ехо бебево... незнам а тоа е за 2 недели. Некако не сум спремна да родам. Царски ке го знам датумот секако порано но не ми се рајѓа. Мене ке ме праша аха да. @Milkiway @Lovebug01 за бебето се доплаќа ехо на колкчиња и скрининг за слух некои 2000 ден без ваше барање,а крвна група ако има потреба тоа плус се доплајќа но ако си побараш или ома потреба. Секако ке ве прашаат Гледам нанзад за тоа пишувавте @kukla21 ај не брзајте. Седи тука заедно во бебе ке се префрлиме
Ај да ве орасположам гледам сте се растревожиле... Идам јас денес конечно во цивилизација малце да се социјализирам после месец и пол дома прездивена. Не на шетање на заболекар. Ама лекарот ми е многу убав знае и маж ми дека го шмекам. Кога бевме дечко и девојка со мм и првпат бев таму си го завикав доктор зајко. Од последен пат кога бев 3 години поминаа. Викам еј супер сум го натерала оној ден мм да ме избричи ќе облечам фустан да заличам на жена/госпоѓа. Додека да стасам на столче заборавив и дека заради забоболка сум тргната. И така си се фрцкам весела завршуваме работа ме испрати со лесно вика се најубаво. Абе само да го гледаш ти се пунат батериите. И да влезам во кола префрлам нога кога што да видам. Толкава линија на сред лист нога нефатена со брич... се мазно само тоа два сантима мустаќ. Да се разбереме не дека по нозе ме гледаше ама се усрамив. А и овој мојот ме оставил обележана. Срамота
Хахаааа и јас си се посмеав убаво пред спиење Истото го помислив што и @Alishan30 , маж ти намерно ти оставил мустаќ хахаха
Јас бев сама дома месец дена и последните недела-две почна да ме мава во психа, исто и јас, на секоја болка си викав готово, се пораѓам! Се будам едно сабајле жива вода испотена и прва помисла ме беше дека ми пукнал водењакот.
Леле цениве во Ремедика и Систина скоро исто како тука. Јас си плаќам приватно затоа што сакав да си одберам наша докторка, а осигурањето не ми ја покриваше таа болница. До сега се што платив 50% осигурањето ми врати. Иначе и јас имам фобија од тоа да ме фати додека не сум издепилирана и само правам пресметки кога да идам за колку време ќе ми пораснат Туку да ве прашам кога почнавте да купувате за бебушките? Јас само од мерак имам купено неколку работи и си викам цело време рано е. Имајте убав ден
Сите истата грешка ја правиме. Цело време викаме рано е, потоа пак мачно е Совет од мене, ако поминал вториот скрининг почни си полека да купуваш, ем нема да е сѐ набрзина, ќе имаш време да си најдеш тоа што сакаш па и на попусти ем во помалите месеци полесно е за шетање Еве, јас сега 35 недели нити сум да ме гураш нити да ме водиш едвај седам, не па да шетам по продавници. Кога сум овде да се пожалам, што ми требаше сабајле барајќи нешто во кујна да клекнам Мислејќи полесно ќе ми биде отколку да се наведнам, се зафркнав Како разлакатена сум сега, сѐ ме боли, половина, стомак, дури и исцедок имам (тоа од мисли сигурно)
Планирав ја таму 8 месец, почеток на 9 . Викендов има попусти до 90%, се мислам да идем да видим нешто ама ај реков да прашам да не е рано. Поминав иначе и втор скрининг.
Леле жени 10 саат фати а уште никако да се расонам. Како издрогирана се осеќам. Дали дека олади малце денеска абе одвај очи држам отворени. А бебенцето од вчера ми е исто мирно си клоцка ама поретко нема турбуленции. Обично еден ден одмарам еден ден фудбал игра. Сега два дена одмор некако ме загрижија да не омалаксано и тоа нешто како мајка му. Не ми мрда многу. Незнам дали да звонам кај матичната да прашам? Или да су почекам за 5 дена сум на преглед ГАК.
И тоа треба да одмара јас и по 3 дена воопшто не сум го осеќала па после ќе се појавеше со благи удари па со посилни и кога ќе дојдеше денот за ехо да го видат пак жив нигде го немаше ни да тропне малце да каже јас тука сум