Ах мрза на мајка од внатре колку ме загрижува на моменти па тек од надвор кога ќе излезе. Ќе ни требаат 9 животи како на мачки за да преживуваме кога ќе ни ги скратат накратко. Сега ми е јасно зошто се притреасувале толку моите на лудориите и многуте повреди со брат ми кои ги износевме како бебиња и деца.
Не е рано. Јас почнав после првиот скрининг затоа што тогаш дознав пол. Бабите купуваа а јас си докупив што ми треба. Во трето тромесечие влегов спремна. Ден пред пораѓај бев на кафе, подвижна бев ама не е исто во 5 и 9 месец.
Така е еве ми останаа некои ситници 8ми сум се мислам како да одам. Па само на мм му покажувам слики што можеби ќе ни треба за да знае да и да знае кај има да се купи. Ама мислам секогаш нешто ќе фали
Женски притисок 130/90.Јас се чуствувам како и вообичаено ,не осеќам некоја разлика малце сум попоспана само.Исто последниве 3-4дена имам отоци на нозете ама тоа го препушувам на тоа што седам подолго време бидејќи уште од дома работам.Не знам дали да се слушнам со матичната или да почекам до вечер ,на цтг сум во Чаир.Инаку денеска полна 39та недела.
Ме фати смеа па да ви кажам дур ве читам со купување на облека од кога сте дознале пол. Со мене во Чаир лежеше женичка ја спремаа за пород албанка беше, многу ја жалев, шеќер висок имаше нон стоп доаѓаа да ја боцкаат притисок висок, и нон стоп на ехо ја гледаа бебето 4,500кг. Влага во соба еден ден рика плаче се треска од земја, јас се вознемирив на најлошото помислив дека и кажале станувам и викам смири се викам по сестрите, и таа станува и ми вика, абе све за девојче купив 9 месеци ми велат девојче е и сега ми вика докторот абее какво девојче машко е ајде ма и викам само живо здраво да биде, она вика ама 4 машко ми е, мислевме ќерка ќе добиеме. И стварно се породи со машко. Маж и луѓе ќе пукнеше од радост. И така во последн минута свекрвата и смислила машко име, зошто таа крштевала деца, така ми објасни женава.
Јас за второво мислам дека ништо нема да купам, колку алишта од дадата ќе има, ехеее до 2 годинки опремена е Ама само шлапам, знам дека на следно одење на шопинг за ќерче, ќе се надигам бебешки алишта. То сам ја, шопахолик за децата, а ја со скинати хеланки некни на работа си дојдов арно г’зот не ми се глеаше, бруки живи сум Од утре 17таааа, едвај чекам од следна недела да кажувам дека сум 5ти месец Ќерка ми е нестрплива за бебе бе,ќе си препукнам од радост. По цел ден го гали,гушка и бакнува мешко и ми вика “мамо кога бебе Љоде,ти давИш цицо да пие мЉеко,како Љас кога беше бебе”? се надевам нема да ми се нурне пак и да бара наново Дури грев ме фаќа за неа, како јас со бебе по цел ден на цицка,ами она? Јас го сакам целото време на свет со неа, вака ептен црвот ме јаде.. Петко уште нероден,јас..
И јас купувам од после вториот скрининг поинтензивно Првите бодиња ги купив 16,17 недела кога бев Не е рано никогаш, баш ако е прво дете и кога мораш се да купиш, многу трошоци се наеднаш ако ги дадеш во 8 месец. Вака секој месец по нешто, нешто ние, нешто мајка ми, сестра ми, јатрва ми (за свеки уште рано е, она ќе чекала во 9ти да влезам па да купела нешто ) Во главно опремени сме со големите работи, уште кадичка, постелнина и козметика ни остануваат. Ноември ми е термин
Контролирај почесто во текот на денот. Одмарај во затемната просторија, пробај да се опуштиш и ако видиш дека нема да издржиш до вечер додека да одиш на цтг консултирај се и со матичната за секој случај. Со лесно, уште малку фали да се гушкаш со малото
Кутрата како мене,јас исто така за женско сум опседната. Ама рековме до 3та среќа ке одиме. Ако не маж менуваме со @LadyC Не менувам син ама сакам керка.
@eli.karameli вистина да е здраво и живо ама нејќам да замислам кој шок е тоа пред пораѓај да ти кажат дека носиш друго од тоа што знаеш плус труднички хормони како што маваат во тој момент, бегај аман не дај боже Когс сме кај хормониве луѓе, значи ако се изнервирам за некоја глупост мислам дека можам да полудам! Вчера со мм се 'каравме' што да гледаме на тв, он не попушташе и јас почнав да се тресам ко луда и солзи да ми идат. Не сум била никад таква. Само да не ми остане за стално
Девојки имам едно прашање во рана бременост сум 5 недела некаде и +- нешто... Имам кселини ајде то го сметам за нормално заради тоа што и првиот пат ко забременив ги имав.Е тогаш имав пецкања во левиот јајник а сега немам дали е нормално тоа или не ?
Колку пораѓаи со царски максимум може да има една жена? Баш дека Хепи спомна сеа до 3та среќа ќе оди, ми текна да прашам. Максимум 3 се така ?
Свекрвата плачела на цел глас кога и рекле машко. А тој златен еден душичка среќна сум што го имам во животов. Да беше женско ќе сменев екипа жими се. Сега двете фамилии прегорени за женско внуче. Ги зезнавме со син ми. Ако нека има мала копија на маж ми ќе го сакам за сто животи.
@Lovebug01 и јас вчера како тебе, кај ми текна го пратив маж по корпа за во детска и сто пати му објаснав со капаче кое се лула да се отвара, тој ми земал со обичен капак кој треба рачно да го отворам. И кога повишив еден тон, па цркам, како сега, бебето ли да го држам дур го облекувам, дали капакот, зошто пелени ќе фрлав внатре. И тој ме гледа, и изненаден ми вика "алооо, што ти е со испадите, ќе ти купам нова корпа" Јас како навиена, 10 мин зборев ли зборев, ко луда и почнав да се смеам на крај зошто како лудача од страна изгледав, а тој само ме гледа изненадено и ќуте Не се препознавам каква сум станала
Кои докторки од Ремедика беа за втор скрининг? Баш и сестрата кај матичната ми препорача, ама ради хаосот со триста глупости истовремено, меморијава ми е...Котларова ли,?
Котларова и Афродита Стомнаровска,јас кај Афродита закажав ,јави се уште сега јас пред една недела се јавив закажав за 9 ти кај Афродита само тој термин беше,а кај Котларова прв слободен на 17 ти септември .