Најголем испад за сладолед ми беше. И тоа пред 4ри дена. Бев на инекција и на враќање од едно место стално ако работи по две/три топчиња ми зема. Нормално само три вкуса ми се омилени. Ама има редослед прво место вишна па енерџи и на крај ако нема од двете јаболко зелено. Сите се кисели такви сакам. И три пати му напоменав за вишна прво да праша. Чекам во кола и го слушам вика прво зелено јаболко. Ми се стемни. Го носи и кога почнав да се дерам во кола. Цел пат мрчев. Како не ме слушал како не му е битно како не ме пазел....На нос му го извадив ама битно го изедов. На крај човеков виде не виде вика добро ќе свртам круг со кола јади го овој ќе паркирам пак за вишна. Ама неее драма квин беше на сцена нема репризи.
Лелеее баш сме за тема нова со испади, се изнасмеав за сладоледот, а иста сум, урлам без потреба, па се смеам до подмочување, па трчи менувај гаќи. Лу Ди Ло п.с. заради смеење до подмочување мм ми рече дека кога ќе сум остарела сигурно ќе се помочувам, немало шанси пелени да ми ставал, одма ќе ме сместел у старечки дом
@Alishan30 ти се верува дека оваа бременост и мене ми се случи да се подмочам исто како на филмовите. Не сум верувала. Се возиме со маж во кола и нон стоп му се дерам, пазиии дупка пазии се тресе детето, вози споро и одеднаш му викам абе јас се помочав, он ајде уште малку сме дома издржи, јас таква не не се помочав сега тука во кола, на седиштето  кога му викам немој по дупки. Абе луѓе циркузи е ова друго стање.
Треба кегелови вежби, а ние со нашите бремености не смееме, бебе притиска на сфинктерот и затоа се случува. јадни мажи, како ме трпи- незнам
Ако имате сега испади, тек кога ќе се породите, знаеш што ќе биде! Тек тогаш хормони ко ќе ве спукаат. Чим не се разведов со мм тогаш, се ќе преживееме!
A мене кога ме фати манија за дињи. Има еден човек продава дињи на пат до дома и застанав да земам убави ми се видоа. По 20 ден една беше му викам дај ми 2(толку можам да изедам пред да сменат вкус) и ми вика човеков ќе ти дадам 3 за 50 може? И јас среќна дека зделка сум направила викам може ајде.Само што се свртив лакомштината во мене проработи си викам со умот море дај да земам уште штом попушта на цена и му велам може уште 3 за 50? Може како не и ми спакува. Влегувам дома со 6 дињи и мм ме гледа бледо и се смее вика што ти стана со дињиве човече да не мислиш на диња да си цела недела А јас среќна му кажувам ама како овие динчиња нема, па и плус ефтино ме фати.
Од која недела фаќаат будалите?))))) Јас уште сум релаксирана, дури и невестено ми вика не било нормално да ми е нормално и да не се изнервирам што секоја недела седам бар еден ден пар саати некаде на клинички Квин бе))))))))
При крај на второ тромесечие почнаа кај мене и од трето е почесто Никогаш не сум урлала вака, за банални работи, ко две свекрви сме дома
Да кивнам се подмочувам. И одма викам по мм донеси гааќи пак ми протече. Се смее носи кутриот ме преслака. Велам ако учи ова ти е пример како после со син ти. Друга работа а ме насмее нема задржување гасови како се смеам така гулапчиња пролетуваат од што го стискам стомакот а сум подуена ко буре. А овој уште толку ме закача вика а компресор си станала ко на автобус вратите воздух испушташ од зорт. Може да се рече дека забрането му е да ме смее во јавност. Ко издишан балон сум на моменти не се знае ни од кај цури ни од кај дише.
Тука си во право, и ние бевме пред развод први 6 месеци. Викавме детево ни го упропасти бракот. Кога ќе ми текне какви кавги за глупости сме имале... Ама како ми се ближи термин почнуваат пак бубачките да ме фаќаат, ќе биде иста песна
@kukla21[/USER] @eli.karameli не сте испукале дури сте биле трудни Ние сега за се што имавме се скаравме и веќе нема за што да се караме се расчистивме
Ааааа чекајтее.... ке видете тогаш што е испади. Дека он може да се тушира раат,на работа е среден,дотеран. А ти потиш,ништо не те собира,коса паѓа...цицките болат. Бебе гладно,па грчеви. Па сакаш да отераш се и тоа не е се
И јас викав така дека нема да купам и се изнакупив сега на крај... Исто за деца секогаш купувам повеќе, а за мене ништооо. Моево синче не е свесно што ќе му се случи за месец +- ... Тешко мене ќе биде
Аа тоа сигурно ќе има нешто...ама па и за тоа веќе се имаме скарано. Дома 24/7 од коронава, се потам, ништо не ме собира веќе, а он дотеран среден иде на работа и ќе дојде па ќе заспие и ја уствари цел ден сама... Дури си викам боље со бебе бар ќе сум зафатена Нит кафич нит ресторан нит прошетана. Освен до кај мојте еднаш во 2 недели на 1-2ч никаков контакт... Си се ижалив ама така е ме утепа коронава.